„Седумте мажи на Евелин Хуго“ три месеци по ред е најпродавана книга во „Литература.мк“

Три месеци по ред, интернационалниот бестселер „Седумте мажи на Евелин Хуго“ од Тејлор Џенкинс Рејд е најпродавана книга во книжарниците на „Литература.мк“. Приказната за возрасната и повлечена холивудска филмска икона Евелин Хуго, која конечно е подготвена да ја каже вистината за нејзиниот гламурозен и скандалозен живот ја предводи топ-листата со најбарани романи од областа на фикцијата за ноември. Следува книжевниот првенец на познатата актерка и професорка Синоличка Трпкова, „Никогаш не кажувам“, кој беше промовиран во текот на минатиот месец, во книжарницата „Literatura.mk Superstore“ во „Скопје сити мол“. Високо на листата се и романите трилогијата на Кери Лонсдејл, „Сè што даваме“, книгата „Жената со црвена коса“ од најпознатиот современ турски писател Орхан Памук, како и „Мојата Пепелашка“ и „Совршенство“ – двете нови книги од серијалот „Безнадежно“ од најпродаваната авторка на „Њујорк тајмс“, Колин Хувер. Книгите се во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во продолжение е топ 10 листата со најпродавани книги во ноември.

1. „Седумте мажи на Евелин Хуго“ од Тејлор Џенкинс Рејд

Најчитаната книга во ноември е „Седумте мажи на Евелин Хуго“ од Тејлор Џенкинс Рејд во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Приказната се движи околу возрасната и повлечена холивудска филмска икона Евелин Хуго, која конечно е подготвена да ја каже вистината за нејзиниот гламурозен и скандалозен живот. Но, кога ќе ја ангажира анонимната репортерка Моник Грант за тоа, никој не е поизненаден од самата Моник. Зошто неа? И зошто сега? Моник не е баш на врвот на светот. Сопругот ја напуштил, професионалниот живот ѝ е во ќор-сокак. И покрај тоа што не знае зошто Евелин ја избрала да ја напише нејзината биографија, Моник е решена да ја искористи можноста и да почне своја кариера. Моник е поканета во луксузниот апартман на Евелин, каде што фасцинирано слуша додека актерката ѝ ја раскажува нејзината приказна. Од пробивот во Лос Анџелес во педесеттите до нејзината одлука да го напушти шоу-бизнисот во осумдесеттите години и, секако, седумте сопрузи попатно, Евелин раскажува приказна за безмилосни амбиции, неочекувано пријателство и голема забранета љубов. Моник почнува да чувствува вистинска поврзаност со легендарната ѕвезда, но како што приказната на Евелин се приближува кон крајот, така станува јасно дека нејзиниот живот се испреплетува со оној на Моник на трагичен и неповратен начин.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14712

2. „Никогаш не кажувам“ од Синоличка Трпкова

Оваа топла, болна и самосвесна хибридна книга со силно удрен личен печат врз секој збор во неа е прво вистинско книжевно дело на Синоличка Трпкова. Многуте творечки и уметнички искуства на авторката се миголат низ текстот како отровни змии, но летаат и како раскошни пеперуги во сите бои на радоста и на тагата. Писателот во Синоличка Трпкова трпеливо чекал да дојде на ред. И еве го, пред нас во „Никогаш не кажувам“. Кажувајќи и раскажувајќи без премногу интерпункции и три точки.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14735

3. Трилогија „Сè“ од Кери Лонсдејл

Книгите од трилогијата „Сè“на најдобро продаваната авторка на „Вол стрит џурнал“, Кери Лонсдејл: „Сè што чуваме“, „Сè што оставаме“ и „Сè што даваме“, беа најбараните во „Литература.мк“ во ноември.

