Со секоја сметка над 2.000 денари – подарок сет книги во „Литература.мк“

Предновогодишното празнување и подарување во книжарниците на „Литература.мк“ продолжува со нова акција. Од 24 до 31 декември, со секоја сметка над 2.000 денари, потрошувачите ќе добијат подарок сет книги. Ќе можат да одберат еден од петте специјално спакувани сетови со книги, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Првиот сет од оваа акција го сочинуваат книгите „Психосоматика“ од Билјана Велковска, „Хузур“ од Мартина Млинаревиќ и „Глас“ од Николсон Бејкер. Во вториот сет се: „Безнадежно“ од Колин Хувер, „Невини“ од Бурхан Сонмез и „ПР: љубовна приказна“ од Александар Илиќ. Третото пакување ги содржи хит-книгата „Е, баш ме заболе“ од Марк Менсон, „Трошка храброст“ од Бредли Тревор Грив и „Паун во земјата на пингвините“ од Б. Џ. Галагер Хејтли и Ворен Х. Шмит. Во четвриот избор се „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ, „Змејови од хартија“ од Мира Оташевиќ и „Секој полудува на свој начин“ од Стефан Чапалику. Петтиот сет книги за подарок ги содржи насловите: „Претседателот исчезна“ од Бил Клинтон и Џејмс Патерсон, „Долината на стравот“ од Артур Конан Дојл и „Без сон: шест смртоносни раскази“ од П. Д. Џејмс. Оваа акција важи само за набавките направени во книжарниците.

Инаку, во тек е новогодишната акција „Празнуваме и подаруваме“, која ќе трае до десетти јануари, во која има специјални новогодишни понуди на едукативни пакетчиња за деца и празнични новитети, како и попусти до 50 отсто и подарок книга за секоја купена книга. Посетителите на книжарниците, што ќе направат сметка над 2.000 денари, ќе имаат можност да изберат меѓу двете акции со дарување: подарок сет или гратис книга за секоја купена книга.

Каталогот со новогодишната понуда можете да го разгледате на следниот линк.

Повеќе за новогодишната акција „Празнуваме и подаруваме“ прочитајте на следниот линк:

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.