Топ 10 образовни изданија кои најмногу се бараа во октомври

Збирки на задачи со наставни листови и тестови по математика, хемија и биологија, вежбанки по општество, македонски и германски јазик, како и познатиот „Атлас на човечката анатомија“ се меѓу најбараните образовни изданија во книжарниците на „Литература.мк“, изминатиот месец. Книгите се во издание на „Арс Ламина“, и се адаптирани на програмата за основно, односно средно училиште. Тие се корисно надополнување и проширување на содржините што се учат во училиштата. Во продолжение е топ 10 листата со изданијата за кои имаше најголем интерес во октомври.

  1. „Математика 7-9, Збирка задачи со тестови“

Овие книги претставуваат збирки на задачи, наставни листови и тестови по математика според програмата на Меѓународниот центар за испити Кембриџ, која е адаптирана и одобрена од страна на Бирото за развој на образованието на Р. Македонија. Содржините од збирката се распределени во согласност со редоследот на наставните цели во програмата дадени од страна на Бирото за развој на образованието и во целост ја поткрепуваат програмата, давајќи им на децата можност да применуваат стратешко размислување и да се развиваат како самоуверени, иновативни и посветени ученици. Збирките претставуваат важна компонента во дидактичкиот комплет по математика, во кој се содржани учебникот и работната тетратка, како и други ресурсни материјали, а во насока на продлабочување и проширување на знаењата и вештините по математика за ова одделение.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, и онлајн преку http://www.literatura.mk.

Математика 7 https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13033

Математика 8 https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13034

Математика 9 https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13035

2. „Физика 8 – Збирка прашања и задачи со тестови и активности“

Оваа збирка претставува надополнување и проширување на предвидената програма по физика за основното образование и има за цел да го прошири знаењето на учениците и да ги подготви за наставните содржини по физика во средното образование. Прашањата и задачите во оваа збирка имаат различни нивоа на сложеност, со што можат да се утврдуваат различните степени на знаење на ученикот (препознавање, сфаќање, примена, анализа, синтеза и евалуација). Збирката е поделена на четири теми што започнуваат со краток вовед и проширување на материјалот предвиден со новата адаптирана наставна програма. Следејќи го редоследот на наставните цели, дадени се прашања за повторување што треба да ги поттикнат учениците активно да се вклучат во содржините и да го продлабочат стекнатото тематско знаење предвидено за секој час. За секоја тема, дадени се дополнителни прашања и задачи, како и тестови предвидени да го сумираат и да го оценат знаењето на учениците. Прашањата и задачите можат да служат за подготовка на учениците за тестирање и натпревари, но и како помош на наставниците за подготвување на часовите за оценување. На крајот од збирката, наведени се и по неколку активности за поттикнување на критичкото размислување кај учениците и примената на стекнатите знаења, паралелно со научно-истражувачките вештини.

Збирката претставува важна компонента во дидактичкиот комплет по физика во издание на „Арс Ламина“, како и незаменливо помагало во наставата по физика воопшто. Одговорите на прашањата и решенијата на задачите содржани во оваа збирка се достапни на нашата интернет-страница obrazovanie.literatura.mk.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, и онлајн преку http://www.literatura.mk .

Физика 8 https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13091

Физика 9 https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=1309

3.„Македонски јазик 6-9, вежбанка со тестови“ од Наташа Ацевска

Вежбанките по македонски јазик се наменети, пред сè, за учениците од основното образование. Концепциски ги содржи Наставниот план и програмата дадени од Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука. Вежбанките се состојат од три дела. Во првиот дел се вклучени вежби од сите содржини што ја сочинуваат областа јазик. Наставните теми се: историски развој на македонскиот јазик, фонетика и фонологија, морфологија, синтакса, лексикологија и правопис. Во вториот дел се вклучени вежби од сите содржини што ја сочинуваат областа литература. Наставни теми се: литература (проза, поезија и драма), изразување и творење и медиумска култура. Во третиот дел се дадени тестови наменети за проверка на степенот на совладаноста на темите.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, и онлајн преку http://www.literatura.mk:

Македонски јазик 6 https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14498

Македонски јазик 7 https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14499

Македонски јазик 8 https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14500

Македонски јазик 9 https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=1450

4.„Општество 1, Вежбанка за 1. одделение“ од м-р Татјана Неческа

Вежбанката по предметот Општество за прво одделение во основното деветгодишно образование е создадена според новата програма за овој предмет донесена од Бирото за развој на образованието и ги покрива сите општи и конкретни стандарди од неа. Таа има цел да му помогне на наставникот за поефикасна реализација на наставните содржини, а на ученикот, низ игра и активности, полесно да ги постигне очекуваните резултати поставени во програмата.