„Сè што чуваме“ е дебитантски роман на Кери Лонсдејл и прв од трилогијата „Сè“. Во него се обработуваат темите на очајот од загубата, еуфоријата од новото вљубување и нештата што го забрзуваат пулсот при налетот на вистината за драгите личности и на што сè се подготвени тие за да нè заштитат. Ејми Тирни го има вистинскиот рецепт за совршен живот: да се омажи за нејзината прва љубов од детските денови, да основаат семејство и да го откупи ресторанот на родителите. Но, кога нејзиниот свршеник, Џејмс Донато, ненадејно исчезнува во бродска несреќа, нејзината визија за светла иднина заедно со него исчезнува во морето. Наместо да чекорат накај олтарот на нивниот свечен ден, Ејми се наоѓа на неговиот погреб – настан што ја остава крајно вознемирена.

„Сè што оставаме“ е продолжение на романот „Сè што чуваме“. Два месеца пред неговата венчавка, финансискиот раководител Џејмс Донато го следи неговиот брат Фил, кој е вмешан во матни зделки, во Мексико, каде што исчезнува во морето и го прогласуваат за мртов. Шест и пол години подоцна, тој се буди од состојба на дисоцијативна фуга во Оаксака, каде што живее како Карлос Домингез, вдовец и татко на два сина, со неговата балдаза Наталија Хејес, некогашна професионална сурферка, која му помага да се одржи во живот. Но, неговата свршеничка и најголема љубов, Ејми Тирни, продолжува со својот живот. Таа е омажена и има дете. Разочаран од сознанието, Џејмс и неговите синови се враќаат во Калифорнија. Но, Фил наскоро ќе излезе од затвор и ќе го побара Џејмс, кој посведочил нешто во Мексико што би можело повторно да го врати Фил зад решетки. Под сè поголем притисок на семејството, Џејмс, заедно со синовите, патува во Куаи, барајќи засолниште кај Наталија. Како што Џејмс почнува да ја открива мистеријата зад неговиот идентитет, опасноста се чини постојано блиску, а Наталија можеби е единствената личност на која може да ѝ верува.

Преполн тензија, мистерија и романса, последниот роман од трилогијата на Кери Лонсдејл, „Сè што даваме“, носи моќна завршница на возбудливиот серијал за љубовта, лагите и тајните што ги чуваат семејствата. Наградуваниот фотограф Ијан Колинс прави само една грешка во животот, што ја чини слобода неговата мајка и уништено семејство, оставајќи го сам да се грижи за себе. Со години тој е разделен од татко му, а на мајка му ѝ се губи секаква трага. Сè додека тој сам не тргне во потрага по неа. Денес, се чини Ијан има сè што отсекогаш посакувал – национална слава како фотограф, својата сакана сопруга Ејми и нивната обожавана ќерка Кети. А сепак, како да му недостигаат само две нешта: да се појави во „Нешнел џиографик“ и да ја пронајде мајка му. Кога познатото списание му понудува проект од неговите соништа, во истиот ден се појавува поранешниот свршеник на Ејми – Џејмс, кој му пренесува важна порака и остава белег на неговиот брак. Ијан мора да направи избор: да ја зграпчи посакуваната работна задача или да се поврзе со мистериозната жена која можеби го има клучот од разрешницата на неговото неспокојно минато. Но, влоговите се преголеми, затоа што Ијан може да го загуби она што му е највредно: неговото семејство.

Книгите од трилогија „Сè“ од Кери Лонсдејл се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/ListBooksByAuthor.aspx?aut=8667

