Топ 10 најбарани мотивациски и автобиографски книги во октомври

„Во животот се соочуваме со мошне ограничен опсег на работи за кои треба да ни е гајле. Оттука, мораме да бидеме многу мудри во поглед на изборот за што треба да ни е гајле, а за што не“, вели авторот Марк Менсон во бестселерот „Е, баш ме заболе“, која е една од најпопуларните книги последниве три години кај нас. „Е, баш ме заболе“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е најпродавана книга од областа на нефикцијата, во книжарниците „Литература.мк“, минатиот месец. Подолу на листата се најдоа книги од познати автори, политичари, новинари, научници, аналитичари и стручни лица, кои преку своите истражувања, анализи, личните сведоштва и совети, мотивираат, едуцираат и информираат.

На оваа листа се мошне бараните мотивациски книги „Мала книга за хиге“, „ЗЕН: Уметноста на едноставното живеење“, како и книгата за справувањето со анксиозноста, „Зошто јас?“ од Мартин Јованоски. Тука се и автобиографските дела на Барак Обама и Никола Тесла, како и книгите „Животот на нашата планета“ од Дејвид Атенборо, „Кој владее со светот?“ од Ноам Чомски и „Астрофизика за луѓе кои немаат време“ од Нил Деграс Тајсон.Ви ја претставуваме листата со топ 10 најпродавани книги – нефикции во октомври.

1. „Е, баш ме заболе“ од Марк Менсон

Во оваа книга-водич за самопомош, што дефинира една цела генерација, авторот, кој е суперѕвезда во блогерските кругови, не нè замајува со глупости од типот дека постојано треба да се обидуваме да бидеме „позитивни“, за да станеме навистина подобри и посреќни луѓе. Веќе со децении ни се сервира тезата дека позитивното мислење е она клучното што води кон среќен и исполнет живот. Но, Марк Менсон вели: „Море, кој ја ’врти‘ позитивноста. Да бидеме искрени – нештата се зафркнати, но немаме друг избор освен да живееме со нив онакви какви што се“. На неговиот многу популарен блог на интернет, Менсон ниту ја бојадисува стварноста во розово, ниту ја заобиколува. Тој ги изложува работите токму онакви какви што се, што е една вистинска доза необработена, свежа и искрена вистина – нешто што денес навистина ни недостига. Менсон ја изнесува и ја брани тезата дека луѓето, според природата на работите, се суштества со свои мани и ограничувања. „Не може секој да биде исклучителен – општеството е сочинето од победници и губитници, а нешто од сето тоа ниту е фер, ниту, пак, е по твоја вина.“ Неговиот совет до нас е да си ги препознаеме и да ги спознаеме нашите ограничувања и да ги прифатиме – и дека токму тоа, вели тој, е вистинскиот извор на моќ со кој можеме да се стекнеме. Откако еднаш ќе ги прифатиме нашите стравови, грешки и несигурности – откако ќе престанеме да бегаме и да ги избегнуваме болните вистини, туку ќе почнеме да се соочуваме со нив – дури тогаш можеме и да тргнеме во потрага по храброста и самоувереноста по кои трагаме толку очајно.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13453

2. „Мала книга за хиге“ од Мајк Викинг

За Данска често се вели дека е најсреќната земја во светот. А тоа се сведува на една работа – хиге. Хиге се преведува на најразлични начини, од уметност на создавање блискост, преку пријатна душевна удобност, па до црпење задоволство од присуството на смирувачки нешта. Кога ќе го почувствуваш она што се нарекува хиге, едноставно го знаеш тоа. Тоа е она кога си стуткан на каучот со саканата личност или кога јадеш заедно со најблиските пријатели. Тоа се оние јасни сини утра кога светлината што ти влегува низ прозорецот е токму онаа вистинската. А никој не може да ти биде подобар водич за сето она што се подразбира под хиге од Мајк Викинг. Мајк е генерален директор на Институтот за истражување на среќата во Копенхаген и има поминато многу години во проучување на магијата на данскиот начин на живот. Почнувајќи од изборот на вистинското осветлување и сè околу планирањето забава, преку создавањето комплет за хиге прва помош, па дури и во однос на изборот на облека, оваа прекрасна и инспиративна книга на Мајк ќе ти помогне да бидеш по-хиге.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13584

