„Дневник на прочитани лектири“ – модерен бележник за младите читатели

Читањето книги никогаш не излегува од мода. Тоа е една од најубавите навики, која децата ја стекнуваат уште од најрана возраст. Секој има свој ритуал при читање: едни преферираат да читаат во тишина, за себе, други на глас, трети сакаат да споделуваат размислувања со своите родители или со другарчињата… Има и деца кои сакаат да запишуваат впечатоци за прочитаното. Тоа е одличен начин да се запомни книгата. Со бележење импресии, описи на ликовите, вадење на интересни мисли и слично, се олеснува процесот на совладување и запомнување на задолжителните лектири, но и книгите по свој избор. Некогаш доволна е мала асоцијација, кратка изјава или цртеж, за да се вратат спомените за прочитаната приказна.

Согледувајќи ја потребата за меморирање на најважните делови од книгите и следејќи ги барањата на младите читатели, издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт за детска литература „Либи“, го објави изданието „Дневник на прочитани лектири“. Станува збор за модерно дизајниран бележник, кој би можел да биде одличен подарок во пресрет на новогодишните празници и на зимскиот распуст.

При читањето лектири, дел од учениците се соочуваат со проблем при обработка на прочитаното дело. Затоа, најдобро е додека ја читаат лектирата да запишуваат и да водат дневник на читање. На тој начин ќе запишат и ќе запомнат најголем дел од делото, а обработката подоцна ќе им оди многу полесно. Оваа мала вежбанка ќе им помогне на младите читатели со тоа што има обрасци за обработка на 12 дела, од различен род и вид: романи, драми, збирки раскази и збирки песни.

Овој нотес претставува мал личен дневник на лектирите што децата ги читаат или веќе ги имаат прочитано. Во него можат да ги прибележат најважните делови од книгата, омилените ликови или сцени, убавите мисли и некои убави реченици, па дури и свои размислувања додека ја читаат книгата.

Изданието е достапно во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14777

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.