4. „Жената со црвена коса“ од Орхан Памук

„Жената со црвена коса“ е комплексен роман во кој се испреплетуваат политиката и психологијата, книжевноста и стварноста, Западот и Истокот. Приказна преокупирана со таткоубиството и цар Едип на Софокле; но, исто така, и приказна за синоубиството, за Рустем и Сухраб, раскажана во епот „Шахнаме“ на персискиот поет Фирдуси. Роман што уште еднаш ја потврдува комплексноста и сериозноста на Орхан Памук. При крајот на XX век, во град близу Истанбул, мајсторот Махмут и неговиот чирак Џем копаат бунар на едно навидум пусто и суво место. Мачејќи се да стигнат до скапоцената вода – што ќе го „разбуди“ местото и ќе ја поттурне економијата – тие развиваат длабок однос: Махмут го пронаоѓа синот што никогаш го немал, а Џем таткото што го напуштил. Во меѓувреме, на сцена стапува жената со црвена коса, а во Онгорен се случува страшна и голема несреќа, несреќа што ќе остави длабока траума во животот на момчето. Орхан Памук е можеби најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 2006 година. Неговите дела се занимаваат со соочувањата помеѓу Истокот и Западот, со проблемите на уметноста и на идентитетот, а честопати се споредувани со оние на Џојс, Набоков и Маркес.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14736

5. „Мојата Пепелашка“ и „Совршенство“ од Колин Хувер

Двете нови книги, „Мојата Пепелашка“ и „Совршенство“, од најпродаваната авторка на „Њујорк тајмс“ ‒ Колин Хувер се најдоа на петтата позиција. Станува збор за третиот и четвртиот дел од серијалот „Безнадежно“ на Хувер, во кој досега се објавени романите „Безнадежно“ и „Изгубена надеж“, сите во издание на „Арс Либрис“.

Во „Мојата Пепелашка“, една случајна средба ги наведува осумнаесетгодишниот Даниел и девојката која случајно налетува на него да си искажат љубов еден на друг. Но, оваа љубов има услови: се согласуваат дека ќе трае само еден час и ќе биде замислена. Кога ќе помине тој еден час и девојката ќе отрча како Пепелашка, Даниел се обидува да се убеди себеси дека она што се случило помеѓу нив изгледало совршено само зашто тие се преправале дека е совршено. Моменти како овие со девојка како оваа не се случуваат надвор од бајките. Една година и една лоша врска подоцна, неговото неверување во инстант-љубов исчезнува во моментот кога ќе ја запознае Сикс: девојка со чудно име и уште почудна личност. Но, Даниел наскоро сфаќа дека бајките не постојат и, за жал, пронаоѓањето на Пепелашка не е гаранција за нивното „среќни засекогаш“… тоа е само дополнителна закана. Дали тајната од минатото ќе ја загрози единствената шанса што ја имаат?

„Совршенство“ е новела што на сцената ги враќа некои од најомилените ликови на Хувер. Раскажана од гледна точка на Даниел од „Мојата Пепелашка“, читателите конечно ќе го добијат заклучокот на кој се надеваа. За најдобро читателско искуство и комплетирање на оваа трогателна приказна, препорачуваме да ги прочитате и претходните три дела од серијалот: „Безнадежно“, „Изгубена надеж“ и „Мојата Пепелашка“.

Книгите од серијалот „Безнадежно“ се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/ListBooksByAuthor.aspx?aut=7028

6. „Дамски гамбит“ од Волтер Тевис

Осумгодишното сираче Бет Хармон е тивко и повлечено девојче со невпечатлива појава. Така е сè додека не ја изигра првата партија шах. Нејзините сетила се изоструваат, размислува појасно и првпат во животот чувствува дека има контрола. На 16-годишна возраст, таа веќе се натпреварува на Отвореното првенство на САД. Но, како што ги усовршува вештините на шахот и зачекорува на патот на успехот, нејзината изолација станува сè позастрашувачка, а помислата за бегство сè попримамлива. На овој роман е базирана истоимената мегапопуларна ТВ-серија на „Нетфликс“.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14527

