Топ 10 најбарани изданија за деца и млади во „Литература.мк“ во јануари

Популарните пиши-бриши вежбанки за најмладите: „Животните од Африка“ и „Животните од Австралија“ се најбарани изданија за деца во „Литература.мк“ и во јануари. Овие интерактивни дела, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, неколку месеци се на врвот на листата со најкупувани книги за деца.

Во континуитет, голем интерес има и за книгите од серијалот за Исидора Мун од авторката Хариет Мункастер. На почетокот на 2022 година најпродавани се новите книги: „Исидора Мун оди на свадба“ и „Исидора Мун оди на одмор“. На листата следува лектирното издание на детскиот класик „Грдото пајче“ од Ханс Кристијан Андерсен, кој е дел од едицијата „Лесно читливи лектири“. Високо на листата за најкупувани книги е првиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер од Џ. К. Роулинг, „Хари Потер и Каменот на мудроста“, а голем интерес има и за другите делови објавени од „Арс Ламина“: „Хари Потер и Одајата на тајните“, „Хари Потер и затвореникот од Азкабан“, „Хари Потер и Пламениот пехар“, како и „Хари Потер и Редот на фениксот“, кој неодамна излезе од печат.

Во продолжение е целосната топ 10 листа со кусите содржини за најбарани книги за деца и млади во јануари во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку http://www.literatura.mk.

1. „Животните од Африка“ и „Животните од Австралија“

Хит-изданијата од полиците на „Литература.мк“: интерактивни пиши-бриши вежбанки со маркер „Животните од Австралија“ и „Животните од Африка“ и во јануари беа број еден избор од изданијата за деца. Овие едноставни и забавни активности, подредени по тежина, ќе им помогнат на децата од предучилишна возраст да ја вежбаат раката, да се навикнат на приборот за пишување и да стекнат самодоверба во првите чекори во цртањето и пишувањето, преку: почетно пишување на разни видови линии; слободно пишување линии; развивање на фините моторички вештини на мускулите на рацете и прстите; можност вежбата да се повтори повеќепати и детето да се коригира самостојно. Оваа вежбанка е реупотреблива. На нејзините страници може да се пишува со маркер за бела табла (пиши-бриши), а се брише со марамче, обична ткаенина или сунѓер. На тој начин децата можат да се навраќаат на активностите повторно и повторно, што им овозможува градење на самодовербата, но и долготрајна забава.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://bit.ly/3wZeHH4

2. „Исидора Мун оди на свадба“ и „Исидора Мун оди на одмор“

Двете нови возбудливи книги за авантурите на Исидора Мун, илустрирани и напишани од Хариет Мункастер: „Исидора Мун оди на свадба“ и „Исидора Мун оди на одмор“ се најдоа на втората позиција на топ 10 листата со најбарани книги за деца во јануари. Што треба да се знае за Исидора Мун? Таа е тотално уникатна. Мајка ѝ е самовила, татко ѝ е вампир, а Исидора е по малку од двете. Нејзино најверно другарче е Розовото зајаче, кое оживеало со помош на магија. Исидора живее во свет помеѓу магијата и реалноста. Оди во „обично“ училиште и се дружи со деца без магични моќи. Секојдневно учи нови нешта и заминува во многу авантури, придружувана од Розовото зајаче. Во книгата „Исидора Мун оди на свадба“ Исидора ќе биде деверица на свадбата на тетка ѝ и мнооогу е возбудена! Но, откако нејзината палава братучетка ќе замеша прсти со малку волшебни палавштини, денот што треба да биде посебен, нема да тече баш како подмачкан. Може ли Исидора да се погрижи да има среќен крај?…

Во книгата „Исидора Мун оди на одмор“, пак, Исидора освојува неверојатен одмор за целото семејство. Но, ќе треба да се фати за работа кога таа и нејзината другарка, сирената Марина, ќе најдат желче во неволја. Дали Исидора може да му помогне на желчето да се врати дома?