3. „ЗЕН: Уметноста на едноставното живеење“ од Шунмио Масуно

Преку јасни и практични лекции што се учат лесно – по една на ден во текот на сто дена – познатиот будистички свештеник Шунмио Масуно евоцира мудрост стара со векови за да ви покаже како да ја применувате суштината на зен-будизмот во модерното живеење. Станува збор за новата книга во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, „Уметноста на едноставното живеење: 100 секојдневни вежби од јапонски зен-монах за живот исполнет со мир и радост“ од Шунмио Масуно. Тука ќе научите како длабоко да издишувате за да ги исфрлите негативните емоции, како да го средувате својот дом едноставно, што ќе ви помогне да ги расчистите вашите мисли, да ги подредувате обувките навечер за да внесете ред во вашиот ум, да засадите едно цвеќе и да гледате како расте, помалку да се грижите за она што не можете да го контролирате и уште многу други нешта… Дури и ќе си создадете време за да не размислувате за ништо. Поедноставете си го животот со уметноста на зен-будизмот и научете како да се чувствувате порелаксирано, поисполнето и со обновено чувство на мир и спокој.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13682

4. „Животот на нашата планета“ од Дејвид Атенборо

Земјата ја делиме со другите животни и со растенијата – најсовршениот замислив систем за одржување на животот, конструиран милијарди години. Стабилноста на планетата почна да се губи паралелно со намалувањето на разновидноста на живиот свет – овие две нешта се меѓусебно поврзани. Затоа, за да ја обновиме стабилноста на планетата, мораме да го обновиме биодиверзитетот, токму она што го уништуваме сега. Тоа е единствениот излез од кризата што ја предизвикавме самите. Мораме да ја вратиме дивината во светот. Ова е пораката што најпознатиот британски автор на природонаучни филмови, сер Дејвид Атенборо, ни ја испраќа преку својата книга „Животот на нашата планета“, која неодамна излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Дејвид Атенборо речиси седум децении има богата кариера како природонаучник и телевизиски презентер. Патувал во најоддалечените краеви на светот, каде што одблизу снимал диви животни во нивните природни живеалишта. Во книгата тој зборува за својата кариера како презентер, филмски продуцент и историчар на природата, но и за изумирањето на дивините и зголемувањето на јаглеродни емисии во истиот период. Атенборо предупредува на последиците од антропогените климатски промени и намалувањето на биодиверзитетот со кои ќе се соочиме во блиска иднина, но истовремено и предлага конкретни промени во нашиот општествен и стопански живот со кои би можеле да ја спречиме претстојната катастрофа. Со тоа, овој вљубеник во природата се фокусира на убавината на планетата на која живееме, но и нуди чекори со кои ќе го зачуваме нашиот дом.

Атенборо е познат и како автор и презентер на документарниот серијал „Живот“ (Life), што го работел заедно со „Би-би-си“ и претставува детален поглед на животинскиот и растителниот свет на Земјата. Тој е единствениот човек кој има добиено награди БАФТА за емисии во црно-бела техника, во колор, во ХД, 3Д и 4K. Додека неговата работа на почетокот повеќе е фокусирана на природниот свет, неговите понатамошни активности се насочени кон поддршка на теми врзани со зачувување на природата. Во 1985 година ја добива високата титула „сер“, а документарниот филм и книгата „Живот на нашата планета“, објавени во 2020 година, се негово сведоштво за неговиот живот и за иднината.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14714

5. „Кој владее со светот?“ од Ноам Чомски

Во оваа продорна и темелна анализа на актуелната меѓународна ситуација, Ноам Чомски истражува како, и покрај подемот на Европа и Азија, САД сè уште ги одредуваат глобалните текови. Повикувајќи се на најразновидни примери, од американското инволвирање во Куба до санкциите против Иран, Чомски ни покажува како декларациите за слобода и демократија честопати не се согласуваат со акциите во вистинскиот свет. Покрај ова, обрнува внимание на изборот на Трамп и што тоа зборува за американското општество. Книгата „Кој владее со светот?“ е жесток напад врз светогледот презентиран од мејнстрим медиумите и како таков е неизоставно четиво за секој што сака да знае повеќе од новинските наслови.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13510

6. „Моите изуми“ од Никола Тесла

Малку луѓе во историјата дале толкав придонес кон погодностите на современото секојдневие како Никола Тесла. Неговите дела овозможиле електричната енергија да допре до сите катчиња на нашата планета, а нејзината примена да експлодира во безброј области на човековиот живот – процес што речиси незапирливо продолжува многу години по неговата смрт. Оставината на Тесла е богата, секогаш актуелна и неисцрпен извор на инспирација. Но, и покрај тоа што влијанието на Тесла е толкаво што е речиси невозможно да се исцрпат епитетите, неговата застапеност во јавниот дискурс е изненадувачки мала, особено во западната културна сфера. Оваа автобиографија дава увид во фасцинантниот внатрешен свет на еден од најголемите гении, но притоа на разбирлив јазик зборува и за техничката природа на неговите изуми. Правејќи го тоа, Тесла на посреден, но уверлив начин ни ја презентира својата визија за еден подобар, поправичен и помирен свет, чијашто благосостојба не е нуспроизвод на борбата за профит, туку е резултат на искрената, автентична желба за подобар живот на сите, без очекување награда.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13514

