Топ 10 најбарани изданија за деца во „Литература.мк“ во декември

Замислете подароци што се отвораат повеќепати и секојпат се еднакво интересни, едукативни и возбудливи. Токму такви се книгите. Со нив децата заминуваат на најубавите авантури, дури и кога не ја напуштаат топлината на својот дом. Книгите се интересен и здрав подарок, кој, за разлика од слатките изненадувања во пакетчињата, не ги расипуваат детските заби и траат подолго. Голем дел од нив се интересни за децата кои сакаат да читаат, други се со забавна содржина што можат да ја прочитаат дечињата кои допрва се описменуваат, а трети, пак, се интерактивни и во нив може да се црта, пишува, бои, решава… Тие се одлична придружба за време на зимскиот распуст и во студените денови кога децата подолго време поминуваат дома. Во периодот пред новогодишните празници во книжарниците „Литература.мк“ најмногу беа барани токму такви изданија за најмладите: пиши-бриши вежбанки, сечи-лепи комплети, зимски и новогодишни боенки и интерактивни изданија, новогодишни сликовници за деца и романи за млади. Во продолжение ви ја претставуваме топ 10 листата со најбарани изданија за деца и млади во „Литература.мк“ во декември.

1. „Животните од Африка“ и „Животните од Австралија“

„Животните од Австралија“ и „Животните од Африка“ се дел од популарната едиција за деца со интерактивни пиши-бриши вежбанки со маркер. Овие едноставни и забавни активности, подредени по тежина, ќе им помогнат на децата од предучилишна возраст да ја вежбаат раката, да се навикнат на приборот за пишување и да стекнат самодоверба во првите чекори во цртањето и пишувањето, преку: почетно пишување на разни видови линии; слободно пишување линии; развивање на фините моторички вештини на мускулите на рацете и прстите; можност вежбата да се повтори повеќепати и детето да се коригира самостојно. Оваа вежбанка е реупотреблива. На нејзините страници може да се пишува со маркер за бела табла (пиши-бриши), а се брише со марамче, обична ткаенина или сунѓер. На тој начин децата можат да се навраќаат на активностите повторно и повторно, што им овозможува градење на самодовербата, но и долготрајна забава.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://bit.ly/3wZeHH4

2. Нови зимски и новогодишни изданија од серијалот „Дина и Додо“

Интерактивни, забавни и едукативни, со интересни илустрации и празнични приказни се новогодишните и зимските сликовници, боенки и книги со активности, кои се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за новата сликовница „Чорапот на Дедо Мраз“, пет мали и големи новогодишни и зимски боенки, како и двете интерактивни изданија: „Дина и Додо: Книга со активности 6, Зимски лудории“ и „Дина и Додо: Книга со активности 7, Новогодишна приказна“. Овие публикации одлично се надоврзуваат на новогодишната и зимска приказна од веќе добро познатите сликовници „Двајца Дедо Мразовци“ и „Снешко смешко“.

Серијалот е дополнет со боенките за најмладите: „Бој со Дина и Додо 1: Голема зимска боенка“, „Бој со Дина и Додо 2: Голема новогодишна боенка“, „Бој со Дина и Додо 3: Мала зимска боенка“, „Бој со Дина и Додо 4: Мала зимска боенка“, „Бој со Дина и Додо 5: Мала новогодишна боенка“. Низ страниците на овие изданија ќе најдеш најразлични илустрации со Дина и Додо, кои можеш да ги обоиш по твоја желба! Овие изданија помагаат во развивање на фините моторички вештини на мускулите на рацете и прстите (графомоторни вештини), за јакнење на концентрацијата и за поттикнување на детската љубопитност, фантазија и креативност. Преку новите интерактивни изданија: „Дина и Додо: Книга со активности 6, Зимски лудории“ и „Дина и Додо: Книга со активности 7, Новогодишна приказна“, решавајќи ги загатките, децата ќе учат и истовремено ќе се забавуваат за време на зимскиот распуст.

Изданијата од серијалот „Дина и Додо“ се достапни на следниот линк:

https://bit.ly/3syZbDk

3. „Исидора Мун прави зимска магија“ од Хариет Мункастер

Мајка ѝ е самовила, татко ѝ е вампир, а Исидора е по малку од двете. Нејзино најверно другарче е Розовото зајаче, кое оживеало со помош на магија. Исидора живее во свет помеѓу магијата и реалноста. Оди во „обично“ училиште и се дружи со деца без магични моќи. Секојдневно учи нови нешта и заминува во многу авантури, придружувана од Розовото зајаче. Во книгата „Исидора Мун прави зимска магија“ обожава да си игра на снег, особено кога нејзините снежни фигури оживуваат! Но, снежната магија не може да трае засекогаш. Ќе успее ли Исидора да ги спаси своите нови другарчиња пред да се стопат?

