ВТОРИОТ ТИРАЖ ОД „ТОРОНТО ЕКСПРЕС“ Е ВО ПРОДАЖБА

За само три недели се распродаде првиот отпечатен тираж од книгата „Торонто експрес (Тибам штркот апдејт)“ од Зоран Спасов – Ѕоф. Книгата е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а со купување на книгата читателите добиваат и бесплатен ваучер за истоимената театарска претстава која се игра во Македонскиот народен театар, со Александар Микиќ во главната улога и во режија на Јордан Симонов. Овој спој на книга и театар, како што вeли авторот, има за цел да ја промовира македонската култура.

„Овој текст претставува прв обид да се спојат книгата и театарот. Уште на самиот почеток, сите три страни, јас како автор, издавачот „Арс Ламина” и Македонскиот Народен Театар, се договоривме да го сработиме овој проект без профит, со една единствена цел – промоција на македонската култура. Продадениот прв тираж и распродадените театарски претстави кажуваат дека сме успеале. Мене како автор овој успех ме прави посебно среќен затоа што, заедно со издавачот, го повторивме минатогодишниот успех кога романот ‘Тито, мојот претпоследен херој’ стана хит и беше печатен во неколку тиражи“, рече Sоф.

„Торонто експрес“ е ново, дополнето издание на популарната книга и литературен првенец на Ѕоф, „Тибам штркот“, а илустрациите на корицата и во внатрешноста на книгата се на стрип-авторот Михајло Димитриевски – Тxе Мичо. Делото претставува документаристичка стрип-проза; еден вид фотонарација со блиц, зум и слободен кадар и фокус; „водич за идните печалбари и тазе имигранти“, како што вели самиот автор, или литерарен прирачник за заминување, но и за враќање од Канада. Ова е приказна што брзо и неосетно влегува под кожа: популарна, ефектна, штосна, документарна и есеизирана; приказна што „шверцува“ нашинство и носталгија во далечниот, среден свет каде што објективно тоа не е предвидено. Напишана на скопски сленг, книгава нуди една нова форма на битовост, на модерно печалбарство, актуализирајќи го вековниот проблем на иселувањето на нашиот народ на еден автентичен, самосвоен и мошне читлив, ведар и духовит начин.

Вториот тираж од книгата е отпечатен и е веќе достапен во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн преку www.literatura.mk на следниот линк: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14766.

Во промотивниот период, со секој купен примерок од книгата „Торонто експрес“, во книжарниците „Литература.мк“, следува ваучер за влезница за некоја од изведбите на претставата „Торонто експрес“. Ваучерите можат да се заменат за влезници во билетарницата на МНТ.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.