Книгите се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

„Исидора Мун оди на свадба“ – https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14729

„Исидора Мун оди на одмор“ – https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14496

3. „Грдото пајче“ од Ханс Кристијан Андерсен

„Грдото пајче“ е една од најпопуларните и најубавите бајки од данскиот баснописец Ханс Кристијан Андерсен, која со генерации им се раскажува на децата ширум светот. Ова е трогателна приказна за пајчето кое е отфрлено од другите пајчиња и птици затоа што е грдо, па заминува во светот за да најде некој што ќе го сака…

Својата најпознатата бајка Андерсен ја создал во 1843 година. Оттогаш важи за една од најзначајните приказни за деца, со силна порака и поттик за младите читатели. Оваа бајка претставува еден вид на биографска бајка, затоа што и самиот имал многу тежок живот. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е дел од едицијата „Лесно читливи лектири“ и е направена по стандардите за дислексија. Таа е дел од лектирите за основно образование.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13531

4. „Хари Потер и Каменот на мудроста“ од Џ. К. Роулинг

Првата книга од серијалот за Хари Потер од Џ. К. Роулинг – „Хари Потер и Каменот на мудроста“ – се најде на четвртото место на листата со најпродавани книги за деца и млади. Еден обичен ден во домот на Дарслиеви, на Привет драјв, бр. 4, стигнува писмо за момчето во креденецот под скалите, Хари Потер. По многуте обиди на тетин Вернон да ги скрие писмата што постојано доаѓаат, една вечер на вратата се појавува Рубеус Хагрид од „Хогвортс“, училиштето за вештерство и волшебништво, и му вели на Хари дека е волшебник. Тогаш почнуваат авантурите на Хари и неговите пријатели, но влогот е голем − целиот волшебнички свет е во опасност.

Инаку, 2022 година, во светски рамки, ќе помине во знакот на Хари Потер. Со низа настани на глобално ниво, се одбележуваат 25 години од објавувањето на првата книга – „Хари Потер и Каменот на мудроста“ (објавена на 26 јуни 1997 година), како и 20 години од премиерата на првиот филм базиран на оваа книга.

По повод јубилејот, почнувајќи од февруари, на различни локации во светот (училишта, библиотеки, книжарници) ќе се случува Книжевната ноќ на Хари Потер (Harry Potter Book Night 2022). Вештерки, волшебници и стапчиња од целиот свет се поканети на волшебно патување со магични игри, изработки и активности. Овој настан се организира по осми пат.

„Арс Ламина“, како носител на авторските права на книгите за Хари Потер, се приклучува кон светското одбележување на четврт век од магијата на Хари Потер. За сите новости следете ја страницата на „Фејсбук“ – „Во светот на Хари Потер“.

https://www.facebook.com/harrypottermkbooks

Книгите од серијалот „Хари Потер“ се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

5. „Сечи-лепи“ 1 и 2 / „Шарени страници“

Во интерактивните комплети „Сечи-лепи“ 1 и 2 ќе пронајдете листови со делови за сечење и лепење, со кои вашето дете ќе може да создаде различни форми. Со усовршување на вештината за користење ножички се подобруваат фините моторни вештини на детето, а се зголемува и неговата креативност.

Папката со активности – „Шарени страници“ се состои од повеќе разновидни содржини, кои на вашето дете ќе му овозможат да ја зголеми својата концентрација, да ги подобри своите логички вештини и да ја развие својата креативност.

Замислени како активности што се прават во тишина, овие шарени страници се практични при патување, на одмор или во кој било миг од денот кога детето сака мирна и индивидуална игра.

„Сечи-лепи 1“ – https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13334

„Сечи-лепи 2“ – https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13335

„Шарени страници“ – https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13333

6. „Бајки од Македонија за цела година“

„Бајки од Македонија за цела година“ е дело реализирано во соработка со Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“ Ова богато илустрирано издание содржи 52 македонски бајки и басни од нашата фолклорна традиција што се читаат во текот на целата година, а читателите се запознаваат со многу нови интересни ликови кои се соочуваат со разни предизвици. Приказните во оваа книга ќе ја разбудат фантазијата на секое дете кое со возбуда ќе сака да ги прераскажува повторно и повторно. Дали сте чуле за девојката Злата Позлатена? А за мома Тентелина и волците? Кој ја знае приказната за ламјината ќерка Црнодреха? А сакате ли да дознаете зошто еден кнез се научил да плете кошници? И кој бил змејот од Пелистер? Во книгата се содржат најубавите бајки од македонската народна традиција.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13523

