Нови читанки во издание на „Либи“ за сите деца кои сакаат да прочитаат книга плус

Читањето е супермоќ! Тоа е една од најубавите навики што децата ја стекнуваат уште од најраните години. Со книгите најпрвин се запознаваат преку слушање на приказните што им ги читаат возрасните. Преку нивната селекција, се гради и вкусот за литература на децата. Кога ќе научат да читаат добиваат бесконечна слобода и можности за подобро запознавање на светот. Со секоја новоотворена книга им се отвораат нови видици. Со секоја нова книга се поттикнува пасијата за читањето… Сѐ со цел да ги направи книгите подостапни до сите деца, продолжувајќи ја својата мисија за развивање и поттикнување на читачките навики кај најмладите, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја создаде едицијата „Лесно читливи“. Во овој серијал застапени се лектирни изданија од листата на лектири за основно образование одобрени од Министерството за образование и наука, како и читанки. За сите деца кои сакаат да прочитаат книга плус, ви претставуваме четири нови читанки во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за романизирана биографија на Кирил и Методиј „Аз, буки, веди…“ од Видое Подгорец, романот за млади „Светлосна година“ од Оливера Николова, книгата „Сестра ми живее на каминот“ од Анабел Пичер и романот за деца „Кога ми ги убиваа животните“ од Трајче Крстески.

Книгите се достапни во сите книжарници „Литература.мк“, како и онлајн на http://www.literatura.mk.

„Аз, буки, веди…“ од Видое Подгорец

„Аз, буки, веди…“ е романизирана биографија на солунските браќа Кирил и Методиј, апостолите на културниот развој на Словените, мисионери на христијанството и создавачи на глаголицата, најстарата словенска азбука. Видое Подгорец со ова дело, симболично насловено токму со имињата на првите три букви од тогашната азбука, дава исклучителен книжевен придонес кон приближување на далечниот деветти век, како и за објаснување и осветлување на вистинските заслуги на Кирил и Методиј пред денешните деца. На едноставен, топол и лирски начин се оживеани ликовите на светите браќа, на нивните (не)пријатели и ученици, а целиот поширок културен и временски контекст е предаден на многу разбирлив и приемлив начин. Историските факти се проткаени низ текстот со широко познавање што не ја оптоварува романизираната биографија, туку само ја поткрепува и ја збогатува.

Со оваа книга на Подгорец, Кирил и Методиј, како и создавањето на глаголицата, а потоа и нејзиното развивање во кирилица, им се приближуваат на децата од најубавата страна: од страната на книжевноста.

Книгата „Аз, буки, веди…“ е достапна на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14756

„Светлосна година“ од Оливера Николова

Книгата „Светлосна година“ од една од најзначајните македонски автори за деца и возрасни, Оливера Николова, е љубовен роман за млади. Во него успева да го опфати мачното снаоѓање на нашите луѓе во друга средина, проследено со потценување на сопствените вредности и чувство на неприпадност. Сознавањето токму на спротивното: дека различноста е преценета во однос на истоста на сите човечки битија е вистинската порака на „Светлосна година“. Љубовта и разбирањето на Другиот се решение на нашето време и на состојбите во кои нѐ фрла животот.

Книгата е достапна на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14613

„Сестра ми живее на каминот“ од Анабел Пичер

Џејми нема заплакано откако се случи тоа. А знае дека требало – Џасмин плачеше, мама плачеше, тато сè уште плаче. Роџер не, ама тој е само мачор, а и не ја познаваше Роуз многу добро… Сите постојано велеа дека со текот на времето ситуацијата ќе се подобрува, но тоа е само една од оние лаги што возрасните ги кажуваат во непријатни ситуации. Пет години подоцна, полошо е од кога и да е: тато пие, мама ја нема, а Џејми е соочен со прашања на кои мора да си одговори самиот. Ова е неговата приказна, еден на моменти непоколебливо стварен, но истовремено и емотивен и топол приказ на борбата на едно младо момче да ја разбере загубата што го разнебитува неговото семејство.

Книгата е достапна на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14711

„Кога ми ги убиваа животните“ од Трајче Крстески

Романот за деца „Кога ми ги убиваа животните“ е продолжение на романот „Светлина зад ридот“. Дејството од селото Живно се префрла во најблискиот град. Петре треба да тргне во средно училиште и Дедото заминува во град за да му обезбеди услови за живот, каде што подоцна му се придружува и Петре. Тие се зближуваат со едно момче по име Дамјан и со неговото семејство. Дамјан и Петре стануваат неразделни другари и заедно доживуваат секакви згоди и незгоди. Дедото со помош на градоначалникот успева да отвори зоолошка градина во дворот на куќата и донесува знајни и незнајни животни. Но, некој ги убива! Кој? И зошто?

Книгата е достапна на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14757

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.