7. „Астрофизика за луѓе кои немаат време“ од Нил Деграс Тајсон

Каква е природата на просторот и времето? Кое е нашето место во универзумот? Кое е местото на универзумот во нас? Ова е најдобриот водич во потрагата по одговорите на овие прашања што го зашеметуваат умот, напишан од познатиот астрофизичар и популарен автор Нил Деграс Тајсон. Но, современиот човек речиси и да нема време да размислува за вселената. Затоа, Тајсон пишува на оваа тема со разбирлив и лесно читлив стил, правејќи ги и најсложените вселенски концепти достапни за оние што немаат време. Додека чекате да се свари утринското кафе или да дојде автобусот, „Астрофизика за луѓе кои немаат време“ ќе ви го каже само најнеопходното за разбирање на вестите од областа на вселенските науки, но и за информирано учество во разговори на таа тема. Ќе знаете интелигентно да зборувате за Големата експлозија, црните дупки, кварковите и квантната физика, за откривањето нови планети и потрага по вонземски живот. Оваа книга речиси гарантирано ќе ги прошири вашите перспективи и ќе ги збогати вашите знаења, и тоа на начин што ќе ве предизвика да посакате уште.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13595

8. „Ветената земја“ од Барак Обама

Во првиот дел од неговите претседателски мемоари, Барак Обама ја раскажува приказната за неговата неверојатна одисеја од млад човек во потрага по својот идентитет до лидер на слободниот свет, опишувајќи зачудувачки интимни детали од неговото политичко образование и најзначајните моменти од неговиот историски прв претседателски мандат – период на драматична трансформација и превирања. Обама ги поведува читателите на интересно патување од неговите рани политички аспирации од клучната победа во Ајова, што ја демострираше моќта на изворниот активизам, до дождливата ноќ на четврти ноември 2008 година, кога беше избран за 44. претседател на Соединетите Американски Држави, станувајќи првиот Афроамериканец на највисоката национална позиција. „Ветената земја“ е извонредно интимна и интроспекциска приказна за обложувањето на еден човек со историјата, верата на еден организатор на заедницата тестирана на светската сцена. Обама е искрен во врска со чинот на балансирање во трката да се биде првиот претседател-Афроамериканец носен на бранот очекувања предизвикани од пораката за „надеж и промена“, соочувајќи се со моралните предизвици при донесувањето одлуки со високи влогови. Тој искрено пишува за силите што отворено му се спротивставуваат и дома и во странство, за животот во Белата куќа, начинот на кој тоа им влијаело на неговите сопруга и ќерки и без страв ги открива моментите на сомневање во себе и разочарувањата. Сепак, не отстапува од верувањето дека прогресот на големиот постојан американски експеримент е секогаш можен. Оваа прекрасно напишана и моќна книга ги пренесува уверувањата на Барак Обама дека демократијата не е подарок одозгора, туку нешто базирано на емпатија и меѓусебното разбирање што треба да го градиме заедно, ден по ден.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14685

9. „Зошто јас?“ од Мартин Јованоски

„Зошто јас?“ е прашање што секој од нас си го поставил во одреден момент од животот. Во потрагата по одговорите се насетуваат два избора: тешките искуства за некого ќе бидат нешто што само ќе го преживее, а за некој друг – нешто што ќе го врати во живот. Да се напише оваа книга е да се допре душата на секој од нас, но и личен терапевтски процес. Ставањето на хартија на нашите искуства и доживувања е навистина лековито искуство. Моментот во кој тие ќе заиграат пред нашите очи и ќе ја прочитаме својата приказна е момент во кој сме си ја дозволиле ранливоста, сме го скротиле егото и сме ѝ дале светлина на внатрешната реалност. Тој момент е истовремено и моќен, бидејќи само од позиција на препознавање на својата вистина и љубов за себе можеме да го исцелиме она што боли. За сите вас кои сте ја запознале анксиозноста, ова четиво ќе ви биде вистински скапоцено, бидејќи ќе станете свесни дека не сте осамени во тоа искуство. Таа доаѓа во повеќе форми и може да зборува на различни јазици, но секогаш претставува покана за една поинаква средба со себеси.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13636

10. „Конструкција на женска облека“ од Маја Јанкоска и Соња Ќортошев

Овoj учебник е напишан со цел на систематски начин да се претстават различните техники на конструкција на основни кроеви и моделирање на предмети на женска облека што се изучува по предметот Конструкција на облека на Технолошко-металуршкиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Наменет е пред сé за студентите на текстилни и конфекциски студиски програми. Исто така може да биде полезен за раководителите во конфекциска и текстилна индустрија, на текстилни и конфекциски инженери и моделари, како и на наставниците во стручните училишта.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14698

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.