„Уметноста на создавање спомени“ од Мајк Викинг: Дури и најбледото мастило е подобро од најдобрата меморија

„Како да создавате и како да помните среќни моменти.“

Некои денови поминуваат покрај нас без да остават трага, а некои среќни моменти остануваат со нас засекогаш. Нашите животи не се деновите што поминале, туку деновите што ќе ги паметиме засекогаш. Работа на Мајк Викинг, авторот на оваа книга (и на меѓународниот бестселер „Мала книга за хиге“), е да ја проучува среќата, да разбере што ги прави луѓето среќни, да го открие добриот живот и да увиди како можеме да го направиме животот подобро место за живеење.

„Забележете ги врвовите и борбите. Пресвртите се вредни за паметење, но борбата за да се дојде до нив е незаборавна.“

Нашите спомени се како камен-темелник на нашиот идентитет. Тие се лепило што ни овозможува да ја разбереме и да ја доживееме нашата личност низ времето. Тие влијаат на нашето расположение и ни помагаат да ги оформиме нашите соништа за иднината.

„Да претпоставиме дека врвот на скалата го претставува најдобриот можен живот за вас, а дното на скалата го претставува најлошиот можен живот за вас. На кое скалило од скалата мислите дека стоите во овој момент?“

Епизодната меморија ги опфаќа личните, уникатните и конкретните искуства што можеме да ги повикаме од сопственото минато. Семантичката меморија е безвременско знаење што го делиме со светот за светот. Прашајте која било постара личност да се присети на некои од своите спомени и постои поголема шанса да ви раскажат приказни од периодот од нивниот живот кога биле на возраст меѓу 15 и 30 години.

„Несекојдневните денови се денови вредни за паметење.“

Еднаш годишно, одете на некое место на кое никогаш претходно не сте биле. Различни луѓе можат да се сеќаваат на различни работи од еден ист настан. Ги помниме несекојдневните работи, работи што се издвојуваат. Ова е познато како ефект на изолација или Ресторфов ефект.

„Предноста на лошата меморија е тоа што човек може да ужива повеќепати во истите добро работи по прв пат.“

Следниот пат кога ќе бидете навистина среќни и сакате да го зачувате моментот, обрнете внимание на она што ви го кажуваат сите ваши сетила. Се сеќавате на работите по асоцијација –  затоа погрижете се за тоа да вклучите нешто во вашето искуство што ќе може да ве врати назад точно во овој момент.

„Ако сакате луѓето да ве запомнат, треба да им дадете нешто по што ќе ве паметат.“

Соберете ги деталите кога создавате спомени – среќни спомени. Однесувајте се со среќните спомени онака како што би се однесувале со вашиот партнер. Нашите најблиски се чини дека се оние што најдобро ги паметиме и се стремиме да ги задржиме среќните спомени од нив.

„Вистинската уметност на сеќавањето е уметноста на вниманието.“

Малите моменти што можат да останат незабележани или да изгледаат незначајни за другите, можат да бидат оние моменти што никогаш нè не напуштаат, оние моменти кога малите работи во животот се претвораат во големи. Како истражувач на среќата Мајк забележал дека среќата често се наоѓа кога три нешта ќе се порамнат: кои мислиме дека сме, кои сакаме да бидеме и како другите не гледаат.

„Кога избирате што да направите, земете го предвид она на што најверојатно ќе се сеќавате за десет години.“

Мајк Викинг нѐ учи како да создаваме среќни спомени и како полесно да ги задржиме. Користејќи податоци, дневници, прашалници, глобални анкети, истражувања, научни осврти на однесувањето и експерименти со среќата, во оваа книга тој ќе ни објасни како да создадете и за ги запомните совршените моменти. Моменти што ќе ги запаметите засекогаш. Моменти што ќе ја обликуваат вашата личност.

„Најбледото мастило е подобро од најдобрата меморија.“

Книга што ќе пробуди нешто ново и необично во вас. Книга што ќе ве научи како полесно да ги зачувате вашите среќни спомени. Сите ние имаме тажни и болни сеќавања и некои од нив се единствени за нас, а некои ги делиме со светот. Секоја година имаме на располагање фиксен број денови, искористете ги најдобро што можете!

„Среќен живот е живот со цел.“

Пишува: Изабела Велковска

iizabelavelkovska@gmail.com

Книгата е веќе достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку http://www.literatura.mk

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14748

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.