„Прогонетата: Реквием за Линда Б.“ од Исмаил Кадаре е роман за апсурдноста на параноичниот режим

Современиот класик „Прогонетата: Реквием за Линда Б.“ од најзначајниот албански романсиер, есеист и драмски автор Исмаил Кадаре неодамна излезе од печат на македонски јазик. Ова е втора книга од Кадаре, по „Куклата: Портрет на мајка ми“, која е објавена во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Книгата „Прогонетата: Реквием за Линда Б.“ е првпат објавена на албански јазик во 2009 година, а дејството е сместено меѓу бирократската машинерија на долготрајната албанска диктатура. Овој роман е зачудувачки и потресен портрет за животот и за љубовта ставени под надзор, исполнет со мит, лут хумор и со апсурдноста на параноичниот режим.

Додека чека да слушне дали неговиот најнов драмски текст ќе биде одобрен за работа, драматургот Рудијан Стефа е повикан на испрашување од комитетот на Партијата. Девојката Линда Б. е пронајдена мртва, а кај неа е откриен потпишан примерок од неговата последна книга. Тој наскоро дознава дека семејството на Линда, што е под истрага, е прогонето во мало место далеку од главниот град и дека таа извршила самоубиство. Под влијание на параноичниот режим, Рудијан се фаќа себеси во надреална потрага да открие што ѝ се случило навистина на Линда Б. Низ слоеви од интриги, нејзината приказна се развива постепено: таа била вљубена во Рудијан од далечина и била подготвена да преземе големи ризици за да му се доближи. Тој е обземен од нејзината приказна и вознемирен поради веројатноста дека е виновен за нејзината судбина.

Албанскиот писател Исмаил Кадаре (1936) во светската книжевност се прославува со романот „Генералот на мртвата војска“. Го сметаат за еден од најголемите европски писатели и интелектуалци на 20 век и за универзален глас против тоталитаризмот. Други познати дела му се: „Куклата“, „Палата на соништата“, „Ќерката на Агамемнон“, „Наследникот“ и др.

Книгата веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн преку http://www.literatura.mk, на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14789

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.