Одбележуваме 210 години од раѓањето на писателот Чарлс Дикенс

На денешен ден (7 февруари) пред 210 години е роден славниот британски писател Чарлс Дикенс. Автор е на едни од најзначајните книжевни класици: „Божиќна песна“, „Дејвид Коперфилд“, „Оливер Твист“, „Приказна за два града“ и „Големите очекувања“.

Чарлс Џон Хафем Дикенс, кој се смета за еден од најголемите писатели од викторијанската ера,  е роден 1812 година, во Портси, во близина на Портсмут. Бил второ од осумте деца на Џон и Елизабет Дикенс. Неговиот татко бил службеник во британската морнарица и привремено бил назначен во округот. Но, откако неговиот татко бил затворен, Чарлс бил принуден да го напуштил училиштето за да работи во фабрика. Овие тешки периоди од неговото детство подоцна ќе бидат инспирација за дел од неговите ликови. И покрај недостатокот на повисоко образование, тој бил уредник на неделник цели 20 години, напишал 15 романи, пет новели, стотици кратки раскази и статии, држел предавања, бил борец за правата на децата, образованието и социјалните реформи. Во своите дела покажува емпатија кон сиромашните луѓе и кон децата кои се принудени да работат.

Успехот на Дикенс почнал во 1836 година со издавањето на „Посмртните записи на Пиквичкиот клуб“. За неколку години тој станал светска книжевна ѕвезда, познат по својот хумор, сатира и детален приказ на ликовите и општеството. Неговите романи, повеќето објавени во месечни списанија или неделници, биле пионери на сериското издавање на еден расказ, што, пак, станало доминантен начин за издавање на еден роман во викторијанската ера. Овој начин на издавање му дало можност на Дикенс да ја испита реакцијата на публиката за претходното објавено дело и така често ги поправал своите ликови или приказни во согласност со реакцијата на публиката.

Приватно, уживал во славата и благодатите од популарноста на неговите книги. Многу патувал (бил во САД и Италија), а купил и еден замок, кој првпат го видел и му се восхитувал како дете. Но, покрај неговиот светски успех, Дикенс имал многу проблеми. Тој и неговата сопруга, со која имале големо семејство со десет деца, имале нехармоничен брак. Во 1858 година биле во центарот на јавен скандал. Се шпекулирало дека ја напуштил својата сопруга и почнал тајна врска со актерката Елен „Нели“ Тернан, која имала само 19 години, а тој 46.

Во последните десет години од животот живеел отуѓен од своите деца и од своите стари пријатели. Починал на 9 јуни 1870 година, на 58 години, од срцев удар. Во тој период интензивно работел на својот последен роман „Тајната на Едвин Друд“, кој станал недовршен.

Дикенс се сметал за книжевен големец во неговата доба… Добил пофални критики од голем број светски книжевни џинови, почнувајќи од Лав Толстој, па сè до Џорџ Орвел, и важи за еден од наголемите британски книжевници на сите времиња. Неговите дела сè уште се актуелни и доживуваат многу филмски, телевизиски и театарски адаптации.

Според романите „Оливер Твист“ и „Големите исчекувања“, кои се важни за деталниот преглед на Лондон и викторијанската Англија, се снимени познати ТВ-серии и филмови. Неговата новела „Божиќна приказна“ уште од своето прво издавање во 1843 година е постојано во печат веќе 179 години. Преведена е на сите светски јазици и приспособена на најразлични филмски, театарски и музички адаптации.

Издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт за детска литература „Либи“, ја има објавено новелата „Божиќна песна“ на македонски јазик, во едицијата „Лесно читливи лектири“.

Во фокусот на приказната е сметководителот и скржавец Ебенизер Скруџ, кој не ги почитува обичаите на Божиќ, кои налагаат несебичност, љубезност, добрина и споделување со другите. Но, за време на една студена божиќна ноќ, што одлучува да ја помине осамен, далеку од друштвото и љубовта на семејството и пријателите, тој е посетен од духот на својот покоен партнер Џејкоб Марли. По него следуваат духовите на божиќното минато, сегашност и иднина, со чијашто помош Скруџ се соочува со сопствените гревови и се преобразува во доблестен човек…

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13555

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.