„Последната од девојките Месечини“ од Барбара Дејвис е роман за љубовта, загубата и простувањето

Бестселерот на топ-листите на „Амазон“, „Последната од девојките Месечини“ од Барбара Дејвис деновиве излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Станува збор за роман за љубовта, загубата, семејните тајни, сеќавањата и простувањето. Приказната се движи околу Лизи Месечина – последната од девојките Месечини кои имаат посебна дарба. Лизи никогаш не ја сакала фармата на девојките Месечини. Пред осум години, ја напуштила земјата за која се грижеле девет генерации надарени исцелителки, решена да се дистанцира од гласиштата за чудното наследство на нејзината фамилија. Но, кога ќе почине нејзината сакана баба Алтеа, Лизи мора да се врати и да се соочи со трагедијата што виси над исушените полиња со лаванда: нерешените убиства на две млади девојчиња и грубите обвинувања што ја следеле Алтеа до нејзиниот гроб. Лизи не сака ништо друго освен да ја продаде фармата и да се врати на својот живот во Њујорк, сè додека не го открие дневникот што Алтеа го оставила за неа – Книгата на спомените што треба да ѝ помогне на Лизи да ги прифати своите специјални дарби. Кога повторно ќе се поврзе со Ендру Грејсон, еден од ретките во градот кој верувал во невиноста на Алтеа, таа решава да го исчисти името на нејзината баба. За да го стори тоа, таа треба да реши дали може да го прифати нејзиното наследство и дали ќе ги следи стапките на сите девојки Месечини пред неа.

Авторката Барбара Дејвис поминала повеќе од 12 години како извршен директор во компанија за накит, пред да го напушти корпоративниот свет за да продолжи да се занимава со својата најголема пасија – пишувањето. Таа е авторка на „Кога никогаш не доаѓа“, „Лето во клучот за скривници“, „Прилив на желби“, „Тајните што ги носеше“ и „Љубов, Алиса“. Оваа девојка од Њу Џерси, која израсната во Флорида, сега живее во Рочестер, Њу Хемпшир, со својот сопруг Том и нивната мачка. За себе вели дека кога не пишува, сака да чита книги, да готви, да слуша музика, да биде фудбалски навивач. Ужива и во патувањата со својот сопруг. Нејзиниот последен роман „Чувар на среќен крај“ беше објавен во октомври оваа година. Во моментов работи на својот осми роман.

Книгата „Последната од девојките Месечини“ веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на www.literatura.mk, преку https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14752

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.