Топ 10 мотивациски книги за подобар и посреќен живот

Како да бидете посреќни, поуспешни и поздрави? Како да го надминете стресот, анксиозноста и да ја подигнете самодовербата? Како до подобар и поквалитетен живот? Ова се дел од темите опфатени во книгите за самопомош, кои се во издание на „Арс Либрис“, дел од  „Арс Ламина – публикации“, а се достапни во книжарниците „Литература.мк“.

Станува збор за интернационални бестселери, но и за изданија од домашни автори кои мотивираат и советуваат. Во овие инспиративни книги ќе прочитате како да го извлечете најдоброто од животот и како да ги надминете проблемите. Ваквиот тип литература особено е популарен последниве години во светот и кај нас. Во продолжение ви ја претставуваме топ 10 листата со мотивациски книги, со кои можете да ја почнете новата година, но и новата, подобра верзија од себеси.

1. „Гласот во нашата глава, зошто е важен и како да го користиме“ од Итан Крос

Итан Крос е наградуван психолог кој во оваа книга ни ги открива скриените моќи на нашиот внатрешен глас и ни покажува како да го искористиме во борбата со анксиозноста, како да си го подобриме психичкото и менталното здравје и како да ги продлабочиме нашите врски со другите. Кажете му на странец дека разговарате со себеси, мошне веројатно е дека ќе ве смета за ексцентрик. Кога разговараме со себеси, често се надеваме дека ќе го поттикнеме нашиот внатрешен тренер, но наместо тоа, го поттикнуваме нашиот внатрешен критичар. Кога се соочуваме со тешка задача, нашиот внатрешен тренер нè охрабрува: Ајде, го можам тоа! Но, исто толку често, нашиот внатрешен критичар нè обесхрабрува: Нема да успеам. Сите ќе ми се смеат. Која е поентата? Крос ги истражува тивките разговори што ги водиме со себе. Испреплетувајќи ги револуционерните проучувања на мозокот што ги спроведувал во неговата лабораторија со конкретни студии на случај, тој објаснува како внатрешните разговори ги обликуваат нашите животи, работа и врски. Тој предупредува дека препуштањето на негативни и дезориентирачки разговори со себе – што ги нарекува „брборење“ – можат да ни го нарушат здравјето, да ни го „спуштат“ расположението, да ни ги ограничат социјалните конекции и да почнеме да попуштаме под притисокот. Но, добрата вест е дека ние веќе сме опремени со алатки што ни се потребни да направиме нашиот внатрешен глас да работи во наша полза. Овие алатки често не се очигледни. Скриени се во технологиите што ги ползуваме, во дневниците скриени во нашите фиоки, разговорите што ги водиме со блиските, опкружувањето во нашите училишта и на работните места. Брилијантно аргументирана, стручно поткрепена и полна со приказни со кои секој може да се идентификува, оваа книга ни дава моќ да го смениме најважниот разговор што го водиме секој ден: оној со себеси.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14746

2. „Океј сум! Помагајте!“ од Анабел Ривкин и Емили Мекмикан

Оваа книга дава свеж поглед на моќта и потенцијалот на жените: духовити, дигитално писмени и исклучително неспокојни. Идејата потекнува од колумната насловена како „Будалеста зрелост“ од која подоцна Ривкин и Мекмикан ја развија истоимената интернет-страница за да го променат имиџот на средната доба, како контраудар на угнетувањето базирано на вежби, рецепти и сосредоточеност на шпоретот. Значи, ова е книга полна со совети како да се води „несовршен живот“. Опсегот на теми со кои се занимаваат тие е голем – од кариерата до мајчинството, од сите сеќавања и искуства што си ги собрала до грешките што си ги правела, оние поради кои жалиш и оние на кои си благодарна, од држењето диети и диктатот како треба да изгледаш до конечното ослободување. Ова не е прирачник за тоа како да живееш и што да правиш, главната порака е: не сме совршени, но тоа е океј. Животот и не е толку лош кога знаеш дека и другите се во истиот сос.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14750

