Цел месец новогодишно празнување и подарување во книжарниците „Литература.мк“

Со подарок книга за секоја купена книга и попусти до 50 отсто почнува новогодишното прославување во книжарниците „Литература.мк“. Во акцијата „Празнуваме и подаруваме“, која ќе трае еден месец, од 10 декември до 10 јануари, ќе има специјални новогодишни понуди на едукативни пакетчиња за деца, намалувања на цените на книги и пакет книги, како и на различни производи од повеќе брендови.

Каталогот со новогодишната понуда можете да го разгледате на следниот линк.

Овие празници изненадете ги вашите најблиски со некои од најбараните книжевни наслови за секоја возраст и од секој жанр во издание на „Арс Ламина“, како и планери, агенди, нотеси, сетови за новогодишни декорации, едукативни играчки, сложувалки, кадифени играчки, ранци, куфери и друго.

Едукативните новогодишни пакетчиња се наменети за деца на возраст до пет години, како и за над пет години. Тие се исполнети со новогодишни книги и сликовници, боенки, изданија со загатки, едукативно-забавни игри, боички, букмаркери, честитки и многу други производи специјално избрани за соодветната возраст. Пакетчињата се со уникатно новогодишно книжно пакување.

Во понудата за најмладите се најновите празнични изданија на популарните серијали на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, „Дина и Додо“ и „Матеј и Луна“. Љубителите на „Дина и Додо“ ќе можат да уживаат во новата сликовница „Чорапот на Дедо Мраз“, двете нови книги со активности и пет нови зимско-новогодишни боенки. Оваа година авантурите на близначињата Матеј и Луна продолжуваат со новите изданија: „Нова Година со Матеј и Луна“ и „Зимска боенка со Матеј и Луна“.

Книгите се траен и здрав подарок, кому децата ќе му се радуваат со секое ново отворање. Оваа Нова година можете да ги израдувате своите најмили со најубавите книги за деца, кои се со специјални празнични попусти. Од книгите вклучени во акцијата „Празнуваме и подаруваме“ ја издвојуваме безвременската „Бајки од Македонија за целата година“, која е на попуст од 30 отсто. Можете да се одлучите и за поединечните илустрирани изданија на бајките и басните од Македонија. Одличен подарок за најмладите се трите сликовници од познатиот илустратор и автор Ване Костуранов: „Ѕвездено дете“, „Девојче и мече“ и „Девојчето и градот“, кои се на попуст од 30 отсто. Идеален дар можат да бидат и интернационалните бестселери за деца „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“ (прв и втор дел) од Елена Фавили и Франческа Кавало и „Приказни за момчиња кои не се плашат да бидат поинакви“ од Бен Брукс и Квинтон Винтер. За децата кој сакаат загатки, на попуст до 40 отсто се петте книги од серијалот „Загадочни приказни“ од Урош Петровиќ.

Со попуст од 30 отсто се забавните книжевни серијали за деца: „Тото мачката-нинџа“, „Кралот Светкошорц“ и „Академија за еднорози“. Книгите од еден од најомилените серијали во издание на „Либи“, за малечката вампир-самовила Исидора Мун од Хариет Мункастер, се со попуст од 15 отсто. Со исто намалување можат да се набават и изданијата за девојчето со супермоќ како мачка – Кити. Со намалување од 20 отсто се книгите од едицијата „Мачки детективи“ од Алесандро Гати: „Чудниот случај на исчезнатите колбаси“, „Голем напад на париската банка“, „Кој го украде златниот мачор?“, „Кој го грабна кралот на шпоретите?“, „Кој го намести Жан Мусташ?“ и „Крадец… отмен мачор“.

Големи попусти има и во делот на книгите за возрасни, каде што можат да се најдат македонски книжевни класици, светски бестселери, мотивациски книги, биографии, романи и друго.

Книгите од трилогијата „Темната граѓа“ од Филип Пулман: „Суптилниот нож“, „Килибарниот дурбин“ и „Поларна светлина“ се со попуст од 50 отсто. За сите дами, убав новогодишен подарок може да биде богато илустрираното издание „Мала книга за Мерилин“ од Мишел Морган, кој е на половина цена. Со попуст од 30 до 40 отсто се книгите „Драг Едвард“ од Ен Наполитано, „Очи на темнината“ од Дин Кунц, „Сребрениот куфер“ од Тери Тод, „Есен во Венеција“ од Андреа ди Робилант, „Младиот Кастро: како се создаваше еден револуционер“ од Џонатан М. Хансен, „Подарокот“ и „Сестрата“ од Луиз Џенсен, „Бегај“ од Харлан Кобен, „Те чекам“ и „Биди со мене“, „Дејзи Џонс енд Д сикс“ од Тејлор Џенкинс Рејд и други.

