Со книгата „Од компетентност до комплетност“ од Киро Јорданов го одбележуваме Светскиот ден на наставниците

На 5 октомври, во интернационални рамки се прославува Светскиот ден на наставниците, познат и како Меѓународен ден на наставниците. Да се биде наставник, воспитувач, учител, професор е најблагородната и најубавата професија, но истовремено и најодговорната задача што подразбира голема посветеност. Наставниците се едни од најважните членови на општеството, тие се водечка светлина за учениците и со својата работа влијаат врз судбината на земјата.

Го одбележуваме Светскиот ден на наставниците со стручната образовна книга „Од компетентност до комплетност: водич за преживување за наставници“ од Kиро Јорданов, која неодамна излезе од печат во издание на „Арс Ламина“.

Дека станува збор за книга што треба да ја прочита секој наставник зборуваат и многуте препораки и анализи на повеќе стручни лица инволвирани во образовниот процес: професори, доктори, магистри, наставници, како и од Здружението „Ајнштајн“.

За проф. м-р Александра Поповски Голубовиќ, претседателка на ЕЛТАМ МК, „книгата на Киро Јорданов е основна литература за секој наставник и секој што сака да дознае и да разбере што значи да се биде наставник“.

„Оваа книга е синтеза на поучувањето и учењето, со голем акцент на учењето, што ја прави верен следбеник на насоките на активно учење како интенција на современата настава. Од тие причини, книгата ’Од компетентност до комплетност: Водич за преживување за/на наставници‘ на авторот м-р Киро Јорданов е модел на современ наставен практикум, а хрестоматскиот пристап што е застапен во книгата со право дава можност за силна препорака на сите што сакаат да бидат активни и иновативни партиципиенти во современата настава“, вели проф. д-р Снежана Мирасчиева.

„Оваа книга на еден лесен и разбирлив начин на наставниците им нуди знаење за суштината на дислексијата и како да ја препознаат кај своите ученици. Најважно од сè, во книгата се интегрирани и начините за тоа како наставниците можат да им помогнат на овие ученици да ги остварат своите вистински потенцијали. Оваа книга треба да биде задолжителна литература за секој наставник“, вели Дамјан Николовски, претседател на Здружението за дислексија „Ајнштајн“.

„Од насловот до крајот, книгата претставува водич, прирачник и советник корисен за сите едукатори вклучени во образовниот процес, почнувајќи од приправниците, па сè до искусните практичари…“, вели Весела Богдановиќ, која работи како наставничка.

„Авторот многу успешно става акцент на пристапот кон образовниот процес на лицата со попреченост и со посебни образовни потреби. Убеден сум дека ова ќе претставува одличен водич за наставниците и ќе ја најде својата практична улога во планирањето и реализирањето и на образовниот процес. Книгава ќе биде одлична алатка за наставниците и ќе им даде одговор на низа неодговорени прашања…“, се вели во анализата на м-р Дејан Здравков, дефектолог.

„Читајќи ја книгата ’Од компетентност до комплетност‘ на Киро Јорданов, дојдов до заклучок дека таа ќе биде од голема корист за сите наставници без оглед на нивното работно искуство, бидејќи тука се поместени насоки и совети во кои авторот го користи своето богато искуство во професијата…“, заклучува проф. Шпенд Латифи.

„…поентата не е да се види колку книги можеме да прочитаме, туку колку можеме да ги пренесеме во наставата. Оваа книга е повеќе од нов пристап кон учењето; тоа е водич за максимално искористување на наставните практики во наставата. Кој не би бил заинтересиран за тоа?“, вели проф. Никола Делевски.

„Токму овој труд е тоа што недостигаше во период кога образовниот процес минуваше и сè уште минува низ еволутивна трансформација од епски размер, кога наставниците беа втурнати во дигиталните води без никаков прибор за преживување. (…) Јорданов не само што нуди енциклопедиски осврт на речиси сите актуелни теми што се дел од образовниот дискурс на меѓународно ниво туку тоа го прави на начин што директно се обраќа на наставникот, со конкретни упатства и насоки за справување со сите предизвици со кои се соочува за време на наставата, воедно нудејќи и перспективи за понатамошен професионален развој“, вели проф. Перо Сарџоски, директор на настава
„Пегасус“ ЕЛС, Тетово.

„Книгата го привлекува вниманието, бидејќи во неа се демонстрира одличен спој на содржината и начинот на давање упатства за условите што треба да се обезбедат за успешна реализација на воспитно-образовниот процес, имајќи ја предвид и стручноста на наставникот, потребниот простор и опрема, бројот на ученици во паралелката и сите можни начини на подготовка и практична реализација на наставниот процес и се карактеризира со висок квалитет на наоѓање одговори на големите современи предизвици во образованието“, подвлекува проф. Сатки Исмаили.

Книгата „Од компетентност до комплетност“ беше претставена со онлајн-промоција минатиот месец, на која се вклучија многубројни стручни лица, долгогодишни професори, наставници и просветни работници. Во продолжение погледнете ја целата промоција на книгата: https://bit.ly/3kmASCH.

Книгата „Од компетентност до комплетност“ веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на http://www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14619

Инаку, светскиот ден на наставниците се прославува на петти октомври од 1994 година. На овој датум се одбележува потпишувањето на Препораката на УНЕСКО од 1966 година за регулирање на статусот на наставниците низ целиот свет. Во Интернационалата за образование членуваат повеќе од 22 милиони просветни работници.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.