Наскоро нови книги и нов филм за сестрата на Шерлок, Енола Холмс

По успехот на првиот филм „Енола Холмс“, објавен во 2020 година на „Нетфликс“, популарниот стриминг-сервис деновиве објави дека е завршено снимањето на второто продолжение. Премиерата на „Енола Холмс 2“, со Мили Боби Браун во главната улога, се очекува да биде во текот на 2022 година. Судејќи според гледаноста на првиот филм (90% позитивни оценки од критиката на „Rotten tomatoes“) се очекува и вториот дел да биде мегахит на „Нетфликс“. Филмовите се базирани на бестселер-романите од авторката Ненси Спрингер за авантурите помалата сестра на познатиот детектив Шерлок Холмс.

Книжевниот серијал „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ на македонски јазик е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. На полиците на книжарниците „Литература.мк“ веќе се достапни првите две книги од серијалот: „Исчезнатиот маркиз“ и „Левораката дама“, а наскоро се очекуваат уште две нови продолженија: „Бизарните букети“ и „Необичното розово ладало“.

Досега, во периодот од 2006 до 2010 година, во Англија се објавени вкупно шест продолженија на серијалот. Романите се совршени за вљубениците во Шерлок Холмс, детективската фикција и мистериите.

Главната протагонистка на книгите и филмовите е 14-годишната Енола Холмс, екстремно интелигентна тинејџерка-детектив.

Исчезнатиот маркиз“ е првата книга од серијалот „Мистериозните случаи на Енола Холмс“. Кога Енола ќе открие дека мајка ѝ е исчезната, таа бргу тргнува во Лондон да ја бара. Но, дали е спремна за сè што ја очекува во големиот град? Таа бргу се замешува во киднапирањето на еден млад маркиз, истовремено е во бегство од опасни криминалци и од сопствените браќа – кои сакаат од неа да направат дама – а покрај тоа, се обидува да ги протолкува трагите што ќе ѝ го објаснат чудното исчезнување на мајка ѝ. Дали Енола ќе се справи со сите овие предизвици?

Во втората книга од серијалот, „Левораката дама“, Енола Холмс е во бегство! Зад петиците ѝ е, ни помалку ни повеќе, нејзиниот постар брат Шерлок Холмс. Сепак, додека се обидува да му се измолкне на легендарниот детектив – во најголемиот, најмрачниот и највалканиот град на светот – таа ги открива неочекуваните цртежи на леди Сесили, што ѝ оставаат силен впечаток. Но, леди Сесили е исчезната без трага. Храбро трагајќи по левораката дама низ темните улици на Лондон, Енола ризикува повеќе од што треба. Ги ризикува сопствениот идентитет и сопствениот живот, во случај многу покомплексен од обично исчезнување на една леворака дама.

Романите за Енола Холмс се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.