Изданието е достапно во сите книжарници на „Литература.мк“, и онлајн преку http://www.literatura.mk.

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14745

5. „Биологија 7 и 8 – Збирка прашања и задачи со тестови и активности“ од Биљана Илиева, Силвана Ристевска

Овие изданија претставуваат надополнување и проширување на новата предвидена програма по биологија за седмо и осмо одделение во основното образование донесена од Министерството за образование и наука на Р. Македонија, а во согласност со програмата на Меѓународниот центар за испити на Кембриџ. Збирките имаат за цел да го прошират знаењето на учениците и да ги подготви за наставните содржини по биологија во средното образование. Прашањата и задачите во овие збирки имаат различни нивоа на сложеност, со што можат да се утврдуваат различните степени на знаење на ученикот (препознавање, сфаќање, примена, анализа, синтеза и евалуација). Воедно, бројните прашања и задачи можат да послужат и за подготовка на учениците за различни тестирања и натпревари. Следејќи го редоследот на наставните цели од наставната програма, секоја збирката се состои од неколку дела што опфаќаат повеќе теми организирани во логични целини. Темите започнуваат со прашања за повторување што треба да ги поттикнат учениците активно да се вклучат во содржините и да го продлабочат стекнатото тематското знаење. За секој тематски дел, дадени се тестови предвидени да го сумираат и оценат знаењето на учениците за одредени теми. Тестовите можат да служат за подготовка на учениците за тестирање, но и како помош на наставниците за подготвување на часовите за оценување. Дадени се примери и за полугодишни и годишни тестови. На крајот од збирката, наведени се активности и експерименти за поттикнување на критичкото размислување кај учениците и примената на стекнатите знаења, паралелно со научно-истражувачките вештини.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, и онлајн преку http://www.literatura.mk.

Биологија 7 https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13093

Биологија 8 https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13539

6. „Математика 1-6, Збирка задачи со тестови“

Овие книги претставуваат збирка на задачи и тестови по математика според програмата на Меѓународниот центар за испити на Кембриџ, која е адаптирана и одобрена од страна на Бирото за развој на образованието на Р. Македонија. Содржините во збирките се распределени во согласност со редоследот на наставните цели во програмата и упатството дадени од страна на Бирото за развој на образованието и во целост ја поткрепуваат програмата, давајќи им на децата можност да применуваат стратешко размислување и да се развиваат како самоуверени, иновативни и посветени ученици. Збирките претставуваат важна компонента во дидактичкиот комплет по математика, во кој се содржани учебникот, работната тетратка, прирачникот за наставници и други ресурсни материјали, а во насока на продлабочување и проширување на знаењата и вештините по математика за соодветните одделенија.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, и онлајн преку http://www.literatura.mk.

7. „Beste Freunde A1/1“

„Beste Freunde“ (во превод: „Најдобри пријатели“) е името на програмата за изучување германски јазик од А1 до Б1 ниво, за деца и млади. Учебниците од оваа програма се во издание на реномираната издавачка куќа „Hueber Verlag“ од Минхен, Германија. Во „Beste Freund“, главни протагонисти се група млади луѓе кои со приказни од нивниот секојдневен живот ги водат читателите-ученици низ содржините на учебникот. Општо е познато дека младите најдобро учат еден од друг или еден со друг, па токму затоа овие ликови имаат цел да им станат пријатели и на читателите и да им го пренесат знаењето за германскиот јазик на еден лесен и допадлив начин.Од ди дактички аспект, „Beste Freunde” го поддржува комуникативното учење ориентирано кон задачи што ја имаат предвид современата употреба на јазикот. Транспарентната структура обезбедува сигурна ориентација и за наставниците, а кусите лекции гарантираат разновидност на часовите. Рамната прогресија со јасен редослед на задачи исто така го олеснува учењето германски јазик, па на овој начин, се овозможува успешна настава со неколку часа неделно. Комплетот „Beste Freunde“ содржи учебник, работна тетратка, аудиоцеде, прирачник за наставникот, како и интерактивно дигитално изданија во форма на софтвер или со пристап преку е-код до платформата „Hueber Interaktiv“. Покрај интегрираните аудио фајлови, оваа дигитална верзија на учебниците нуди бројни интерактивни вежби кои се совршен додаток и за индивидуалното учење дома или на час.