7. Серијал „Умствени вежби, гениј“

Популарниот интерактивен книжевен серијал „Умствени вежби, гениј“ за деца и за возрасни од авторите Карло Карцан и Соња Скалко на македонски јазик е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во него се четири книги со умствени вежби: „Размислувај како гениј“, „Размислувај како Шерлок Холмс“, „Размислувај како Леонардо да Винчи“ и „Размислувај како Алберт Ајнштајн“. Книгите се добра вежба за мозокот за секоја возраст, а во нивната основа е дека се учи преку игра.

„Размислувај како гениј“ помага да се подобри меморијата и концентрацијата, да се активираат логичките процеси на учење, да се развиваат имагинацијата и креативноста. На половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, „Размислувај како Шерлок Холмс“ е патување низ раскажување, активности и игри со кои ќе откриете како да го вежбате својот ум за набљудување, логика, концентрација и селективна меморија, следејќи ги трагите на најгенијалниот детектив на сите времиња. Со „Размислувај како Алберт Ајнштајн“ ќе откриете како да го вежбате умот за истражување, логика, научен метод, страст и мотивација, следејќи ги трагите на најголемиот научник на сите времиња.

Преку „Размислувај како Леонардо да Винчи“ ќе дознаете како да го вежбате вашиот ум за љубопитност, креативност, техника и перфекција, следејќи ги трагите на најсложениот генијалец на сите времиња. Овие книги се наменети за сите родители, наставници и воспитувачи кои сакаат да користат привлечен и игрив пристап за едуцирање на децата.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://bit.ly/2Ykcmex

8. „Агата Одли: Тајниот клуч“ од Лина Џонс

Запознајте ја Агата Одли, храбра и решителна хероина, која е ѕвезда на нова и модерна серија на детективски романи за деца. Агата е детективка откако знае за себе. Само го чека првиот голем случај за решавање. А нема ништо поголемо од тоа да се спаси градот Лондон од некои чудни случувања.

Со живеалиште среде Хајд Парк, соба полна со омилените детективски романи и таен клуч што ѝ овозможува пристап до еден цел скришен дел на Лондон, Агата е совршено подготвена да ја реши оваа мистерија. Но, кому да верува, кога никој не е онаков како што изгледа… „Агата Одли: Тајниот клуч“ од авторката Лина Џонс е прва книга во оваа нова возбудлива супердетективска едиција! Следуваат: „Убиство во музеј“ и „Сребрената змија“.

Книгите од серијалот за Агата Одли можете да ги најдете во сите книжарници на „Литература.мк“ или да ги нарачате онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14436

9. „Сказни“ од браќата Грим

„Црвенкапа“, „Заспаната убавица“, „Принцот жаба“, „Златокоса“, „Храбриот кројач“, „Јованче и Марика“, „Снежана“, „Пепелашка“, „Волкот и седумте јариња“ и „Рамплстилскин“… Ова се најубавите изворни сказни од браќата Јакоб и Вилхелм Грим што нѐ водат во чудесни светови, кои се дел од оваа книга. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е дел од едицијата „Лесно читливи лектири“ и е направена по стандардите за дислексија.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13546

10. „Басни од Македонија“
По големиот успех на едицијата „Бајки од Македонија“, Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ ја објавија едицијата за деца „Басни од Македонија“. Станува збор за четирите басни: „Кучето и зајакот“, „Лакомата мечка“, „Војската на лавот“ и „Жабата и глушецот“. Овие приказни потекнуваат од усното народно творештво, а биле собрани од Марко Цепенков. Сликовниците се со илустрации од Катерина Николовска, а се адаптирани од Билјана Црвенковска.

Сликовниците од едицијата „Басни од Македонија“можете да ги најдете во сите книжарници на „Литература.мк“ или да ги нарачате онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/ListBooksforCategory.aspx?cat=184&displayName=

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.