„Сенки во подземјето“ од Марија Ралповска меѓу добитниците на наградата „Македонска книжевна авангарда“

Крими-трилерот „Сенки во подземјето“ од Марија Ралповска, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е меѓу шесте добитници на наградата „Македонска книжевна авангарда“. Признанието, кое го врачува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје, се доделува за иновативна, експериментална и креативна, односно најдобра книга објавена во 2021 година. Селектор на најдобрите дела беше проф. д-р Христо Петрески, а на конкурсот за наградата пристигнале вкупно 17 објавени книжевни остварувања. Од нив шест беа избрани за најдобри.

Покрај Ралповска, меѓу наградените се: Славица Гаџова Свидерска за книгата „Политики на стравот“, Бистра Кумбароска за „Скршена, кршлива и други начини да се стане цела“, Огнен Неделковски за книгата „Ловци на лажни вести од зграда 39“, Ана Стојаноска за „Лебед“ и Славица Урумова Марковска за книгата „Алфа и омега“.

Марија Ралповска (24), која има дипломирано криминалистика на Факултетот за безбедност во Скопје, е млада авторка која има богато писателско искуство зад себе. Во светот на литературата зачекорила на 13 години, објавувајќи го својот прв роман „Фрагарија“. Следуваат „Осумте чувари“ (2013), „Рај во пеколот“ (2015) и најновиот, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, „Сенки во подземјето“. Овој роман претставува плод на спојот помеѓу желбата за авантура и професијата како нејзин животен предизвик.

Во „Сенки во подземјето“ се испреплетуваат приказните на еден банкар, еден криминалец и еден јавниот обвинител. Тројцата немаат ништо заедничко, освен жената по која се во потрага. Таа е плен, а тие се ловците. Или, можеби, е обратно? Обидувајќи се да ја откријат и да ја фатат, тројцата ќе мораат да играат надвор од рамките на правилата и на законите. Дали целта ги оправдува средствата? Каде е црвената линија што обвинителот нема да ја премине во оваа опасна игра? А ако го стори тоа, ќе успее ли да се врати назад?

Книгата „Сенки во подземјето“ веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку http://www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14688

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.