Новите книги „Мојата Пепелашка“ и „Совршенство“ го комплетираат серијалот „Безнадежно“ од Колин Хувер

Две нови книги, „Мојата Пепелашка“ и „Совршенство“, од најпродаваната авторка на „Њујорк тајмс“ ‒ Колин Хувер, деновиве излегоа од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за трет и четврти дел од серијалот „Безнадежно“ на Хувер, во кој досега се објавени романите „Безнадежно“ и „Изгубена надеж“, двете во издание на „Арс Либрис“.

Во „Мојата Пепелашка“, една случајна средба ги наведува осумнаесетгодишниот Даниел и девојката која случајно налетува на него да си искажат љубов еден на друг. Но, оваа љубов има услови: се согласуваат дека ќе трае само еден час и ќе биде замислена. Кога ќе помине тој еден час и девојката ќе отрча како Пепелашка, Даниел се обидува да се убеди себеси дека она што се случило помеѓу нив изгледало совршено само зашто тие се преправале дека е совршено. Моменти како овие со девојка како оваа не се случуваат надвор од бајките. Една година и една лоша врска подоцна, неговото неверување во инстант-љубов исчезнува во моментот кога ќе ја запознае Сикс: девојка со чудно име и уште почудна личност. Но, Даниел наскоро сфаќа дека бајките не постојат и, за жал, пронаоѓањето на Пепелашка не е гаранција за нивното „среќни засекогаш“… тоа е само дополнителна закана. Дали тајната од минатото ќе ја загрози единствената шанса што ја имаат?

„Совршенство“ е новела што на сцената ги враќа некои од најомилените ликови на Хувер. Раскажана од гледна точка на Даниел од „Мојата Пепелашка“, читателите конечно ќе го добијат заклучокот на кој се надеваа. За најдобро читателско искуство и комплетирање на оваа трогателна приказна, препорачуваме да ги прочитате и претходните три дела од серијалот: „Безнадежно“, „Изгубена надеж“ и „Мојата Пепелашка“.

Во серијалот на Колин Хувер се романите: „Безнадежно“, „Изгубена надеж“, „Мојата Пепелашка“ и „Совршенство“.

„Безнадежно“ е приказната за лажни вистини и вистински лаги во тајните ходници на животот на седумнаесетгодишната Скај. Ова е навидум безнадежна приказна за средбата помеѓу двајца млади луѓе која ќе ве врати во времето на вашата прва љубов.

Скај не остави ниту една тајна неоткопана, ниту едно чувство несподелено, и ниту еден спомен заборавен, но минатото на Холдер остана мистерија. Во „Изгубена надеж“, прогонуван од малечкото девојче на кое му дозволи да замине, Холдер сиот свој живот го помина барајќи ја и во обид конечно да се ослободи од разорувачката вина што ја чувствува со години. Но, она што не можеше да го предвиди е дека во моментот кога повторно ќе се поврзат, ќе го преплави уште поголем бран каење… Понекогаш во животот, ако сакаме да продолжиме понатаму, прво мора да копаме длабоко во нашето минато и да направиме промени. Во „Изгубена надеж“, авторката открива што се случува во главата на Холдер во сите безнадежни моменти – и дали ќе го најде мирот што толку очајно му е потребен.

Покрај серијалот „Безнадежно“ досега во издание на „Арс Либрис“ се и книгите „Без Мерит“, како и „Исповеди“, која е добитничка на наградата „Гудридс чојс“ за најдобра романса.

Книгите од Колин Хувер се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн, преку www.literatura.mk, на следниот линк:

https://literatura.mk/ListBooksByAuthor.aspx?aut=7028

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.