Книгата за деца „Мистериозниот град под калето“ од Александра Тодоровиќ објавена и на англиски јазик

По успехот на македонското издание, наградуваната книга за деца „Мистериозниот град под калето“, од авторката Александра Тодоровиќ, деновиве излезе од печат и на англиски јазик. Делото, кое е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е со илустрации на Марко Јанев.

Оваа интерактивна книга за деца е посветена на Скопје и на неговата историја, поточно периодот под османлиска власт. Станува збор за роман-авантура, базиран на концептот прашање и одговор, каде што самиот читател го одредува текот на настаните и дејството, преку избор на страницата што ќе се сврти. Првпат на нашиот пазар, ваквата иновативност е директно поврзана со податоците за градот и аспектите од неговото културно наследство: спомениците, настаните, начинот на облекување, храната, јазикот. Оваа книга не се чита по вообичаен редослед. Младите читатели низ страниците се сретнуваат многу предизвици. Ќе се запознаат со Скопје и со јунаците од неговото минато кои се споменуваат и до ден-денес, бидејќи со своите дела, храброста и јунаштвото оставиле печат зад себе. Со помош на оваа авантура ќе научат еден дел од историјата што е значаен за нашиот главен град. Ќе посетат многу објекти значајни за тоа време и кои до ден-денес постојат за да нè потсетуваат дека Скопје е град со многувековна традиција.

Книгата Мистериозниот град под калето“ беше првично промовирана минатата година, со онлајн-промоција, по што следуваше и претставување во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“.

„Мистериозниот град под калето“ победи во конкуренцијата за најдобри Детски книги и сликовници на изборот Reader’s Choice Book Awards 2021. Исто така, за време на годинашниот Саем на книгата, во рамките на наградите на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), го освои второто место во категоријата за најдобра книга за деца и млади. Ова признание се доделува за оригинални изданија или адаптации, при кои е видлива заслугата на издавачот за нивниот краен изглед и содржина.

Двете верзии на „Мистериозниот град под калето“ се застапени во сите книжарници на „Литература.мк“.

Англиската верзија на книгата онлајн може да се нарача преку следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14796

Македонското издание е достапно на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14448

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.