Авторот на „Што ако…?“, Мет Мури, одржа литературна работилница во ООУ „Кристијан Тодоровски-Карпош“

Еден од авторите на книгата „Што ако…?“, Мет Мури, за време на својот престој во Скопје, деновиве одржа час со учениците од шесто одделение при ООУ „Кристијан Тодоровски-Карпош“. Литературната работилница, која се одржа во т.н. „отворената училница“, односно училишниот двор, беше под менторство на Марија Богоеска, уредничка на едукативни изданија во „Арс Ламина“.

На интерактивниот час учениците се запознаа со книгата „Што ако…?“, која на македонски јазик е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за книга со прашања и активности за љубопитни умови. Само дел од поинтересните прашања во „Што ако…?“ се: „Што ако нема интернет“, „Што ако не стапневме на месечината“, „Што ако можете да чуете и видите што мислат другите“, „Што ако можевме да патуваме низ времето?“, „Или да одиме во вселената?“, „Што ако јадевме бубачки?“, „Или ако броколи имаат ист вкус како чоколадо?“, „Што ако можете да го промените светот кога ќе пораснете?…“

Мет Мури е американски автор и едукатор, кој во моментов живее во Калифорнија и кој одлично го говори македонскиот јазик. Тој долго време живеел во нашата земја како доброволец во Мировниот корпус и учествувал како предавач во многу македонски градови, меѓу кои и Кратово, каде што предавал во осново училиште. Работилницата во ООУ „Кристијан Тодоровски-Карпош“ се одвиваше на македонски и на англиски јазик. Децата се радуваа што имаа можност да се сретнат со автор кој не е од Македонија, а зборува македонски јазик. Интересно им беше што можеа да зборуваат и на англиски јазик и така да поставуваат прашања.

Учениците беа воодушевени од тоа што пред себе гледаат млад автор, кој не е од Македонија, а го зборува нашиот јазик. Освен основните прашања: како станал писател и колку време им било потребно да ја напише книгата, му поставуваа и прашања во стилот на прашањата од книгата „Што ако…?“

Мури ги поттикна учениците да поставуваа прашања што би можеле да се најдат во книгата. Освен основните прашања: што ако сонцето не изгрее или што ако сите зборуваме на ист јазик, учениците беа исклучиво креативни поставувајќи прашања за вселената и постоењето.

Најинтересен момент им беше разговорот за армадило, па пребаруваа на „Гугл“ какво е тоа животно и прашуваа дали е отпорно на оружје и удари… Паралелно додека ги поставуваа и другите прашања, проверуваа на интернет факти што не им беа познати.

Дружбата со харизматичниот Мури заврши со договор да се сретнат повторно при следната посета на Мури на Скопје.

За спомен од оваа литературна работилница, издавачката куќа „Арс Ламина“ во ООУ „Кристијан Тодоровски-Карпош“ донира примероци од „Што ако…?“, лектири и читанки од шесто до деветто одделение, како и тетратки за учениците кои беа дел од работилницата.

Книгата „Што ако…?“ од Мет Мури и Ендру Р. Мекхју не е како ниту една друга книга што досега сте ја прочитале. Оваа книга не ви кажува што да мислите, туку бара од вас да размислувате со своја глава. Нејзината мисија: да поттикнува љубопитност и истражување. Ќе ве натера да поставувате прашања сè додека не се изморите. Ќе поставувате прашања сè додека конечно не ги претворите своите идеи во активност – отворајќи прозорци кон светови за кои не сте ни знаеле дека постојат. Со поставувањето забавни, отворени прашања, „Што ако…?“ ви овозможува да го земете кормилото во свои раце. А историските настани, забавните активности и одговорите на деца исти како вас само го продлабочуваат истражувањето. Верувајте во моќта на „Што ако…?“

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.