„Арс Ламина“ со попусти до 50 отсто на предновогодишниот книжевен базар во „Скопје сити мол“

Со попусти до 50 отсто на најбараните изданија и празнични новитети, издавачката куќа „Арс Ламина“ е дел од предновогодишниот книжевен базар, што од 7 до 12 декември се одржува во „Скопје сити мол“. Настанот е во координација на Македонска асоцијација на издавачи (МАИ). Книгите се траен и вреден подарок, кој влева радост со секое ново отворање. Оваа Нова година можете да ги израдувате своите најблиски со најбараните наслови за возрасни, бестселери, биографии, мотивациски книги, книжевни класици, како и најубавите изданија и за деца, кои се со специјални празнични попусти. Од книгите вклучени во акцијата со попуст од 50 отсто е трилогијата „Темната граѓа“ од Филип Пулман: „Суптилниот нож“, „Килибарниот дурбин“ и „Поларна светлина“. За сите дами, убав новогодишен подарок може да биде илустрираната книга „Мала книга за Мерилин“ од Мишел Морган, кој исто така е на половина цена. Со попуст од 30 до 40 отсто се книгите „Драг Едвард“ од Ен Наполитано, „Очи на темнината“ од Дин Кунц, „Сребрениот куфер“ од Тери Тод, „Есен во Венеција“ од Андреа ди Робилант, „Младиот Кастро: како се создаваше еден револуционер“ од Џонатан М. Хансен, „Подарокот“ и „Сестрата“ од Луиз Џенсен, „Бегај“ од Харлан Кобен, „Те чекам“ и „Биди со мене“, „Дејзи Џонс енд Д сикс“ од Тејлор Џенкинс Рејд и други. На листата со намалување од 30 отсто се книгите: „Доктор сон“ и „Сјаење“ од Стивен Кинг, „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски, „Транскрипција“ од Кејт Аткинсон, „Стаклен меч“ и „Кралски кафез“ од Викторија Авејард, „Дигитално злато“ од Натаниел Попер, „Украденото дете“ од Санџида Кеј, „Иднината на умот“ од Мичио Каку, „Јас сум Малала“ од Малала Јусафсај и други.

Со намаление од 20 отсто е сетот со ексклузивните изданија на делата на Петре М. Андреевски, илустрирани од неговата внука Воскресија Андреевска, кои се во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во рамките на едицијата „Македонски книжевни класици“ објавени се неговите книги: „Боемите“ и „Пофалби и поплаки“ (во едно издание), „Бежанци“ и „Јазли“ (во едно издание), „Тунел“, „Лакримариј“, „Последните селани“, „Скакулци“, „И на небо и на земја“, „Дални наковални“ и „Вечна куќа: тажаленки“. Исто така, со толкав попуст се и романите од еден од најзначајните современи турски писатели Орхан Памук: „Истанбул: Сеќавањата и градот“, „Белата тврдина“ и „Нов живот“.

Од новогодишните новитети за најмладите ги издвојуваме едукативните новогодишни пакетчиња, за деца на возраст до пет години, како и за над пет години, а и најновите празнични изданија на популарните серијали на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, „Дина и Додо“ и „Матеј и Луна“. Љубителите на „Дина и Додо“ ќе можат да уживаат во новата сликовница „Чорапот на Дедо Мраз“, двете нови книги со активности и пет нови зимско-новогодишни боенки. Оваа година авантурите на близначињата Матеј и Луна продолжуваат со новите изданија: „Нова Година со Матеј и Луна“ и „Зимска боенка со Матеј и Луна“.

Од детските изданија, на попуст од 30 отсто се: „Бајки од Македонија за целата година“, сликовниците од познатиот илустратор и автор Ване Костуранов: „Ѕвездено дете“, „Девојче и мече“ и „Девојчето и градот“, интернационалните бестселери „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“ (прв и втор дел) од Елена Фавили и Франческа Кавало и „Приказни за момчиња кои не се плашат да бидат поинакви“ од Бен Брукс и Квинтон Винтер. За децата кој сакаат загатки, на попуст до 40 отсто се петте книги од серијалот „Загадочни приказни“ од Урош Петровиќ.

Со попуст од 30 отсто се забавните книжевни серијали за деца: „Тото мачката-нинџа“, „Кралот Светкошорц“ и „Академија за еднорози“. Книгите од еден од најомилените серијали во издание на „Либи“, за малечката вампир-самовила Исидора Мун од Хариет Мункастер, се со попуст од 15 отсто. Со исто намалување можат да се набават и изданијата за девојчето со супермоќ како мачка – Кити. Со намалување од 20 отсто се книгите од едицијата „Мачки детективи“ од Алесандро Гати: „Чудниот случај на исчезнатите колбаси“, „Голем напад на париската банка“, „Кој го украде златниот мачор?“, „Кој го грабна кралот на шпоретите?“, „Кој го намести Жан Мусташ?“ и „Крадец… отмен мачор“.

Покрај предновогодишниот книжевен базар во „Скопје сити мол“, „Арс Ламина“ ќе биде дел и од празничните саеми во „Рамстор мол“ (15-19 декември), „Капитол мол“ (22-26 декември) и во „Ист гејт мол“ (27-31 декември).

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.