3. „Не слушате кога ви зборуваат: Што пропуштате да слушнете и зошто е важно тоа“ од Кејт Марфи

Кога последен пат навистина сте слушале некого додека зборува? Кога последен пат некој вас навистина ве слушал? На работа нè учат како да водиме конверзација. На социјалните мрежи формираме сопствени наративи. На забавите дискутираме едни со други. И нашите политичари, исто така. Не ги слушаме другите кога зборуваат. И никој не нè слуша нас. Да, живееме во свет во кој технологијата ни овозможува непрекината дигитална комуникација и можности за поврзување, но се чини како всушност никој да не слуша никого, дури не ни знае како се прави тоа. Во оваа мудра и духовита книга Кејт Марфи, соработничка на „Њујорк тајмс“, темелно истражува и ни објаснува зошто веќе не умееме да се слушаме едни со други, како тоа ни влијае и како можеме да ја повратиме таа умешност. Сознанијата од областа на психологијата, невронауката и социологијата на слушање авторката ни ги претставува вешто и јасно покажува дека навистина го сослушала и чула она што Сузан Кејн го говореше во книгата „Тивките луѓе за интровертните“. Време е да престанеме да зборуваме и да почнеме да слушаме.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14747

4. „Уметноста на создавање спомени“ од Мајк Викинг

Секоја година имаме на располагање фиксен број денови. Некои денови нè одминуваат не оставајќи зад себе никаква трага, а некои ги помниме засекогаш. Дали го паметиш првиот бакнеж? Или највкусниот оброк? Или мирисот на свежо потстрижената трева на совршен летен ден? Кога нашите сетила се стимулирани, кога ќе ја искористиме моќта на првите искуства и кога сме свесни за сопствените чувства и емоции, полесно ќе ги зачуваме нашите среќни спомени. Повикувајќи се на научни истражувања на среќата, Мајк Викинг нè учи како да создаваме среќни спомени и како полесно да ги задржиме. Користејќи податоци и дневници, прашалници, глобални анкети и истражувања, научни осврти на однесувањето и експерименти со среќата, „Уметноста на создавање спомени“ ќе ни објасни како да создадеме совршени моменти. Моменти што ќе ги запаметиме засекогаш. Моменти што ќе ја обликуваат нашата личност.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14748

5. „Зошто јас?“ од Мартин Јованоски

„Зошто јас?“ е прашање што секој од нас си го поставил во одреден момент од животот. Во потрагата по одговорите се насетуваат два избора: тешките искуства за некого ќе бидат нешто што само ќе го преживее, а за некој друг – нешто што ќе го врати во живот. Да се напише оваа книга е да се допре душата на секој од нас, но и личен терапевтски процес. Ставањето на хартија на нашите искуства и доживувања е навистина лековито искуство. Моментот во кој тие ќе заиграат пред нашите очи и ќе ја прочитаме својата приказна е момент во кој сме си ја дозволиле ранливоста, сме го скротиле егото и сме ѝ дале светлина на внатрешната реалност. Тој момент е истовремено и моќен, бидејќи само од позиција на препознавање на својата вистина и љубов за себе можеме да го исцелиме она што боли. За сите вас што сте ја запознале анксиозноста, ова четиво ќе ви биде вистински скапоцено, бидејќи ќе станете свесни дека не сте осамени во тоа искуство. Таа доаѓа во повеќе форми и може да зборува на различни јазици, но секогаш претставува покана за една поинаква средба со себеси.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13636

6. „Психосоматика“ од Билјана Велковска

Книгата ги осветлува двете страни на паричката наречена човек. Од едната страна се чувствата, субјективни и тешки за дефинирање, но многу проучувани, кои претставуваат огромен дел од човековото искуство. Од другата страна е физичкото функционирање и здравјето, што традиционално и погрешно се разгледува одделно од емоционалниот живот. Двете приказни неизбежно конвергираат за да го доловат човекот, во кој на неверојатен начин се испреплетени психичкото и физичкото. И, иако терминот психосоматика некои луѓе можеби си го поврзуваат со замислена болест, овде ќе покажеме дека чувствата и мислите можат да нè разболат или да нè излекуваат на мноштво начини, што дефинитивно не се само „во нашата глава“.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13586

