Мотивациски книги што беа најчитани минатиот месец

Мотивациски книги за подобрување на квалитетот на нашето секојдневие, за создавање на среќни спомени, за уметноста на едноставното живеење и откривање на скриените моќи на нашиот внатрешен глас, се меѓу најбараните изданија во книжарниците „Литература.мк“ минатиот месец. Од областа на нефикцијата, во ноември беа барани и новиот водич за родителство, како и „Астрофизика за луѓе кои немаат време“ од Нил Деграс Тајсон и првиот дел од книгите посветени на пандемијата со Ковид-19 од славниот словенечки филозоф Славој Жижек. На топ 10 листата се и популарните готвачи на младиот македонски готвач. Книгите, кои се во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, а можат да се нарачаат и онлајн, преку www.literatura.mk.


1. „Уметноста на создавање спомени“ од Мајк Викинг

Мајк Викинг, кој е истражувач на среќата и најпродаван автор на „Њујорк тајмс“, во книгата „Уметноста на создавање спомени: како да создавате и да помните среќни моменти“ открива како да создавате и да помните среќни моменти, кои го прават животот посладок. Секоја година имаме на располагање фиксен број денови. Некои денови нè одминуваат не оставајќи никаква трага зад себе, а некои ги помниме засекогаш. Дали го паметиш првиот бакнеж? Или највкусниот оброк? Или мирисот на свежо потстрижената трева на совршен летен ден? Кога нашите сетила се стимулирани, кога ќе ја искористиме моќта на првите искуства и кога сме свесни за сопствените чувства и емоции, полесно ќе ги зачуваме нашите среќни спомени. Повикувајќи се на научни истражувања на среќата, Мајк Викинг нè учи како да создаваме среќни спомени и како полесно да ги задржиме. Користејќи податоци и дневници, прашалници, глобални анкети и истражувања, научни осврти на однесувањето и експерименти со среќата, „Уметноста на создавање спомени“ ќе ни објасни како да создадеме совршени моменти. Моменти што ќе ги запаметиме засекогаш. Моменти што ќе ја обликуваат нашата личност.

Книгата е веќе достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

2. „ЗЕН: Уметноста на едноставното живеење“ од Шунмио Масуно

Преку јасни и практични лекции што се учат лесно – по една на ден во текот на сто дена – познатиот будистички свештеник Шунмио Масуно евоцира мудрост стара со векови за да ви покаже како да ја применувате суштината на зен-будизмот во модерното живеење. Станува збор за новата книга во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, „Уметноста на едноставното живеење: 100 секојдневни вежби од јапонски зен-монах за живот исполнет со мир и радост“ од Шунмио Масуно. Тука ќе научите како длабоко да издишувате за да ги исфрлите негативните емоции, како да го средувате својот дом едноставно, што ќе ви помогне да ги расчистите вашите мисли, да ги подредувате обувките навечер за да внесете ред во вашиот ум, да засадите едно цвеќе и да гледате како расте, помалку да се грижите за она што не можете да го контролирате и уште многу други нешта… Дури и ќе си создадете време за да не размислувате за ништо. Поедноставете си го животот со уметноста на зен-будизмот и научете како да се чувствувате порелаксирано, поисполнето и со обновено чувство на мир и спокој.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13682

3. „Гласот во нашата глава, зошто е важен и како да го користиме“ од Итан Крос

Итан Крос е наградуван психолог кој во оваа книга ни ги открива скриените моќи на нашиот внатрешен глас и ни покажува како да го искористиме во борбата со анксиозноста, како да си го подобриме психичкото и менталното здравје и како да ги продлабочиме нашите врски со другите. Кажете му на странец дека разговарате со себеси, мошне веројатно е дека ќе ве смета за ексцентрик. Кога разговараме со себеси, често се надеваме дека ќе го поттикнеме нашиот внатрешен тренер, но, наместо тоа, го поттикнуваме нашиот внатрешен критичар. Кога се соочуваме со тешка задача, нашиот внатрешен тренер нè охрабрува: Ајде, го можам тоа! Но, исто толку често, нашиот внатрешен критичар нè обесхрабрува: Нема да успеам. Сите ќе ми се смеат. Која е поентата?

