Нов возбудлив историски филм снимен според интернационалниот бестселер „Минхен“ од Роберт Херис

Возбудливата историска приказна од интернационалниот бестселер „Минхен“ од Роберт Херис е подлошка за новата истоимена филмска драма, која ќе биде премиерно прикажана на 21 јануари 2022 година на стриминг-сервисот „Нетфликс“. Режисер на филмот „Минхен – На работ на војната“ е Христијан Швохов, а главните улоги ги толкуваат Џорџ Мекеј, Јанис Нивонер и Џереми Ајронс.

Политичкиот трилер „Минхен“ на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а е достапен во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk. Главни протагонисти во приказната се младите пријатели Хју Легат и Паул фон Хартман, кои се во средината на случувањата на една предвоена дипломатска драма.

Хју Легат, британски дипломат во подем на служба во улицата „Даунинг“ бр. 10, е личен секретар на претседателот на владата Невил Чембрлен. Паул фон Хартман работи во Министерството за надворешни работи на Германија – а тајно е припадник на антихитлеровското движење на отпорот. Тие двајца биле пријатели на Оксфорд во дваесеттите години, но оттогаш немаат никаков контакт. Сега, затоа што Хју стигнува со авион како придружба на Чембрлен, а Хартман патува во Хитлеровиот воз од Берлин, нивните животи повторно ќе се вкрстат во Минхен, со навидум катастрофални последици. Роберт Херис прикажува настани со голема историска важност. На сцена ги извадил Хитлер, Чембрлен, Мусолини и Даладје и ги поставил во срцето на напнат, динамичен шпионски трилер за предавството и совеста, лојалноста и измамата, што се случува во периодот на судбоносната минхенска конференција во септември 1938 година.

Романот „Минхен“ е достапен за онлајн нарачка преку следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13589

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.