7. „Уметноста на едноставното живеење“ од Шунмио Масуно

Преку јасни, практични лекции и лекции што се учат лесно – по една на ден во текот на сто дена – познатиот будистички свештеник Шунмио Масуно евоцира мудрост стара со векови за да ви покаже како да ја применувате суштината на зен-будизмот во модерното живеење. Тука ќе научите како длабоко да издишувате за да ги исфрлите негативните емоции, како да го средувате својот дом едноставно, што ќе ви помогне да ги расчистите вашите мисли, да ги подредувате обувките навечер за да внесете ред во вашиот ум, да засадите едно цвеќе и да гледате како расте, помалку да се грижите за она што не можете да го контролирате и уште многу други нешта… Дури и ќе си создадете време за да не размислувате за ништо. Поедноставете си го животот со уметноста на зен-будизмот и научете како да се чувствувате порелаксирано, поисполнето и со обновено чувство на мир и спокој.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13682

8. „Сè е за*бано: книга за надежта“ од Марк Менсон

Ова е контраинтуитивен водич за проблемите со надежта. Живееме во интересно време. Материјално, сè е подобро од кога и да е, но некако сè изгледа како да е непоправливо и ужасно заебано. Што се случува? Ако некој може да ја именува нашата моментна малодушност и да ни помогне да ја решиме, тоа е Марк Менсон. Во „Сè е за*бано“, Менсон исцртува планини од психолошки истражувања базирани на безвременската мудрост на Платон, Ниче, Кант, па и на Том Вејтс, за да ги дисецира религијата, политиката, парите, забавата и интернетот. Со неговата препознатлива комбинација од ерудиција и хумор, Менсон нè предизвикува да бидеме почесни кон себеси, отворено спротивставувајќи се на нашите дефиниции на верата, среќата, слободата – дури и на надежта. Еден од најголемите модерни автори напиша уште една книга што ќе ја постави агендата на годините што доаѓаат.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13664

9. „Умирам ли?“ од Кристофер Кели

Ова е единственото прашање што луѓето навистина ги интересира. Она што ги мачи ноќе и што ги тера да закажат лекарски преглед по првпат во многу години. Она што ги тера да не ги занемаруваат новиот чуден симптом што најверојатно не е ништо, но Господе боже, што ако е нешто и што ако е ран знак на нешто сериозно? Ќе умрам ли? Одговорот е, секако… да. Уште од моментот кога сте се родиле! Вистинското прашање е: Дали ќе умрете порано отколку што сте очекувале? Па, така, ако имате некој нов симптом, дали треба да паничите или да се смирите? Дали се однесувате како хипохондрик или сте сосема ладнокрвни? Во оваа книга ќе ги разгледаме најчестите симптоми и ќе дадеме насоки за следните чекори – без оглед дали тоа ќе биде да си се напиете коктел, да закажете преглед или веднаш да одите во ургентниот центар.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14781

10. „Завршете со позитивна нула“ од Бил Перкинс

Замислете си како би било, пред да го напуштите светов, само да правите сè што ви кажал некој друг. Сте работеле напорно, сте штеделе и со нетрпение сте ја очекувале финансиската слобода што доаѓа со пензионирањето. Единственото нешто што сте го потрошиле по пат бил вашиот живот. Завршете со позитивна нула претставува една изненадувачки нова и провокативна филозофија, како и практичен водич за тоа како да го извлечете максимумот од вашите пари и од вашиот живот. Наменета е за оние што сакаат да доживеат незаборавни искуства многу пред, едноставно, само да заработуваат и да акумулираат пари за таканаречените златни години. Бил Перкинс сака да ве спаси од прекумерно штедење и од тоа само преживувањето да му го преземе местото на живеењето. Без оглед на вашата возраст, „Завршете со позитивна нула“ ќе ви покаже, чекор по чекор, како да си го оптимизирате животот така за да уживате во она за што работите и штедите.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14749

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.