Среќна Нова година и зимски распуст со „Матеј и Луна“

Покрај веќе добро познатата новогодишна сликовница „Дедо Мраз кај Матеј и Луна“, едицијата за братчето и сестричка близнаци Матеј и Луна сега е дополнета со боенките „Нова година со Матеј и Луна“, „Зимска боенка со Матеј и Луна“ и сликовницата со активности „Матеј и Луна на зимски распуст“.

Серијалот „Матеј и Луна“, кој е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, претставува комбинација на весели приказни за близначињата Матеј и Луна со различни загатки и активности со цртање, боење, почетно пишување, броење, сметање. Овие сликовници со активности се наменети за дечињата од предучилишна и раноучилишна возраст. Тие ќе бидат одлична забава за време на новогодишните празници и за време на зимскиот распуст.

„Матеј и Луна на зимски распуст“

Близначињата Матеј и Луна зимскиот распуст ќе го поминат на село, кај баба Вера. Токму на денот на нивното заминување почнува да паѓа снег. Како и зимата да се радува на распустот. Ја наметнува природата со бела, снежна покривка: бели се дрвјата, бело е небото, бели се крилцата на врапчињата, бела е детската радост. Прочитај ја приказната и уживај во многуте активности заедно со Матеј и Луна, баба Цвета, баба Вера и децата од селото. Цртај, бој, пишувај, решавај загатки, забавувај се и можеби и ти ќе го слушнеш аплаузот на снешковците или ќе го видиш бувот кој ноќе ги чува соништата на децата.

„Дедо Мраз кај Матеј и Луна“

Се ближи Нова година, а близначињата Матеј и Луна се на гости кај баба им Цвета. Тие веќе испратија писмо до Дедо Мраз и очекуваат подароци, но изгледа дека тој има нешто друго на ум… Прочитај ја приказната и решавај многу загатки во оваа сликовница со активности: цртање, боење, пишување, броење, сметање и уште многу забава!

Изданијата од серијалот „Матеј и Луна“ се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк: https://bit.ly/3Hjj9pF

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.