Недела на италијанскиот јазик во Literatura.mk Superstore и „Литература.мк“ на улицата „Македонија“

Со дела од италијански автори во издание на „Арс Ламина“ во книжарниците Literatura.mk Superstore и „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ се одбележува 21. Неделата на италијанскиот јазик. За време на манифестацијата се одбележуваат 700 години од смртта на Данте Алигиери, кој се смета за татко на италијанскиот јазик и на идејата за Италија. Неговото легендарно дело „Божествена комедија“ е меѓу изданијата од „Арс Ламина“, со кои се одбележуваат деновите на италијанскиот јазик во книжарниците на „Литература.мк“. На листата се повеќе од 40 книги од италијански автори, преведени на македонски јазик, меѓу кои: „Нултиот број“, „Баудолино“ и „Името на розата“ од Умберто Еко, „Приказна за едно семејство“ и „Градината на олеандрите“ од Роза Вентрела, „Кокошкини заби“ од Анализа Страда, „Мојот живот“ од Бенвенуто Челини, „Падот на Берлускони: 120 дена кои го уништија Берлускони“, „Пинокио“ од Карло Колоди, серијалот „Умствени вежби, гениј“ од Карло Карцан и Соња Скалко, „Четири пријатели онлајн!“ од Каролина Каприја, серијалот „Мачки-детективи“ од Алесандро Гати, како и „Канцониер“ од Франческо Петрарка, „Владетелот“ од Николо Макијавели и други.

Во рамките на Неделата на италијанскиот јазик предвидени се низа културни настани: музика, филм, книжевна критика, опера, уметност, дизајн и книжевност, промовирани од Амбасадата на Италија во Скопје. На настаните им претходеше концерт на познатиот македонски пијанист Симон Трпчески, под диригентската палка на Габриел Бебешелеа, кој во Филхармонијата во Скопје ја изведе симфонијата „Данте“ и Концертот бр. 2 за пијано и оркестар на Франц Лист, со што се отвори и концертната сезона на Филхармонијата.

Официјалната програма почна на 18 октомври со онлајн-семинар на познатиот литературен критичар проф. Џулио Ферони од Универзитетот „Ла Сапјенца“ во Рим, добитник на наградата „Вијареџо 2020“, во категоријата есеистика, со делото „Италија на Данте. Патување во земјата на комедијата“. Во Археолошкиот музеј во Скопје беше отворена изложбата „Рафаело“, на која може и преку интерактивна инсталација да се разгледуваат делата на еден од најголемите ренесансни сликари на Италија. Во Кинотеката на Република Македонија беше прикажан филмот „Пеколот“, во режија на Франческо Бертолини инспириран од илустрациите на Густаво Доре. Проекцијата на филмот беше придружувана на пијано од пијанистот Марио Маријани. На 21 октомври на програмата е интеркултурен настан организиран од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, насловен „Светот на Данте во колективната меморија – јазични и визуелни аспекти“. На 22 октомври ќе биде награден победникот на натпреварот за најдобар постер „Данте 700“, настан организиран од Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје. Победничкиот постер визуелно ќе ја претставува Неделата на италијанскиот јазик. Како заокружување на настаните посветени на Данте, на 19 ноември во Македонската опера беше изведена светската премиера на операта „Lapeggiamenti, amenità, querimonie et altri tremendi affetti nella nobilissima Florentia“, либрето од Клаудио Салтарели и музика од Џо Скетино, во изведба на македонскиот тенор Благој Нацоски и баритонот Џанпјеро Руџери.

 Љубителите на италијанската уметност и култура, исто така, ќе можат да ја искористат и специјалната промоција за купување на италијански книжевни дела во книжарниците во Скопје.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.