Јотам Отоленги во книгата за готвење „Plenty more“ открива нова вкусна димензија на зеленчукот

Од салата, додаток за главното јадење или малата чинија за гарнир, зеленчукот стана главно јадење, а зрната добија ново шарено руво и нов стил. Тоа е револуција која е смела, живописна и која постојано се шири. Во издигнувањето на зеленчукот во главен специјалитет многу помогна интернационалниот бестселер – книгата за готвење „Plenty more“ од познатиот британски готвач, роден во Израел, Јотам Отоленги. Книгата неодамна излезе на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

„Plenty more: живописни зеленчукови рецепти за изобилство од вкусови“ е книга за готвење што го лансираше Јотам Отоленги од одличен готвач-шеф, сопственик на ресторан во Лондон и колумнист во британските весници, во светски прочуена личност од областа на кулинарството и исхраната. Во ова свое популарно дело, Отоленги презентира над 120 рецепти на зеленчукови јадења, кои како понуда можат да се најдат во специјализирани вегетаријански ресторани низ светот, со цел да бидат достапни за секој љубител на вкусна и здрава храна во сопствениот дом. Живописни фотографии го придружуваат секој рецепт во ова извонредно дизајнирано издание на Отоленги, а книгата е интересна за луѓе со вегетаријански начин на исхрана, но и за оние што претпочитаат јадења од месо со додаток на зготвен зеленчук.

Јотам Отоленги во книгата го истражува разновидното царство на вегетаријанска храна со целосно оригинален пристап. Организирани по метод на готвење, повеќе од 150 блескави рецепти ги нагласуваат зачините и смелите вкусови. Од инспирирани салати до обилни главни јадења и вкусни десерти, Plenty More е нешто што мораат да го имаат и вегетаријанците, но и тие што јадат сè. Оваа визуелно неверојатна колекција ќе го промени начинот на кој готвите и јадете зеленчук.

„Plenty more: живописни зеленчукови рецепти за изобилство од вкусови“ веќе е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14790

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.