Крос ги истражува тивките разговори што ги водиме со себе. Испреплетувајќи ги револуционерните проучувања на мозокот што ги спроведувал во неговата лабораторија со конкретни студии на случај, тој објаснува како внатрешните разговори ги обликуваат нашите животи, работа и врски. Тој предупредува дека препуштањето на негативни и дезориентирачки разговори со себе – што тој ги нарекува „брборење“ – можат да ни го нарушат здравјето, да ни го „спуштат“ расположението, да ни ги ограничат социјалните конекции и да почнеме да попуштаме под притисок.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14746

4. „Мала книга за хиге“ од Мајк Викинг

За Данска често се вели дека е најсреќната земја во светот. А тоа се сведува на една работа – хиге. Хиге се преведува на најразлични начини, од уметност на создавање блискост, преку пријатна душевна удобност, па до црпење задоволство од присуството на смирувачки нешта. Кога ќе го почувствуваш она што се нарекува хиге, едноставно го знаеш тоа. Тоа е она кога си стуткан на каучот со саканата личност или кога јадеш заедно со најблиските пријатели. Тоа се оние јасни сини утра кога светлината што ти влегува низ прозорецот е токму онаа вистинската. А никој не може да ти биде подобар водич за сето она што се подразбира под хиге од Мајк Викинг. Мајк е генерален директор на Институтот за истражување на среќата во Копенхаген и има поминато многу години во проучување на магијата на данскиот начин на живот. Почнувајќи од изборот на вистинското осветлување и сè околу планирањето забава, преку создавањето комплет за хиге прва помош, па дури и во однос на изборот на облека, оваа прекрасна и инспиративна книга на Мајк ќе ти помогне да бидеш по-хиге.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13584

5. „Разбуди го родителот во себе: како родителството да стане уживање“ од Соња Китановска-Кимовска

Како да се биде подобар родител? Како да се оствари подобра комуникација со децата? Како родителите да се справат со сите предизвици што ги носи воспитувањето на децата? Како родителството да стане уживање?… Ова се само дел од прашањата на кои одговара проф. Соња Китановска-Кимовска во својата книга за самопомош „Разбуди го родителот во себе“. Оваа книгата изобилува со применливи техники и активности што им овозможуваат на родителите непосредна позитивна интеракција и комуникација со децата и нивно мотивирање за позитивни промени. Методички практикум со кој авторката се впушта во најенигматичната и најблагородната мисија: воспитување на децата. Книга што има футуролошки димензии не само од научен аспект, како практичен труд, туку и од комерцијален аспект, наменета за најширокиот пазар: родители, детски градинки, основни училишта, библиотеки итн. Во оваа книга ќе се пронајде секој родител.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14626

6. „Астрофизика за луѓе кои немаат време“ од Нил Деграс Тајсон

Каква е природата на просторот и времето? Кое е нашето место во универзумот? Кое е местото на универзумот во нас? Ова е најдобриот водич во потрагата по одговорите на овие прашања што го зашеметуваат умот, напишан од познатиот астрофизичар и популарен автор Нил Деграс Тајсон. Но, современиот човек речиси и да нема време да размислува за вселената. Затоа, Тајсон пишува на оваа тема со разбирлив и лесно читлив стил, правејќи ги и најсложените вселенски концепти достапни за оние што немаат време. Додека чекате да се свари утринското кафе или да дојде автобусот, „Астрофизика за луѓе кои немаат време“ ќе ви го каже само најнеопходното за разбирање на вестите од областа на вселенските науки, но и за информирано учество во разговори на таа тема. Ќе знаете интелигентно да зборувате за Големата експлозија, црните дупки, кварковите и квантната физика, за откривањето нови планети и потрага по вонземски живот. Оваа книга речиси гарантирано ќе ги прошири вашите перспективи и ќе ги збогати вашите знаења, и тоа на начин што ќе ве предизвика да посакате уште.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13595

