Пет нови книги од серијалот за џентлменот крадец Арсен Лупен во издание на „Арс Ламина“

Пет нови книги на англиски јазик од серијалот за легендарниот џентлмен крадец Арсен Лупен од францускиот писател Морис Леблан деновиве излегоа од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за романите: „Arsène Lupin: The secret of Sarek“, „Arsène Lupin: The eight strokes of the clock“, „Arsène Lupin: The secret tomb“, „Memoirs of Arsène Lupin: The Countess of Cagliostro“ и „Arsène Lupin: The Mélamare mystery“. 

Со ова се збогатува едицијата во која веќе се објавени четири книги за авантурите на принцот на крадците Лупен, исто така на англиски јазик: „The extraordinary adventures of Arsène Lupin, gentleman-burglar“, „Arsène Lupin versus Herlok Sholmes“, „Further adventures of Arsène Lupin“ и „The confessions of Arsène Lupin“.

Арсен Лупен е еден од најпознатите книжевни ликови, тој е џентлмен, но и елегантен крадец, криминалец – пандан на генијалниот британски детектив Шерлок Холмс. Врз основа на овој лик, стриминг-сервисот „Нетфликс“ на почетокот на оваа година ја реализираше француската ТВ-серија „Лупен“ со харизматичниот Омар Сај во главната улога.

Писателот Морис Леблан (11 ноември 1864 – 6 ноември 1941) е роден во Руан, Нормандија, каде што го завршил своето основно образование. По студирањето во неколку земји и напуштање на Правниот факултет, се преселил во Париз, каде што почнал да пишува проза, криминални романи и раскази, кои во голема мера биле под влијание на писатели како Густав Флобер и Ги де Мопасан. Во својата кариера има објавено повеќе од 25 публикации, од кои најпознати се крими-романите со Арсен Лупен. Автор е на кратки раскази што ги објавувал во разни француски списанија, а исто така напишал два значајни научно-фантастични романи: Les Trois Yeux (1919) и Le Formidable Evènement (1920). Првата приказна за Лупен ја објавил во списанието „Же се ту“ во јули 1905 година. Поради големиот интерес, Леблан продолжил со објавување на серијата од приказни.

Книгите за Арсен Лупен се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк:

Arsène Lupin: The secret of Sarek („Арсен Лупен: Тајната на Сарек“)

Во Arsène Lupin: The secret of Sarek, дејството се одвива речиси целосно на измислениот остров Сарек во 1917 година, во кој Леблан вешто ги спојува криминалната фантазија и научната фантастика. Откако ќе го види своето име во неповрзан филм, една жена ги пронаоѓа трагите што ја водат до застрашувачка тајна.

Книгата можете да ја побарате онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14732

Arsène Lupin: The eight strokes of the clock („Арсен Лупен: Осумте удари на часовникот“)

Во Париз исчезнуваат шест жени, кои ќе бидат најдени една недела подоцна, обезличени, со отворени черепи. Врз основа на малкуте докази што ги има полицијата, претпоставува дека убиецот е жена и дека таа се подготвува да нападне повторно. Кога љубовницата на принцот Ренен ќе исчезне во една студена ноќ во октомври, тој се плаши дека таа ќе стане најновата жртва. Повеќето благородници би биле беспомошни да ја спасат пред да биде убиена, но Ренен е сојузник на Арсен Лупен, најголемиот крадец во светот, и ништо нема да го запре да го фати убиецот. Страшни суштества може да демнат во споредните улички на Париз, но ниту еден не е толку опасен или брилијантен како Арсен Лупен.

Книгата можете да ја побарате онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14733

Arsène Lupin: The secret tomb („Арсен Лупен: Тајната гробница“)

По Првата светска војна, младите протагонисти формираа мала група на патувачки циркус, кој живееше во приколка и преживеа најдобро што можеше. Оваа трупа вклучува убава млада девојка, Дороти, танчарка на јаже, но, исто така, понекогаш и гатачка или екстра-луцидна гледачка, и четири млади момчиња кои ги земала и ги школувала како што може…

Книгата можете да ја побарате онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14730

Memoirs of Arsène Lupin: The Countess of Cagliostro („Сеќавањата на Арсен Лупен: Грофицата од Калјиостро“)

Во процесот на пишување на своите мемоари, Арсен Лупен нè враќа во раните дваесетти години и неговата прва љубов: Кларис Д’Етиге. Иако татко ѝ ѝ забранува да се среќаваат, тоа не го спречува Лупен да ја засака Кларис. Но, кога ќе најде докази на имотот Д’Етиге за заговор за убиство на жена, тој не може а да не биде вовлечен во трката што следува потоа, до легендарното богатство.

Книгата можете да ја побарате онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14731

Arsène Lupin: The Mélamare mystery („Арсен Лупен: Мистеријата на Меламар“)

„Мистеријата на Меламар“ (позната и како Мистериозната палата) е осумнаесеттиот роман во серијата книги „Арсен Лупен“ од Морис Леблан. Книгата ја раскажува приказната за кражба на дијаманти и киднапирање на актерката Реџин Обри. Арсен Лупен, под псевдонимот Жан д’Енерис, е ангажиран од големиот магнат за накит Ван Хоубен во обид да го реши злосторството. Мистеријата сепак се продлабочува кога се случува второто киднапирање и се открива историја на ривалство и омраза помеѓу две семејства.

Книгата можете да ја побарате онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14734

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.