Романот „И љубовта“ од Драго Јанчар е приказна за Марибор во виорот на Втората светска војна

Судбината на словенечкиот град Марибор и неговите граѓани за време на Втората светска војна е во фокусот на романот „И љубовта“, од еден од најпознатите современи словенечки писатели, Драго Јанчар. Ова е втора книга од Јанчар, по „Таа ноќ ја видов“, која на македонски јазик е објавена во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

По окупацијата на Југославија од страна на германските сили во 1941 година, Марибор, град со многубројно германско малцинство низ историјата во кој се зборува и на германски јазик, е анектиран кон Третиот Рајх. Во градот преименуван како Марбург на Драва, довчерашните соседи и пријатели стануваат крвници, а низ околните ридови се организира движење на отпорот. Трите носечки лика во романот, Валентин, партизан и борец на отпорот, неговата девојка Соња и СС-офицерот Лудвиг, некогаш познат и како Лудек (Лудвик), се обидуваат – секој на свој начин – да ја одбранат нивната љубов од бесмислата на злото и пропаста на човековото достоинство. Војната ја нарушува нивната перцепција за себеси и за светот и неповратно ги уништува нивните животи.

„И љубовта“, наслов зајмен од песна на Лорд Бајрон, е восхитувачка приказна за волјата и за издржливоста на човековиот дух наспроти историските совпаѓања и трагедијата. Преку раскошен стил испреплетен со извонредни лирски интермеца, Драго Јанчар отвора комплексни прашања и изложува суштински дилеми со кои се соочува модерниот човек.

Драго Јанчар (1948 г.) е современ словенечки писател, гласен политички критичар и граѓански активист. Неговите дела добиваат престижни награди, како: наградата „Прешерн“, наградата „Кресник“ – за најдобар роман на годината, наградата „Хердер“, Европската награда за литература. Од 1995 година е член на Словенечката академија на науките и уметностите. Познати дела му се: „Ѕвонење во главата“, „Таа ноќ ја видов“, драмите „Дедал“ и „Северна светлина“ и др.

Книгата „И љубовта“ веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн, преку http://www.literatura.mk, на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14760

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.