Донација на „Литература.мк“ и „Арс Ламина“ во хуманитарната акција на Црвен крст – „Подари пакетче, подари радост“

Книжарниците „Литература.мк“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ донираа 350 изданија за деца во предновогодишната хуманитарна акција на Црвен крст – Кисела Вода, „Подари пакетче, подари радост“. Под мотото „Вистинските суперхерои носат срце полно љубов“, на 24 декември, во Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Пролет“ во Скопје беа доделени пакетчиња на деца од социјален ризик, како и на дечиња со посебни потреби, од девет организации и здруженија. Донацијата беше наменета за децата од СОС Детско село, Здружението за деца со спинална мускулна атрофија, Здружението на деца со интелектуална попреченост, ПОУ „Д-р Златан Сремец“, здружението „Ластовици“, здружението „Во мојот свет“, НВО „Пркос“, „Мобилност“ и здружението „Цедуз“.

Пакетот со донација од „Литература.мк“ и „Арс Ламина“ содржеше изданија од серијалот „Пчеличката Маја“. Станува збор за сликовниците „Добре дојде на ливадата“, „Пази се од мечката!“, „Лажната оса“ и „Каде е мама?“, боенките „Мојата прва боенка“, „Мојата прва цртанка“, боенките со налепници: „Еден ден крај езерцето“ и „Маја и пријателите“. Во донацијата беа вклучени и книгите со активности: „Весела пишуванка: ги учиме буквите и зборовите од светот на пчеличката Маја“, „Весела броенка: броиме, пишуваме, боиме и цртаме“, „Весела вежбанка: учиме бои и форми“ и „Книга со активности: боиме, цртаме, играме и решаваме“. Тие беа дел од пакетчињата што волонтерите им ги врачија на дечињата.

Предновогодишната хуманитарна акција „Подари пакетче, подари радост“ се одржува по четврти пат, во организација на волонтерите на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кисела Вода, во соработка со Секторот за внатрешни работи, Скопје и Интернационалната полициска асоцијација (ИПА), Скопје. Во акцијата се вклучија над 30 хумани приватни компании и лица, како и неколку основни училишта и градинки. Хуманите граѓани дарија радост и убавина во 400 детски срца.

Ова е трета година по ред како „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ се вклучуваат во донаторската акција „Подари пакетче, подари радост“ на Црвен крст – Кисела Вода. И претходните години беа донирани книги за дечиња од здравствен и социјален ризик, сè со цел да им го разубават новогодишниот период, да им помогнат во учењето и да им го направи поиздржлив тешкиот период на лекување.

Извор на фотографии: https://www.facebook.com/ckkiselavoda
Фото: Тони Блажевски (фото-студио „Белмондо“)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.