„Арс Ламина“ донира книги од едицијата „Лесно читливи лектири“ за библиотеката на ООУ „Киро Глигоров“

Со цел поттикнување на читачките навики кај учениците издавачката куќа „Арс Ламина“ донира пакет книги на ООУ „Киро Глигоров“ – Скопје. Со оваа донација ќе се збогати книжевниот фонт во училишната библиотека. Станува збор за читанки од едицијата „Лесно читливи лектири“, кои се наменети за деца што сакаат да прочитаат книга плус. Книгите се со ознаката „Лесно читливи“ и се изработени со внимателно избрани фонтови, приспособени за децата во фаза на описменување, како и за лицата со дислексија. Направени се според светските стандарди за дислексија, а вклучуваат и речник на помалку познати зборови, како и активности за работа на час. Книгите се одобрени и препорачани и од Здружението за дислексија „Ајнштајн“.

На средбата со претставниците од „Арс Ламина“, од училиштето нагласија дека „донацијата на книгите е повеќе од добредојдена, бидејќи училиштето е релативно ново и библиотеката допрва се полни со книги. Оваа акција е во интерес на учениците“.

– Изразуваме голема благодарност до издавачката куќа „Арс Ламина“, која покажа хуманост преку донирање на детски лектирни изданија адаптирани за децата со дислексија. Книгата е најдобрата алатка со чијашто помош децата најдобро го спознаваат светот околу себе. Оваа акција ќе ги мотивира учениците да читаат и да го надградат своето знаење со книги и изданија од врвни светски и македонски автори – рекоа од ООУ „Киро Глигоров“.

Долгорочна мисијата на издавачката куќа „Арс Ламина“ е да ги направи книгите подостапни до сите читатели.

– Ние сме убедени дека читањето не треба да биде привилегија, туку право. Секојдневно се обидуваме да ги направиме книгите сè подостапни до читателите. Воедно, тоа значи и адаптација на одредени изданија, нешто што за нас е и предизвик и задоволство. Тоа и ни беше инспирација за едицијата „Лесни читливи лектири“, со којашто, по првпат во македонското издаваштво, лектирите се изработуваат според стандардите за дислексија. Тие се направени по насоките на Здружението за дислексија „Ајнштајн“. Досега, преку нашиот импринт „Либи“, објавивме 80-тина лектири од листата за основно образование одобрена од Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука, на македонски и на албански јазик. Во оваа едиција, која се збогатува секојдневно со нови публикации, застапени се задолжителни и изборни лектири од второ до деветто одделение, како и читанки за сите деца кои сакаат да прочитаат книга плус – велат од „Арс Ламина“.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.