Практично, со можностите кои ги нуди, „Beste freunde“ e идеално решение за хибридни форми на настава кога има потреба од наставата со физичко присуство да се прејде на онлајн-настава

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13336

8. „Хемија I – Збирка прашања и задачи со тестови“

Збирката опфаќа теми од предвидената програма по хемија за прва година во средното гимназиско и во средното стручно образование. Ова издание првенствено е наменето за учениците кои во основно образование, предметот хемија го изучувале според новата адаптирана програма и има цел да им го олесни преодот од адаптираната програма по хемија во основното образование, во постојната програма по хемија во средното образование. Прашањата и задачите во оваа збирка имаат различни нивоа на сложеност, со што можат да се утврдуваат различните степени на знаење на ученикот (препознавање, сфаќање, примена, анализа, синтеза и евалуација). Следејќи ги наставните цели од наставната програма, збирката се состои од неколку дела што опфаќаат повеќе теми организирани во логични целини. Секој дел започнува со прашања за повторување што треба да ги поттикнат учениците активно да се вклучат во содржините и да го продлабочат стекнатото тематското знаење. За секој тематски дел се дадени тестови, предвидени да го сумираат и оценат знаењето на учениците за одредени теми. Тестовите можат да служат за подготовка на учениците за тестирање, но и како помош на наставниците за подготвување на часовите за оценување. На крајот од збирката се дадени примери и за полугодишни и годишни тестови. Прашањата, задачите и тестовите се составени од домашни автори со долгогодишно работно искуство во наставата, кое јасно се одразува во изборот и во адаптацијата на содржините што се дел од оваа збирка. При подготвување на прашањата се водеше сметка за нивото на знаење, како и терминологијата што ја усвоиле учениците работејќи по адаптирана програма по хемија за основно образование.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, и онлајн преку www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13090

9. „Математика I – IV, Збирка задачи со тестови“ (за средно образование)

Збирките ја следат наставната програма по математика од I до IV година во средното образование и претставува додатно дидактичко помагало за учениците и наставниците. Збирката содржи задачи со практична примена на наученото, сложувалки, загатки, задачи за талентирани ученици и за натпревари. Како дополнителна помош за наставниците и учениците, се и тематските тестови, составени од повеќе тежински задачи за препознавање, сфаќање и примена на знаењата. Збирката е збогатена и со тематски ИКТ содржини за продлабочување и примена на изученото преку практични активности.

Збирките се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, и онлајн преку www.literatura.mk, на следните линкови:

Математика I https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13098

Математика II https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13577

Математика III https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14431

Математика IV https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14737

10. „Атлас на човечката анатомија“ од Френк Х. Нетер

Единствениот анатомски атлас со илустрации од лекари, „Атлас на човечката анатомија“ (седмо издание), содржи светски познати, извонредно јасни прикази на човечкото тело со клиничка перспектива. Покрај познатиот труд на д-р Френк Нетер, овде ќе најдете и речиси сто слики од д-р Карлос А. Г. Мачадо, еден од денешните најистакнати медицински илустратори. Заедно, овие двајца неверојатно талентирани лекари-уметници ги потенцираат најрелевантните клинички прикази на човечкото тело. Покрај тоа, повеќе од 50 внимателно избрани радиолошки слики помагаат илустрираната анатомија да се поврзе со живата анатомија онака како што може да се види во секојдневната практика. Ажурирани податоци во седмото издание – врз основа на барања од студентите и лекарите:

• Нов дел за преглед на системи што содржи прикази на целото тело на површинска анатомија, крвни садови, нерви и лимфи.

• Над 25 нови илустрации од д-р Мачадо, вклучувајќи ги и клинички важните фасцијални слоеви на вратот, длабоки вени на ногата, бурзи на колкот, васкулатура на простатата и делови што тешко се визуализираат, како што е инфратемпоралната фоса.

• Нови клинички табели на крајот од секое поглавје, што се фокусираат на структурите со високо клиничко значење. Овие табели овозможуваат брз увид, организирани според органските системи, и упатуваат каде најдобро можат да се видат клучните структури на илустрациите.

• Над 50 нови радиолошки слики – некои сосема нови прикази, а други направени со понови алатки за визуелно претставување – се вклучени врз основа на тоа колку можат да им помогнат на читателите да ги разберат клучните елементи на топографската анатомија.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, и онлајн преку www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13464

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.