Кои изданија за деца беа најбарани во „Литература.мк“ минатиот месец?

Новиот, четврти дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер, сликовници и романи од нови, но и од етаблирани домашни автори за деца се најчитаните наслови за деца од „Литература.мк“ во септември. Мошне се барани и наслови од едицијата „Лесно читливи лектири“, книгите од серијалот Исидора Мун, интерактивни книги со логички вежби, пиши-бриши вежбанки со маркер, како и прирачниците за справување со емоции кај најмладите.

Книгите во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се достапни во сите книжарници „Литература.мк“, како и онлајн на www.literatura.mk.

1. „Хари Потер и Пламениот пехар“ од Џ. К. Роулинг

Најчитана книга за деца и млади во септември е „Хари Потер и Пламениот пехар“ од авторката Џ. К. Роулинг. Станува збор за четвртиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и магијата.

Ова долгоочекувано издание доаѓа по новите македонски верзии на „Хари Потер и Каменот на мудроста“ (кое го има и во лектирна верзија), „Хари Потер и Одајата на тајните“ и „Хари Потер и затвореникот од Азкабан“.

Во „Хари Потер и Пламениот пехар“ летниот распуст на Хари е незаборавен, за промена! Заедно со Визлиеви и Хермиона тој присуствува на Светското првенство во квидич – невообичаен настан дури и за волшебничкиот свет. Во Хогвортс, пак, првпат по неколку векови се одржува Триволшебничкиот турнир, меѓуучилиштен волшебнички натпревар во кој се соочуваат првенците на трите познати волшебнички училишта, Хогвортс, Бобатонс и Дурмстранг. Но, во заднината на сите овие настани се чувствува темнината и злото: дали конечно ќе се случи долгоочекуваното враќање на лордот Волдеморт?

Книгата е достапна за онлајн-нарачка на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14717

2. Серијал „Умствени вежби, гениј“

Новиот интерактивен книжевен серијал „Умствени вежби, гениј“ за деца и за возрасни од авторите Карло Карцан и Соња Скалко излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во него се четири книги со умствени вежби: „Размислувај како гениј“, „Размислувај како Шерлок Холмс“, „Размислувај како Леонардо да Винчи“ и „Размислувај како Алберт Ајнштајн“. Книгите се добра вежба за мозокот за секоја возраст, а во нивната основа е дека се учи преку игра.

„Размислувај како гениј“ помага да се подобри меморијата и концентрацијата, да се активираат логичките процеси на учење, да се развива имагинацијата и креативноста. На половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, „Размислувај како Шерлок Холмс“ е патување низ раскажување, активности и игри со кои ќе откриете како да го вежбате својот ум за набљудување, логика, концентрација и селективна меморија, следејќи ги трагите на најгенијалниот детектив на сите времиња.

Со „Размислувај како Алберт Ајнштајн“ ќе откриете како да го вежбате умот за истражување, логика, научен метод, страст и мотивација, следејќи ги трагите на најголемиот научник на сите времиња.

Преку „Размислувај како Леонардо да Винчи“ ќе дознаете како да го вежбате вашиот ум за љубопитност, креативност, техника и перфекција, следејќи ги трагите на најсложениот генијалец на сите времиња.

Овие книги се наменети за сите родители, наставници и воспитувачи кои сакаат да користат привлечен и игрив пристап за едуцирање на децата.

Книгата е достапна за онлајн-нарачка на следниот линк:

3. „Снешко, дневникот на едно кутре“ од Снешка Трајковска

„Снешко, дневникот на едно кутре“ е илустрирана книга за деца, прва книжевна објава на Снешка Путинска Трајковска. Доверувајќи му го раскажувачкиот глас на едно кутре, повредено и одделено од својата мајка, авторката и илустраторката (Анета Илиевска) заеднички и мошне хармонично создаваат симпатична и топла приказна за секојдневието, за закрепнувањето и зближувањето помеѓу животните и луѓето. Со многу досетки и карактеристичен шарм, со јазични игри на границата помеѓу кучешкиот и „јазикот на човеците“, со грешки и сознавања, приказната-дневник на кутрето Снешко, бело како снег, истовремено допира и до децата, но и до возрасните, како, впрочем, секоја добро осмислена книга за најмалите. Палавото секојдневие на кутрето е идентификувано со палавото секојдневие на секое мало суштество, куче, маче или дете, сеедно; но и со топлите, големи и меки срца на љубителите на животни, какво што е срцето на Мила, најдобрата другарка, негувателка и сопственичка на Снешко Беличковски.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14691

4. „Мирко Немирко“ од Ване Костуранов и Ана Ѓокиќ

Ова ново возбудливо издание за деца од авторката Ана Ѓокиќ и илустраторот Ване Костуранов, е приказна за еден мал, палав дете-облак. Мирко, како и сите деца, постојано сака да си игра. Патува по небото во потрага по забава. Сакајќи да се шегува со луѓето, наидува на нивното негодување што го збунува. Со дождовните капки со кои се обидува да ги развесели и да ги насмее луѓето, всушност, ги брка од себе и ги затвора во домовите. Се обидува еднаш, уште еднаш,.. и потоа, тажен, исчезнува. Зад себе остава еден збор кој продолжува да патува низ светот, без престан. Тоа е зборот Немирко, симпатичниот прекар на палавото облаче Мирко.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14612

