Излезе од печат „Хари Потер и Редот на фениксот“ од Џ. К. Роулинг во издание на „Арс Ламина“

Волшебна вест за сите љубители на Хари Потер! Од печат излезе „Хари Потер и Редот на фениксот“ од авторката Џ. К. Роулинг, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за петтиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и магијата. Оваа, со нетрпение очекувана книга, доаѓа по новите изданија на македонски јазик на „Хари Потер и Каменот на мудроста“ (што го има и во лектирна верзија), „Хари Потер и Одајата на тајните“, „Хари Потер и затвореникот од Азкабан“ и „Хари Потер и Пламениот пехар“.

Во „Хари Потер и Редот на фениксот“ Хари Потер е исфрлен од Хогвортс! Бранејќи го својот братучед Дадли од дементорите, тој е принуден да употреби магија за време на летниот распуст, постапка што доведува до негово сослушување од министерот за магија лично. Во меѓувреме, лордот Волдеморт е сè помоќен, а голем дел од волшебничкиот свет – вклучувајќи го и Министерството за магија – е во одрекување: се води подмолна хајка против сведоштвата на Хари и Дамблдор. Но, за среќа, постојат луѓе кои ќе му се спротивстават на Мрачниот господар. Познатиот Ред на фениксот, основан од Дамблдор како противтежа на страшните смртојади, дејствува и се бори зад кулисите. На повидок е нова волшебничка војна и секој мора да ја одбере страната на која ќе се бори.

Инаку, оваа година во светски рамки ќе бидат одбележани 25 години од објавувањето на првата книга од овој популарен книжевен серијал за деца и млади, „Хари Потер“ од Џ. К. Роулинг. Исто така, се одбележуваат и 20 години од премиерата на првиот филм базиран на книжевниот серијал – „Хари Потер и Kаменот на мудроста“.

„Арс Ламина“, која ги поседува авторските права за книгите на македонски јазик, се приклучува кон одбележувањето на овој јубилеј. Во текот на 2022 година се очекува да излезат од печат и следните делови на македонски јазик.

За сите новости следете ја страницата на „Фејсбук“ – „Во светот на Хари Потер“ https://www.facebook.com/harrypottermkbooks.

Книгите од серијалот за Хари Потер се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14804.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.