Во нови зимски и новогодишни авантури со „Дина и Додо“

Во овој период на празнување и дарување, израдувајте ги најмладите со новите зимски и новогодишни авантури на Дина и Додо. Интерактивни, забавни и едукативни, со интересни илустрации и празнични приказни се новогодишните и зимски сликовници, боенки и книги со активности, кои се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн преку www.literatura.mk.

Поттикнување на детската креативност

На голема радоста на сите љубители на популарниот серијал за деца „Дина и Додо“, оваа Нова година пристигнаа осум нови интерактивни изданија. Станува збор за новата сликовница „Чорапот на Дедо Мраз“, пет мали и големи новогодишни и зимски боенки, како и двете интерактивни изданија: „Дина и Додо: Книга со активности 6, Зимски лудории“ и „Дина и Додо: Книга со активности 7, Новогодишна приказна“. Овие публикации одлично се надоврзуваат на новогодишната и зимска приказна од веќе добро познатите сликовници „Двајца Дедо Мразовци“ и „Снешко смешко“.

„Бој со Дина и Додо“

Серијалот е дополнет со боенките за најмладите: „Бој со Дина и Додо 1: Голема зимска боенка“, „Бој со Дина и Додо 2: Голема новогодишна боенка“, „Бој со Дина и Додо 3: Мала зимска боенка“, „Бој со Дина и Додо 4: Мала зимска боенка“, „Бој со Дина и Додо 5: Мала новогодишна боенка“. Низ страниците на овие изданија ќе најдеш најразлични илустрации со Дина и Додо, кои можеш да ги обоиш по твоја желба! Овие изданија помагаат во развивање на фините моторни вештини на мускулите на рацете и прстите (графомоторни вештини), за јакнење на концентрацијата и за поттикнување на детската љубопитност, фантазија и креативност.

„Дина и Додо: Книги со активности“

Преку новите интерактивни изданија: „Дина и Додо: Книга со активности 6, Зимски лудории“ и „Дина и Додо: Книга со активности 7, Новогодишна приказна“, решавајќи ги загатките, децата ќе учат и истовремено ќе се забавуваат за време на зимскиот распуст.

Низ вежбанките ќе најдат многу забавни активности и загатки за решавање – од лавиринти и пронаоѓање различни или исти предмети, цртање од точка до точка, боење, до откривање скриени предмети и зборови, активности со броење и собирање и судоку загатки! Овие книги се добри за развој на логичките капацитети и способности кај децата, за јакнење на концентрацијата и за поттикнување на детската љубопитност, фантазија и креативност.

„Двајца Дедо Мразовци“ и „Снешко смешко“

Дали верувате во Дедо Мраз? А во двајца Дедо Мразовци? Што ќе се случи кога Дина и Додо ќе ја дочекаат новата година, не со еден, туку со двајца Дедо Мразовци, прочитајте во сликовницата „Двајца Дедо Мразовци“. А, знаете ли како се прави снешко? А смешко? Хе, хе, ако не знаете, прочитајте во снежната авантура на Дина и Додо – „Снешко смешко“…

Дина и Додо се братче и сестриче кои, како и сите деца, многу сакаат авантури. И тоа какви авантури! Во „Авантурите на Дина и Додо“ читаме приказни, решаваме загатки, учиме нови работи, мноооогу се смееме на глас, но и… раскажуваме свои приказни! Секоја од приказните може да има различен крај! Како? Останува на нашите мили мали палавковци (оние слични на Дина и Додо) самите да го раскажат!

Изданијата од серијалот „Дина и Додо“ се достапни на следниот линк: https://bit.ly/3syZbDk

Каталогот со новогодишната понуда на „Литература.мк“ можете да го разгледате на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.