Топ 10 најбарани изданија за деца од „Арс Ламина“ во 2021 година

Листата со најпродавани изданија за деца и млади од „Арс Ламина“ годинава ја предводи романот за деца и лектирно издание „Збунети години“ од Велко Неделковски – топла приказна за тинејџерските години и првата љубов. Борче и Димитар се вљубени во Виолетка. До неа стигнуваат љубовни писма од Борче, кои всушност ги пишува Димитар. Различни во поглед на социјалниот статус, но и во однос на карактерот, сензибилитетот и физичкиот изглед, овие две момчиња ќе се обидат да го освојат девојчето со плетенки, црвени образи и со симпатична насмевка.

Омилената лектира на генерации читатели „Пајажината на Шарлот“ е на второто место, нежна приказна за пријателството и љубовта меѓу Шарлот, прасенцето Вилбур и девојчето Ферн, која му го спасува животот кога се раѓа како кржле во леглото прасиња.

Веднаш зад неа е најпродаваниот серијал во светот – „Хари Потер“. И 25 години од објавувањето на првиот дел од овој книжевен серијал, интересот за авантурите на Хари Потер во светот на волшебниците и на магијата не стивнува. „Арс ламина“ објави четири дела од едицијата, преостанатите продолженија ги подготвуваме за оваа година.

Авантурите на Исидора Мун – девојчето половина самовила, половина вампир и годинава е омилен избор на малите читатели. Најновата книга што читателите со нетрпение ја очекуваа е со наслов „Исидора Мун оди на свадба“. Исидора ќе биде деверица на свадбата на тетка ù и мнооогу е возбудена! Но, откако нејзината палава братучетка ќе замеша прсти со малку волшебни палавштини, денот што треба да биде посебен, нема да тече баш како подмачкано.

На петтото место е лектирата „Хотел за кучиња“, приказна за Енди и Брус, кои од една напуштена куќа ќе направат хотел за бездомни кучиња.

Серијалот „Дина и Додо“ во 2021 година беше збогатен со неколку нови изданија, од кои најпродаван беше насловот „Чорапот на Дедо Мраз“. Во оваа едиција се поместени боенки, сликовници, активности, решавалки, авантури и смешни лавиринти.

Најмалите читатели уживаа во серијалот интерактивни (пиши-бриши) сликовници за животните во светот. Со овие едноставни и забавни активности, подредени по тежина, вежбанката ќе им помогне на децата од предучилишна возраст да ја вежбаат раката, да се навикнат на приборот за пишување и да стекнат самодоверба во првите чекори во цртањето и пишувањето, преку: почетно пишување разни видови линии (прави, коси, заоблени, брановидни и цикцак), слободно пишување линии, развивање на фините моторни вештини на мускулите на рацете и прстите (графомоторни вештини), можност вежбата да се повтори повеќепати и детето да се коригира самостојно.

Следна е едицијата „Басни од Македонија“, составена од басните „Кучето и зајакот“, „Лакомата мечка“, „Војската на лавот“ и „Жабата и глушецот“, пренесувани од усното творештво на македонскиот народ, собрани од Марко Цепенков и адаптирани на модерен и поприфатлив јазик за денешните деца.

Учењето на буквите не било никогаш позабавно благодарение на сликовницата „Другарска азбука од Снежана Петрова-Џамбазова – издание што се најде на десеттото место. Во неа, на забавен и на шаренолик начин преку римувани строфи ќе дознаете повеќе за другарството, за заемните игри, понекогаш и за работните задачи на момчиња и девојчиња, чиишто имиња почнуваат со иста буква.

Сите книги можат да се најдат во книжарниците „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на www.literatura.mk.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.