Кои 10 изданија за деца и млади беа најбарани во „Литература.мк“ во октомври?

Најубавиот и најтрајниот подарок што може да им го дадете на своите деца се книгите. Тие истовремено ги забавуваат, едуцираат, ги инспирираaт да размислуваат и да прашуваат, ја поттикнуваат фантазијата и креативноста и ги подготвуваат за иднината.

Интерактивни вежбанки за почетно пишување и за развивање на креативноста, умствени вежби, познати наслови од едицијата „Лесно читливи лектири“, како и нови продолженија од популарните серијали за Хари Потер, Исидора Мун и ТКЦП се меѓу најбараните изданија за најмладите во „Литература.мк“. Во продолжение ви ја претставуваме топ 10 листата со најкупувани наслови за деца и млади во октомври. Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку http://www.literatura.mk.

1. „Животните од Африка“ и „Животните од Австралија“

„Животните од Австралија“ и „Животните од Африка“ се дел од новата едиција со интерактивни пиши-бриши вежбанки со маркер. Овие едноставни и забавни активности, подредени по тежина, ќе им помогнат на децата од предучилишна возраст да ја вежбаат раката, да се навикнат на приборот за пишување и да стекнат самодоверба во првите чекори во цртањето и пишувањето, преку: Почетно пишување на разни видови линии; Слободно пишување линии; Развивање на фините моторички вештини на мускулите на рацете и прстите; Можност вежбата да се повтори повеќепати и детето да се коригира самостојно.

Оваа вежбанка е реупотреблива. На нејзините страници може да се пишува со маркер за бела табла (пиши-бриши), а се брише со марамче, обична ткаенина или сунѓер. На тој начин децата можат да се навраќаат на активностите повторно и повторно, што им овозможува градење на самодовербата, но и долготрајна забава.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://bit.ly/3wZeHH4

2. „Исидора Мун оди на свадба“ од Хариет Мункастер

Мајка ѝ е самовила, татко ѝ е вампир, а Исидора е по малку од двете. Нејзино најверно другарче е Розовото зајаче, кое оживеало со помош на магија. Исидора живее во свет помеѓу магијата и реалноста. Оди во „обично“ училиште и се дружи со деца без магични моќи. Секојдневно учи нови нешта и заминува во многу авантури, придружувана од Розовото зајаче. Во книгата „Исидора Мун оди на свадба“ Исидора ќе биде деверица на свадбата на тетка ѝ и мнооогу е возбудена! Но, откако нејзината палава братучетка ќе замеша прсти со малку волшебни палавштини, денот што треба да биде посебен, нема да тече баш како подмачкан. Може ли Исидора да се погрижи да има среќен крај?…

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14729

3. „Басни“ од Езоп

Басната е еден вид кратка поучна приказна во која главните ликови најчесто се животните или природните појави. Преку нив се прикажуваат разни меѓучовечки односи, различни судбини на луѓето, се исмеваат нивните слабости или се возвишуваат нивните добрини. Се смета дека првите басни ги создал Езоп пред многу векови. Оваа книга претставува избор од неговите најпопуларни басни. Станува збор за лектирно издание, дел од едицијата „Лесно читливи лектири“, во која се употребени фонтови за дислексија.

Книгата, која е дел од едицијата „Лесно читливи лектири“, е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13569

4. „Хари Потер и Пламениот пехар“ од Џ. К. Роулинг

„Хари Потер и Пламениот пехар“ од авторката Џ. К. Роулинг e четвртиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и магијата.

Ова долгоочекувано издание доаѓа по новите македонски верзии на „Хари Потер и Каменот на мудроста“ (кое го има и во лектирна верзија), „Хари Потер и Одајата на тајните“ и „Хари Потер и затвореникот од Азкабан“. Во „Хари Потер и Пламениот пехар“ летниот распуст на Хари е незаборавен, за промена! Заедно со Визлиеви и Хермиона тој присуствува на Светското првенство во квидич – невообичаен настан дури и за волшебничкиот свет. Во Хогвортс, пак, првпат по неколку векови се одржува Триволшебничкиот турнир, меѓуучилиштен волшебнички натпревар во кој се соочуваат првенците на трите познати волшебнички училишта, Хогвортс, Бобатонс и Дурмстранг. Но, во заднината на сите овие настани се чувствува темнината и злото: дали конечно ќе се случи долгоочекуваното враќање на лордот Волдеморт?

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14717

5. Серијал „Умствени вежби, гениј“

Новиот интерактивен книжевен серијал „Умствени вежби, гениј“ за деца и за возрасни од авторите Карло Карцан и Соња Скалко излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во него се четири книги со умствени вежби: „Размислувај како гениј“, „Размислувај како Шерлок Холмс“, „Размислувај како Леонардо да Винчи“ и „Размислувај како Алберт Ајнштајн“. Книгите се добра вежба за мозокот за секоја возраст, а во нивната основа е дека се учи преку игра.

„Размислувај како гениј“ помага да се подобри меморијата и концентрацијата, да се активираат логичките процеси на учење, да се развива имагинацијата и креативноста. На половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, „Размислувај како Шерлок Холмс“ е патување низ раскажување, активности и игри со кои ќе откриете како да го вежбате својот ум за набљудување, логика, концентрација и селективна меморија, следејќи ги трагите на најгенијалниот детектив на сите времиња.