7. „Париската библиотека“ од Џенет Скеслин Чарлс

Годината е 1939, а местото е Париз. На младата, убава и амбициозна парижанка Одил Суше сè ѝ оди од рака: ја добива својата работа од соништата во Американската библиотека во Париз и почнува љубовна врска со згодниот и либерален полицаец Пол, кој ја сака и ги поддржува нејзините соништа и амбиции. Но, Германија секавично напредува во војната, а Париз е под опсада и преполн со нацистички војници. Сè што ѝ е мило на Одил, вклучувајќи ја и Американската библиотека, може да исчезне секој момент. Годината е 1983, а местото е малото гратче Фројд во Монтана. На тинејџерката Лили ништо не ѝ оди од рака. Непопуларна е на училиште, не може да го освои момчето кое го посакува, а мајка ѝ одеднаш тешко се разболува. Но, тука е нејзината софистицирана и образована сосетка со странско потекло со која полека се зближува. Таа со нејзиниот ум и со нејзиното однесување отскокнува од здодевното секојдневие на малиот град, а нејзиниот живот и минатото се обвиткани со мистерија и тајни. Лили не знае колку тие тајни засекогаш ќе ѝ го сменат животот.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14544

8. „Извонредните авантури на Арсен Лупен, џентлмен крадец“ од Морис Леблан

Првата книга од серијалот за легендарниот џентлмен крадец Арсен Лупен од францускиот писател Морис Леблан, објавена на англиски јазик со наслов „The extraordinary adventures of Arsène Lupin, gentleman-burglar“, е меѓу најбараните книги во ноември. Арсен Лупен е еден од најпознатите книжевни ликови, тој е џентлмен, но и елегантен крадец, криминалец – пандан на генијалниот британски детектив Шерлок Холмс. Врз основа на овој лик, стриминг-сервисот „Нетфликс“ на почетокот на оваа година ја реализираше француската ТВ-серија „Лупен“ со харизматичниот Омар Сај во главната улога. „Извонредните авантури на Арсен Лупен, џентлмен крадец“ е прва збирка раскази на Леблан што раскажува за авантурите на Арсен Лупен и е објавена во 1907 година. Toj е духовит човек полн со доверба – Шерлок Холмс за криминал. Сиромашните и невините немаат од што да се плашат; често тие профитираат од неговата спонтана великодушност. Богатите и моќни како и детективот кој се обидува да му ја расипе забавата, сепак мораат да внимаваат. Тие се мета на пакоста и одмаздата на Арсен.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14561

9. „Љубов во време на колера“ од Габриел Гарсија Маркес

Длабоката младешка љубов на Флорентино Ариса и Фермина Даса се соочува, последователно, со три сериозни пречки: неодобрувањето од таткото на Фермина, едно патување за заборав и докторот Хувенал Урбино, најпосакуваниот ерген во областа. Последната пречка се чини погубна: набрзо Фермина се венчава со Хувенал. Но, Флорентино Ариса е поет, музичар, романтичар: педесет и една година, девет месеци и четири дена по нивната прва средба, на погребот на нејзиниот сопруг, со шапка принесена до срцето, Флорентино ѝ го повторува на Фермина својот завет за вечна верност и љубов. За волја на вистината — шестотини дваесет и две внимателно прибележени љубовни авантури подоцна.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=12760

10 „Мистериозниот случај во Стајлс“ од Агата Кристи

Дејството на овој роман се одвива во Англија за време на Првата светска војна на имотот Стајлс Корт, каде што живеат повеќе членови од семејството на Емили Инглторп. Таа го има наследено имотот од нејзиниот прв сопруг, покојниот господин Кавендиш. Едно утро Емили ја наоѓаат мртва, со голема веројатност дека била отруена, што само по себе веднаш станува мистерија. Се работи за очигледно убиство, но со оглед на тоа што нејзината соба е заклучена однатре, не се знае кој успеал да го стори злосторството. За Херкул Поаро мотивот за убиството на Емили Инглторп е нејзиното богатство, а осомничени се речиси сите од домаќинството: нејзиниот млад сопруг Алфред Инглторп, посиноците Џон и Лоренс Кавендиш, како и Мери, сопругата на Џон, Синтија, штитеничката на Емили, и Евелин, нејзината верна придружничка. Романот „Мистериозниот случај во Стајлс“, објавен во 1920 година, е првиот роман на Агата Кристи во кој се среќава ликот на Херкул Поаро, каде што тој на брилијантен начин ќе успее да поведе истрага и да го реши ова убиство.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14481

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.