„Е, баш ме заболе!“ – водич за самопомош кој ќе успее да ви помогне и промени многу работи кај вас

“Посветеноста ти дава слобода затоа што вниманието веќе не ти го одземаат неважни и невредни нешта.” 

Книга- водич за самопомош во која Марк Менсон ќе успее да ви ја покаже суровата реалност на еден поинаков и реален начин. Девет поглавја, секое со своја посебна приказна. 

Во овие поглавја, тој ќе ви покаже како да не ви е гајле за неважните нешта, ќе ви ја посочи погрешноста во чувствување вина, ќе ве увери дека на прашањето “Како?” нема одговор, ќе сфатите дека неуспехот е вистинскиот пат кон напред-  ова се дел од многуте поглавја кои чекаат на вас. 

Марк Менсон, сака да ја докаже вистинската страна на тезата, дека “позтивното мислење е она клучното што не води кон среќен и исполнет живот”. Тој вели: “Море кој ја “врти” позитивноста. Да бидеме искрени нештата се зафркнати но, немаме избор освен да живееме со нив онакви какви што се.” 

“Довербата е како чинија од кинески порцелан. Ако ја скршиш еднаш, со посветување нега и внимание можеш да ја залепиш. Но, ако ја скршиш повторно, таа се распарчува на уште повеќе парчиња и потребно е многу повеќе време за да се залепи повторно. И колку повеќе се крши, толку е поголема веројатноста да се стигне до точката кога веќе не е можно да се залепи уште еднаш. Веќе има премногу скршени парчиња и премногу прав.” 

Тој ја изнесува и брани тезата дека луѓето, се суштества со свои маани и ограничувања. “Не може да биде секој исклучителен- општеството е сочинето од победници и губитници, а нешто од сето тоа ниту е фер, ниту, пак е по твоја вина.” 

Секој од нас треба да ги препознае и спознае своите ограничувања, а со тоа и да ги прифати. Откако еднаш ќе ги прифатиме нашите стравови, грешки и несигурности, откако ќе престанеме да бегаме и да ги избегнуваме болните вистини, дури тогаш ќе можеме да тргнеме во потрага по храброста и самоувереноста по која сме трагале долг период. 

“Ќе почнеш се повеќе да ги цениш најобичните, најсекојдневни животни искуства: задоволствата што произлегуваат од пријателството, од создавањето нешто, од помаѓањето некому во неволја, од прочитувањето добра книга, од смеењето со некој што ти значи и за којшто се грижиш.” 

Марк Менсон е познат блогер, неговата прва книга е “Баш ме заболе- како да не ти е гајле за неважните нешта”. 

Одлична книга- водич за самопомош која ќе успее да ви помогне и промени многу работи кај вас.

Пишува: Изабела Велковска

iizabelavelkovska@gmail.com

Книгата „Е, баш ме заболе!“ од Марк Менсон во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, а онлајн може да се нарача преку www.literatura.mk на следниот линк: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13453

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.