Книгата „Разбуди го родителот во себе“ од Соња Китановска-Кимовска открива како родителството да стане уживање

Книгата „Разбуди го родителот во себе: како родителството да стане уживање“ од проф. Соња Китановска-Кимовска, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде промовирана онлајн, на 4 ноември (четврток), со почеток во 19 часот. Онлајн-разговорот ќе го води Татјана Димовска-Атанасова, уредничка во „Арс Ламина“, а покрај авторката Китановска-Кимовска, за книгата ќе зборуваат и проф. д-р Олга Мурџева-Шкариќ и проф. д-р Сашо Кочанковски. Промоцијата ќе може да се проследи на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“

За тоа дека станува збор за книга што треба да ја прочита секој родител зборуваат и многуте препораки и анализи на повеќе стручни лица, професори, психолози и педагози.

„Методички практикум со кој авторката се впушта во најенигматичната и најблагородната мисија: воспитување на децата. Книга што има футуролошки димензии не само од научен аспект, како практичен труд, туку и од комерцијален аспект, наменета за најширокиот пазар: родители, детски градинки, основни училишта, библиотеки итн.“, вели проф. д-р Владимир Михајловски, дипл. психолог, дипл. педагог.

„Силно емотивно, практично потврдено, применливо, разбирливо и интелектуално достапно четиво не само како прирачник за секојдневна практика во меѓусебната комуникација родител – дете туку и за широк аудиториум од воспитувачи, наставници, специјализирани и стручни и нестручни лица во темата. Со надеж дека во ова време на социјална дистанца и меѓусебно отуѓување четивото ќе го пронајде патот до срцата на најшироката јавност, најтопло го препорачувам како неопходно потребно и особено полезно, како во процесот на учењето на родителството, така и во секојдневната општа комуникација“, вели Зорица Ангеловска, психолог, лиценциран стручен работник, лиценциран воспитувач во пензија, обучувач за практична примена на вештини за комуникација на родители, воспитувачи и наставници.

„На јасен и неверојатно читлив јазик, авторката се обраќа непосредно, не од позиција на надмен научен авторитет, туку од позиција на ’паталец‘, кој со уверлива искреност ги пренесува сопствените размислувања и искуства. Примерите од личното искуство ѝ даваат посебна уникатност и шарм на книгата“, вели Силвана Нешковска, универзитетски професор, мајка на две деца.

„Книгата изобилува со применливи техники и активности што им овозможуваат на родителите непосредна позитивна интеракција и комуникација со децата и нивно мотивирање за позитивни промени“, вели д-р Олга Мурџева-Шкариќ, доктор на психолошки науки.

„Често на моите клиенти им велам дека треба да ја развиваат и да ја користат мудроста на родителството. Токму тоа, Соња го нуди во својата книга, ги споделува нејзините и научните мудрости на родителството и мајчинството“, вели проф. д-р Сашо Кочанковски, доктор на психолошки науки и гешталт-терапевт.

„Книга во која ќе се пронајде секој родител“, истакнува Весна Димовска, академска сликарка и мајка на две деца.

Книгата веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14626

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.