На листата со намалување од 30 отсто се книгите: „Доктор сон“ и „Сјаење“ од Стивен Кинг, „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски, „Транскрипција“ од Кејт Аткинсон, „Стаклен меч“ и „Кралски кафез“ од Викторија Авејард, „Дигитално злато“ од Натаниел Попер, „Украденото дете“ од Санџида Кеј, „Иднината на умот“ од Мичио Каку, „Јас сум Малала“ од Малала Јусафсај и други.

На попуст од 20 отсто е комплетот од двете хит-книги од Мајк Викинг со совети за подобар живот: „Уметноста на создавање спомени“ и „Мала книга за хиге: данскиот начин на добро живеење“.

Вреден и траен подарок е сетот со ексклузивните изданија на делата на Петре М. Андреевски, илустрирани од неговата внука Воскресија Андреевска, кои се во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во рамките на едицијата „Македонски книжевни класици“ објавени се неговите книги: „Боемите“ и „Пофалби и поплаки“ (во едно издание), „Бежанци“ и „Јазли“ (во едно издание), „Тунел“, „Лакримариј“, „Последните селани“, „Скакулци“, „И на небо и на земја“, „Дални наковални“ и „Вечна куќа: тажаленки“. Овие дела се со попуст од 20 отсто. Исто така, со толкав попуст се и романите од добитникот на Нобеловата награда за литература, еден од најзначајните современи турски писатели Орхан Памук: „Истанбул: Сеќавањата и градот“, „Белата тврдина“ и „Нов живот“.

Од книгите за млади ги издвојуваме изданијата од серијалот „Јас сум Миа“ од авторката Јана Мишо. Со намалување од 20 отсто се: „Јас сум Миа“, „Миа во Амстердам“ и „Новогодишна епизода (Јас сум Миа #2.5)“, а со повеќе од 30% намалување ќе може да се набави и „Јас сум Миа: Дневник за девојчиња“. На попуст од 30% се персонализираните нотеси „Ти и јас“, „Книга за Вас“ и планерот „Нашиот хаос“.

Попустите на книгите и нотесите важат во сите книжарници на „Литература.мк“, како и за нарачките онлајн преку http://www.literatura.mk.

Ова е период на подарување и споделување на убави моменти, а покрај книгите, во книжарниците на „Литература.мк“ се достапни и нотеси, декорации и други подароци. Во новогодишната акција со попуст од 50 отсто се кадифените сирени и мечиња, како и меките перничиња со емотикони од „Христакопулос“ и модерните ранци за деца и млади од „Серда“. На 40 отсто се коцките за деца од „Кого“ и постерите и стикерите за на ѕид со ликови од „Марвел“ и „Војна на ѕвездите“ од брендот „Абиси“. Со намалување од 30% се модерно дизајнираните куфери од „БГ Берлин“, торбите за мажи од „Ферари“, шолјите и алуминиумските шишиња со ликовите од „Дизни“ од брендот „Иган Дизни“, како и тротинети од „Скутерајз“. На новогодишно намалување од 20% се едукативните играчки од „Матадор“, играчките за конструкција на автомобили, авиони и градби од „Енгино“, сложувалките за возрасни и млади од „Блу брд“ и сетови за ѕвончиња со внатрешна декорација, декоративни украси, сетови за поларен пејзаж, хартиени украси и други новогодишни декорации од „Криејтив“. Сите овие производи се достапни во „Literatura.mk Superstore“ во „Скопје сити мол“ и во „Ист гејт мол“.

Погледнете ги сите наслови на попуст на http://www.literatura.mk и нарачајте онлајн со достава до дома.

One thought on “Цел месец новогодишно празнување и подарување во книжарниците „Литература.мк“

  1. Пингување: Со секоја сметка над 2.000 денари – подарок сет книги во „Литература.мк“ | Literatura.mk

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.