Две нови книги со авантурите на Кити – девојчето со супермоќ како мачка

Еден од новите омилени книжевни серијали за деца, „Кити“, од авторката Пола Харисон со илустрации од Jени Ловли, неодамна е збогатен со уште две нови продолженија. Серијалот, кој на македонски јазик е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е дополнет со книгите: „Кити и самрачната неволја“ и „Кити и грабнатото милениче“. Досега, младите читатели можеа да уживаат во „Кити и Златниот тигар“, „Кити и спасувањето на месечевата светлина“, „Кити и бркотницата низ крошните на дрвјата“, „Кити и големата парада со фенерите“ и „Кити и авантурата во небесната градина“.

Kити е шармантното девојче со супермоќ како мачка, кое тргнува во необични авантури. Семејството на Кити е посебно – мајка ѝ е суперхерој и Кити знае дека еден ден и таа ќе ги искористи своите супермоќи и исто така ќе стане херој. За сите љубопитковци, кои со нетрпение очекувате да дознаете во какви суперхеројски акции тргнува Кити, ви претставуваме кратка содржина од новите книги. Наскоро се очекува да биде објавена и осмата книга од овој серијал, „Кити и ѕвездената песна“. Во очекување на следната книга, да се потсетиме на содржините на претходните седум изданија, кои се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“.

Во „Кити и самрачната неволја“ Кити со нетрпение ја очекува посетата на панаѓурот со своето семејство и нејзиниот мачји екипаж. Но, Пикси се спријателува со друга мачка и веќе не си игра со Кити. Таа повеќе сака да игра суперхерои со Нела, новата пријателка. Но, проблемот е дека тие две повеќе се однесуваат како суперзлосторници отколку суперхерои! За кусо време и двете ќе се најдат во неволја на врвот на рингишпилот, но само вистински суперхерој може да ја спаси ситуацијата…

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14722

Во „Кити и грабнатото милениче“ еден викенд Кити треба да го причува миленичето на нејзината другарка, ’рчкото Марвин. Но, се случи катастрофа − тој е киднапиран! Кити мора да ја следи трагата на киднаперот и го врати Марвин во неговиот дом жив и здрав, пред да си замине ноќта. Време е за нашата суперхеројка Кити да ја спаси ситуацијата!

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14723

Кити, Тиквичко и Пикси откриваат тајна небесна градина на градскиот покрив во книгата „Кити и авантурата во небесната градина“. Тоа е чудесно место, полно со егзотични растенија и прекрасни украси. Пикси е многу возбудена и сака да му каже на светот околу неа за градината, но колку повеќе мачки дознаваат за градината толку подиви стануваат. Кити мора да ја спасува градината и нејзината убавина од оние што се чини дека имаат намера да ја уништат.

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14512

„Кити и големата парада со фенерите“ – Кити и другите ученици од нејзиното одделение учествуваат на парадата на фенери во градот. Сјајните светилки и светкавите фенери изгледаат мошне убаво во ноќта. Но, се појавува крадец, кој, движејќи се низ толпата луѓе, краде сè што блеска… Почнува трка со времето! Дали Кити ќе успее да го фати крадецот и да ги врати украдените предмети пред да заврши парадата со фенери?

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14513

„Кити и бркотницата низ крошните на дрвјата“ – стекнувањето пријатели може да биде тешко ако се чувствуваш различно од другите. За среќа, мајка ѝ на Кити организираше средба на која Кити го сретна малото момче, кое исто така има супермоќи. Но, тоа што делиш супермоќи со некој не значи дека треба веднаш да се спријателиш со него. На пријателството треба да се работи и во овој случај херојската тимска работа и магичната полноќна забава ги спојува Кити и нејзиниот нов пријател.

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14514

Приказната во „Кити и спасувањето на месечевата светлина“ почнува да се заплеткува кога мачорот Фигаро ќе дојде до прозорецот од нејзината соба да ја замоли за помош. Но, светот ноќе е опасно место – дали Кити е доволно храбра да излезе во мракот и да се впушти во возбудлива ноќна авантура?

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13683

Во приказната „Кити и Златниот тигар“ Кити е нетрпелива да го посети музејот и да ја види скапоцената статуа на Златниот тигар со свои очи. Легендата вели дека статуата може да му ги исполни желбите на оној што ја поседува… Кити тргнува во авантура, бидејќи сака да му ја покаже статуата на Тиквичко, додека нема никој во музејот. Но, доаѓа до недоразбирање кога статуата ќе биде украдена, а Кити обвинета за криминал. Дали Кити ќе успее да го разјасни недоразбирањето, да го открие виновникот и да ја врати назад скапоцената статуа пред да изгрее сонцето?

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13684

Книгите од серијалот за Кити можете да ги најдете во сите книжарници на „Литература.мк“ или да ги нарачате онлајн на следниот линк:

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.