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13437

4. „Авантурите на Дина и Додо 6: Чорапот на Дедо Мраз“

Сестричката и братче Дина и Додо не можат да дочекаат да дојде Дедо Мраз и да им ги донесе посакуваните подароци. Оваа година навреме ги напишаа писмата до него, сè е подготвено, но времето никако не минува… Каде е Дедо Мраз? – се прашуваат двајцата палавковци. Погледнуваат на часовникот и замислуваат колку би било интересно Дедо Мраз да дојде бос!… Па, зошто мора секогаш да е во чизми? Што се случило со Дедо Мраз и зошто го нема дознајте во новата сликовница за авантурите на Дина и Додо.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14742

5. „Нова година со Матеј и Луна“

Серијалот за братчето и сестричка близнаци Матеј и Луна сега е дополнета со боенките „Нова година со Матеј и Луна“, „Зимска боенка со Матеј и Луна“ и сликовницата со активности „Матеј и Луна на зимски распуст“. „Матеј и Луна“, кој е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, претставува комбинација на весели приказни за близначињата Матеј и Луна со различни загатки и активности со цртање, боење, почетно пишување, броење, сметање. Овие сликовници со активности се наменети за дечињата од предучилишна и раноучилишна возраст. Тие ќе бидат одлична забава за време на новогодишните празници и за време на зимскиот распуст.

Изданието е достапно во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14775

6. Серијал „Умствени вежби, гениј“

Популарниот интерактивен книжевен серијал „Умствени вежби, гениј“ за деца и за возрасни од авторите Карло Карцан и Соња Скалко на македонски јазик е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во него се четири книги со умствени вежби: „Размислувај како гениј“, „Размислувај како Шерлок Холмс“, „Размислувај како Леонардо да Винчи“ и „Размислувај како Алберт Ајнштајн“. Книгите се добра вежба за мозокот за секоја возраст, а во нивната основа е дека се учи преку игра.

„Размислувај како гениј“ помага да се подобри меморијата и концентрацијата, да се активираат логичките процеси на учење, да се развиваат имагинацијата и креативноста. На половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, „Размислувај како Шерлок Холмс“ е патување низ раскажување, активности и игри со кои ќе откриете како да го вежбате својот ум за набљудување, логика, концентрација и селективна меморија, следејќи ги трагите на најгенијалниот детектив на сите времиња. Со „Размислувај како Алберт Ајнштајн“ ќе откриете како да го вежбате умот за истражување, логика, научен метод, страст и мотивација, следејќи ги трагите на најголемиот научник на сите времиња.

Преку „Размислувај како Леонардо да Винчи“ ќе дознаете како да го вежбате вашиот ум за љубопитност, креативност, техника и перфекција, следејќи ги трагите на најсложениот генијалец на сите времиња. Овие книги се наменети за сите родители, наставници и воспитувачи кои сакаат да користат привлечен и игрив пристап за едуцирање на децата.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://bit.ly/2Ykcmex

7. „Сечи лепи“

Во овој комплет ќе пронајдете листови со делови за сечење и лепење, со кои вашето дете ќе може да создаде различни форми. Со усовршување на вештината за користење ножички се подобруваат фините моторни вештини на детето, а се зголемува и неговата креативност. Забавувајте се и креирајте заедно!

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

„Сечи лепи“ 1 https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13334

„Сечи лепи“ 2 https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13335

8. „Волшебна ноќ во шумата“

Сликовницата „Волшебна ноќ во шумата“ ги внесува најмладите читатели во прекрасниот свет на книгите, преку приказна за дочекот на Новата година во една необична шума. Преку богатите илустрации, ќе ја донесе магијата на новогодишните празници во сечиј дома. Во оваа нежна новогодишна приказна, жителите на шумата забрзано се подготвуваат да ја испратат старата година и да ја дочекаат следната. Ја китат новогодишната елка, подготвуваат подароци и се собираат заедно да ја пречекаат Новата година. Сè е подготвено и сите се тука, кога… Дознајте што се случува и дали ќе дојде Новата година?

Сликовницата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13073

9. „Бајки од Македонија за цела година“

„Бајки од Македонија за цела година“ е дело реализирано во соработка со Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“ Ова богато илустрирано издание содржи 52 македонски бајки и басни од нашата фолклорна традиција што се читаат во текот на целата година, а читателите се запознаваат со многу нови интересни ликови кои се соочуваат со разни предизвици. Приказните во оваа книга ќе ја разбудат фантазијата на секое дете кое со возбуда ќе сака да ги прераскажува повторно и повторно.

Дали сте чуле за девојката Злата Позлатена? А за мома Тентелина и волците? Кој ја знае приказната за ламјината ќерка Црнодреха? А сакате ли да дознаете зошто еден кнез се научил да плете кошници? И кој бил змејот од Пелистер? Во книгата се содржат најубавите бајки од македонската народна традиција.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13523

10. „Новогодишна епизода (Јас сум Миа #2.5)“ од Јана Мишо

Книгите од серијалот за млади „Јас сум Миа“ од популарната домашна авторка Јана Мишо се eдни од најчитаните. Приказната за Миа почна со колумните на Јана Мишо како интернет-сензација со епизоди, а се развива во комплетно книжевно дело. Во „Новогодишна епизода“ Миа се подготвува за домашна новогодишна забава. Сто осумдесет и четири. Тоа беше последниот број од списокот на сигурни гости на забавата на Сара. Миа вели: „Да ѝ кажам јас на мајка ми дека дома ќе ѝ донесам 184 тинејџери, споулавени од новогодишна еуфорија и со намален осет за простор (што подразбира туркање вази, кршење чаши, чинии и слично), ќе ми се случи апсолутно неотповикливо пакување куфери и селење од дома, со желба да имам своја куќа еден ден што така ќе си ја растурам“.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14462

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.