5. „Животните од Африка“ и „Животните од Австралија“

„Животните од Австралија“ и „Животните од Африка“ се дел од новата едиција со интерактивни пиши-бриши вежбанки со маркер. Овие едноставни и забавни активности, подредени по тежина, ќе им помогнат на децата од предучилишна возраст да ја вежбаат раката, да се навикнат на приборот за пишување и да стекнат самодоверба во првите чекори во цртањето и пишувањето, преку: Почетно пишување на разни видови линии; Слободно пишување линии; Развивање на фините моторички вештини на мускулите на рацете и прстите; Можност вежбата да се повтори повеќепати и детето да се коригира самостојно.

Оваа вежбанка е реупотреблива. На нејзините страници може да се пишува со маркер за бела табла (пиши-бриши), а се брише со марамче, обична ткаенина или сунѓер. На тој начин децата можат да се навраќаат на активностите повторно и повторно, што им овозможува градење на самодовербата, но и долготрајна забава.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://bit.ly/3wZeHH4

6. Психолошки прирачници за деца од Христина Стефановска

Четирите психолошки прирачници од Христина Стефановска: „Кога Мешко се лути“, „Кога Ушко се плаши“, „Кога Сончка е среќна“ и „Кога Летко е тажен“, се меѓу најбараните изданија за деца. Низ лесни, едукативни и интерактивни приказни и активности, Стефановска ги насочува децата да се посветат на своите емоции и да работат на нивното прифаќање и трансформирање во нешто позитивно и корисно. Преку однесувањето и манифестирањето на емоциите на четирите лика – лутото еже Мешко, плашливото зајаче Ушко, тажното славејче Летко и среќната срничка Сончка, и преку придружните активности по секоја приказна, децата ќе научат да ги препознаваат и да ги разликуваат емоциите кај себе и кај другите луѓе, ќе стекнат увид во причинителите на емоциите, ќе откријат конструктивни начини за справување со емоциите и ќе создадат навика за корисно структурирање на слободното време.

Книгите се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/ListBooksByAuthor.aspx?aut=9009

7. „Исидора Мун оди на свадба“ од Хариет Мункастер

Мајка ѝ е самовила, татко ѝ е вампир, а Исидора е по малку од двете. Нејзино најверно другарче е Розовото зајаче, кое оживеало со помош на магија. Исидора живее во свет помеѓу магијата и реалноста. Оди во „обично“ училиште и се дружи со деца без магични моќи. Секојдневно учи нови нешта и заминува во многу авантури, придружувана од Розовото зајаче. Во книгата „Исидора Мун оди на свадба“Исидора ќе биде деверица на свадбата на тетка ѝ и мнооогу е возбудена! Но, откако нејзината палава братучетка ќе замеша прсти со малку волшебни палавштини, денот што треба да биде посебен, нема да тече баш како подмачкано. Може ли Исидора да се погрижи да има среќен крај?…

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14729

8. „Збунети години“ од Велко Неделковски, илустрации на Здравко Гиров

Борче е осмоодделенец кој постојано ги задева и ги засмева девојчињата во училиштето. Симпатија му е Виолетка и преку Димитар, скромен седмоодделенец и нејзин соученик, ѝ праќа љубовни писма. Во неа е вљубен и Димитар, кој всушност ги пишува писмата во име на Борче. Различни во поглед на социјалниот статус, но и во однос на карактерот, сензибилитетот и физичкиот изглед, овие две момчиња ќе се обидат да го освојат девојчето со плетенки, црвени образи и со симпатична насмевка.

Книгата, која е дел од едицијата „Лесно читливи лектири“, е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13498

9. „Пајажината на Шарлот“ од Елвин Брукс Вајт

Чудесно прасе. Скромно. Блескаво. Ова се зборовите во пајажината на Шарлот, високо во аголот на шталата на Цукерман. Пајажината на Шарлот зборува за нејзините чувства кон прасенцето Вилбур, кое најмногу од сè сака да има пријател. „Пајажината на Шарлот“ зборува и за љубовта кон Вилбур на девојчето Ферн, која му го спасува животот кога се раѓа како кржле во леглото прасиња. Овој роман е нежна приказна за пријателството, љубовта, животот и смртта, кој ќе продолжи да ги освојува срцата на идните генерации деца.

Книгата, која е дел од едицијата „Лесно читливи лектири“, е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13632

10. „Другарска азбука“ од Снежана Петрова-Џамбазова

Книгата „Другарска азбука“ од Снежана Петрова-Џамбазова, со илустрации од Ивана Јовановска, ќе ве внесе во светот на буквите, на пишувањето, на запознавањето со кирилицата. Во оваа интересна книга за деца, на забавен и на шаренолик начин преку римувани строфи ќе дознаете повеќе за другарството, за заемните игри, понекогаш и за работните задачи на момчиња и девојчиња чиишто имиња почнуваат со иста буква.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13532

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.