Книгата „Умирам ли?“ одговара на дилемата дали да се опуштите или итно да заминете во болница

Кога да се опуштите, кога да закажете лекарски преглед, а кога итно да заминете во најблиската болница?… Ова се прашањата на кои одговара новата книга Умирам ли?“ од Кристофер Кели и Марк Ајзенберг, која на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата е дел од едицијата „Здравје и живот“.

Умирам ли? е единственото прашање што луѓето навистина ги интересира. Она што ги мачи ноќе и што ги тера да закажат лекарски преглед по првпат во многу години. Она што ги тера да не го занемаруваат новиот чуден симптом што најверојатно не е ништо, но Господе боже, што ако е нешто и што ако е ран знак на нешто сериозно?

Одговорот е, секако… да. Уште од моментот кога сте се родиле! Вистинското прашање е: Дали ќе умрете порано отколку што сте очекувале?

Па, така, ако имате некој нов симптом, дали треба да паничите или да се смирите? Дали се однесувате како хипохондрик или сте сосема ладнокрвни? Во оваа книга, ќе ги разгледаме најчестите симптоми и ќе дадеме насоки за следните чекори – без оглед дали тоа ќе биде да си се напиете коктел, да закажете преглед или веднаш да одите во ургентниот центар.

Книгата „Умирам ли?“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14781

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.