Со „Размислувај како Алберт Ајнштајн“ ќе откриете како да го вежбате умот за истражување, логика, научен метод, страст и мотивација, следејќи ги трагите на најголемиот научник на сите времиња.

Преку „Размислувај како Леонардо да Винчи“ ќе дознаете како да го вежбате вашиот ум за љубопитност, креативност, техника и перфекција, следејќи ги трагите на најсложениот генијалец на сите времиња.

Овие книги се наменети за сите родители, наставници и воспитувачи кои сакаат да користат привлечен и игрив пристап за едуцирање на децата.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://bit.ly/2Ykcmex

6. „Пајажината на Шарлот“ од Елвин Брукс Вајт

Чудесно прасе. Скромно. Блескаво. Ова се зборовите во пајажината на Шарлот, високо во аголот на шталата на Цукерман. Пајажината на Шарлот зборува за нејзините чувства кон прасенцето Вилбур, кое најмногу од сè сака да има пријател. „Пајажината на Шарлот“ зборува и за љубовта кон Вилбур на девојчето Ферн, која му го спасува животот кога се раѓа како кржле во леглото прасиња. Овој роман е нежна приказна за пријателството, љубовта, животот и смртта, кој ќе продолжи да ги освојува срцата на идните генерации деца.

Книгата, која е дел од едицијата „Лесно читливи лектири“, е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13632

7. „Малиот принц“ од Антоан де Сент-Егзипери

„Малиот принц“ е книга за мали и за големи…Напишана во форма на бајка, таа ја раскажува приказната за малото момче кое доаѓа од една мошне далечна и мошне малечка планета и неговата потрага по пријателство и љубов. Ова е книга за светот и човекот, за возрасните и децата, за животот и вистинските вредности: пријателството, љубовта, посветеноста и пожртвуваноста, за раѓањето и смртта, за ѕвездите и бесконечните пространства.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13519

8. „ТКЦП и загатките на Ајнштајн“ од Билјана С. Црвенковска, Здравко Гиров

Хеј, време е за ЗАГАТКИ! Да, токму така, загатки! Ноќ е. Лео и пријателите од ТКЦП се во Пештерата. Надвор паѓа дожд – лее! На вакво време ни најголемите никаквеци не сакаат да излегуваат и да прават ујдурми, па ТКЦП можат малку да одморат од авантури. Но, тоа не значи дека ќе остават нивните мозочиња да седат без работа. Како? Така што ќе решаваат логички загатки познати под името „Загатки на Ајнштајн“! Што значи, пенкало или молив в рака и подготви се за решавање!

ТКЦП e забавен серијал за сите деца кои ги сакаат авантурите и стриповите, подготвен од домашните автори: писателката Билјана Црвенковска и стрип-авторот Здравко Гиров. ТКЦП е кратенка за „Тајниот клуб Црно прасе“. Станува збор за книжевен хибрид помеѓу роман и графички роман, кој е интерактивен затоа што „бара“ и учество на детето со боење, доцртување, дополнување и допишување. Во серијалот има илустрирани изданија, романи и книги со активности. Приказната се движи околу Лео и неговата дружина со херои ТКЦП. Тие се борат против своите најголеми непријатели – Смрдливците… Во првата книга од серијалот, именувана како „Канџа во мракот“, се појавува таинствен „смрдливец“ во сенка. Во разрешување на мистеријата можат да се вклучат самите читатели со добојување, доцртување, допишување и дополнување на авантура додека читаат. Подгответе се за многу возбуда, акција и смеење… Покрај Лео, членуваат и Рокси, Ава, Симон, Тина и Тони. Тие се деца-суперхерои, кои, покрај тоа што имаат одредени супермоќи, сите имаат и по некој проблем или недостаток што им попречува да вршат нешто во секојдневниот живот. Пораката е едноставна: секој може да биде силен во нешто, без разлика што е слаб во нешто друго. Никој не е совршен и секој од нас може да биде суперхерој.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14718

9. Шарени страници

Овој комплет се состои од повеќе разновидни содржини, кои на вашето дете ќе му овозможат да ја зголеми својата концентрација, да ги подобри своите логички вештини и да ја развие својата креативност. Замислени како активности што се прават во тишина, овие шарени страници се практични при патување, на одмор или во кој било дел од денот кога детето сака мирна и индивидуална игра.

Интерактивниот комплет е достапен во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13333

10. Вежбанка за почетно пишување: графомоторни вежби – Ѓорѓи Делчев, Јасмина Делчева-Диздаревиќ

За успешно совладување на процесот на пишување што детето го чека на училиште, потребно е прво да се развијат фините моторни вештини на мускулите на рацете и прстите (графомоторни вештини). Од тие причини, потребно е таа вештина да се развие дома, многу пред детето да тргне на училиште. Основната намена на оваа вежбанка за почетно пишување е преку систем од графички и мануелни вежби подредени по тежина, раката на детето постепено да се оспособи за изведување на координирани движења и вешто да ракува со приборот за пишување, со што ќе се создадат предуслови за полесно воведување на децата во техниката на пишувањето. Изданието е со одобрение од МОН за употреба во основните училишта.

Вежбанката е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14396

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.