7. „Најдоброто од македонската кујна“ од Давор Панчевски

Храната е таа што ги спојува луѓето околу трпезата. Низ страниците на овој готвач ќе најдете вкусни појадоци за секое семејство, богати десерти што ги одбележуваат сите родендени, празници и слави, јадења за заедничките неделни ручеци, зимници и разни прилози што се неизоставен дел од македонската кујна… Готвачот „Најдоброто од македонската кујна“ содржи 125 едноставни и вкусни рецепти од македонската традиција што многу лесно ќе се вклопат и во денешниот брз начин на живеење. Во следните страници ви го претставувам старомодното готвење што конечно доби свое модерно освежување.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13486

8. „Фајронт во Сараево“ од д-р Неле Карајлиќ

Фајронт во Сараево раскажува приказна што почнува во една кафеана во Младеновац и, патувајќи кон Првото коронарно одделение на Ургентниот центар во Белград, суптилно се пренесува четириесетина години наназад, во предвоено Сараево, каде што границите на универзумот не ги надминуваат границите на Кошево, а носител на успехот и смислата на животот е фудбалскиот клуб „Жељо“. Д-р Неле Карајлиќ, ѕвездата на „Забрането пушење“ и на „Топ-листа на надреалистите“, се открива како еден од најскапоцените инсајдери на митските југословенски приказни. Тој патува во спомените испреплетени со сегашноста и пред читателите се открива како сонувач, жртва, визионер и вечен извор на идеи. Влијанието на „Забрането пушење“ во тогашниот југословенски и постјугословенски контекст е огромно и во оваа приказна добиваме една поинаква перспектива на историјата на рокенролот.

Пред нас се простира топла, емотивна и неодолива приказна за едно детско растење, созревање и стареење во земја натопена со крв, болка и нетрпеливост. На искрен, емотивен и духовит начин, оваа книга зборува за тоа како почна и како заврши сè.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13041

9. „Пандемија: Ковид-19 го тресе светот“ од Славој Жижек

Некои го сметаат за „најопасниот филозоф на Западот“. Славој Жижек е современ словенечки професор, критичар, самодеклариран „комунист во смисла на квалификации“, „радикален левичар“ и „христијански материјалист“ кој со еднаква страст зборува и за Хегел и за Бетмен. И покрај тоа што има напишано многу книги, најпознат е по неговите јавни настапи и предавања, чијашто популарност го етаблира како еден од најпознатите мислители на денешнината. Вели дека сите ние сме толку длабоко вградени во капитализмот, што не можеме да му побегнеме дури ни на сон. Како што пандемијата го обиколува светот, Жижек на изненадувачки јасен и лесно читлив начин ни го открива нејзиното подлабоко значење, притоа презентирајќи парадокси што воодушевуваат, а можните последици по светот се претставени толку јасно, што читателот ќе го облее пот. Живееме во време во кое врвен облик на внимание е физичката оддалеченост, а луѓето се зближуваат изолирани во своите домови. Владите кои до вчера систематски кратеа од фондовите за инфраструктура, здравство и образование – преку ноќ наоѓаат илјадници милијарди. Тоалетната хартија станува вредна и барана стока, а до вчера славните пејачи и глумци тонат во безначајност. Кој е можниот излез? Дури и ако одговорот не ви се допадне – како што нè уверува Жижек – неговата нужност се наметнува. Ова е само генерална проба за огромните промени што следуваат допрва.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14377

10. „Dave’s kitchen: гответе насмеани“ од Давор Панчевски

„Гответе насмеани“ е готвач наменет за сите оние мигови кога сакате да го соберете семејството на едно место, да уживате со пријателите, а воедно и да имате другар во кујната кој ќе ви се најде при рака кога ненадејно ќе ви се најават гости. Во време кога повеќето сакаат да зготват нешто набрзина, Панчевски создаде готвач што се води од мотото: минимален труд за максимално задоволство. Ова е книга за сите љубителите на готвењето и тие што допрва ќе почнат да експериментираат во кујната.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13417

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.