Одбележуваме 82 години од печатењето на стихозбирката „Бели мугри“ од Кочо Рацин

Антологиската стихозбирка „Бели мугри“ од македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин е отпечатена на денешен ден (25 ноември) во 1939 година, во печатницата на Драгутин Шпулер во гратчето Самобор, во непосредна близина на Загреб, во Хрватска. Денес, 82 години подоцна, важи за едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература. Со стиховите од „Бели мугри“ најмладите читатели се запознаваат уште во основното училиште. Имено, стихозбирката е изборна лектира за деветто одделение. Издавачката куќа „Арс Ламина“ ја реобјави „Бели мугри“, под својот импринт „Либи“, во рамките на едицијата „Лесно читливи лектири“. Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13420

„Бели мугри“е составена од 12 песни, меѓу кои „Денови“, „Ленка“, „Тутуноберачите“, „Копачите“, „На Струга дуќан да имам“… во кои доминираат социјалните и револуционерните теми. Насловот е симболичен – означува ново утро, нов почеток што бил посакуван од работниците, аргатите, експлоатираните луѓе, а создадена е под влијание на народната поезија, како и на Зборникот на браќата Миладиновци.

Познавачите на делото на Рацин посочуваат дека заслужен за издавањето на „Бели мугри“ е познатиот хрватски и југословенски писател Мирослав Крлежа, кој го поддржал излегувањето од печат на стихозбирката што не можела да се издаде во Македонија, бидејќи во тоа време таа била во рамките на кралството Југославија. Поради опасноста да се дознае идентитетот на авторот Коста Солев, тој ја објавува под псевдонимот „К. Рацин“, кој го зел заради неговата сакана Рахилка Фирфова-Раца. „Бели мугри“ е трета стихозбирка објавена на македонски јазик, по стихозбирките на Венко Марковски „Народни бигори“ и „Огинот“, во 1938 година.

Кочо Рацин, чиешто целосно име е Koста Апостолов Солев Рацин (роден 22 декември 1908 во Велес – починал 13 јуни 1943 на Лопушник) — е македонски книжевен деец и комунистички активист, најпознат по својата поезија. Се смета за еден од основоположниците на современата македонска литература, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература. Освен со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, филозофијата и литературната критика. Прекарот Рацин доаѓа од неговата сакана Раца. Рацин кратко време користел и друг псевдоним, Невен Пејко, кој го зел од неговата втора љубов – Невенка Вуиќ. Сè уште не се разјаснети сите подробности околу неговата смрт, поради што постојат сомневања дека бил убиен.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.