Со топ пет хорор-книги го одбележуваме роденденот на Стивен Кинг

„Книгите се уникатно пренослива магија…Чудовиштата се вистински, а и духовите се реални. Тие живеат во нас, а понекогаш и победуваат… Ако немате време за читање, немате време (или алатки) за пишување. Толку едноставно… Добрите книги не ги откриваат сите свои тајни одеднаш…“

Ова се само дел од познатите мисли на кралот на хоророт, Стивен Кинг, кој е роден на денешен ден (21 септември), во 1947 година во Портланд, САД.

Уште при споменувањето на името Стивен Кинг многумина ги полазуваат морници. И со право, тој е автор на едни од најстрашните романи, хорор-трилери, комбинирани со научна-фантастика. Легендарниот раскажувач и мајстор за куса фикција, зад себе има 63 романи, над 200 кратки раскази и над 30 сценарија и адаптации за филм. Тука се вбројуваат неколкуте книги што Кинг ги има напишано под псевдонимот Ричард Бахман, како и еден краток расказ, „Петтата четвртина“, на кој е потпишан како Џон Свитен. Дека станува збор за еден од најчитаните писатели зборува и фактот дека се продадени повеќе од 350 милиони копии од романите и колекциите на раскази, а многу од неговите приказни добија успешни адаптации на големото платно, телевизија и на други медиуми. Во 2003 година Националната литературна фондација му го додели Медалот за докажан придонес во американската литература.

Неговиот живот неретко бил како сценарио за драма, трилер, па и хорор-филм. Кога имал само две години, неговиот татко го напуштил семејството со изговорот „одам да си купам кутија цигари“, оставајќи ја мајката на Стивен сама да ги одгледа него и неговиот постар посвоен брат Дејвид, понекогаш под тешки финансиски услови. Како дете, Кинг наводно бил сведок како еден негов другар загинал по удар од воз, иако не се сеќава на настанот. Неговото семејство му кажало дека откако излегол да си игра со момчето, Кинг се вратил, нем и во шок. Подоцна семејството дознало за смртта на неговиот другар. Некои негови критичари сугерираат дека овој настан психолошки ги инспирирал некои од помрачните дела на Кинг, но тој самиот ја отфрла таквата идеја. Основната инспирација на Кинг за пишување хорор-белетристика е наведена до детаљ во 1981 во неговото нефиктивно дело „Данс макабр“, во поглавјето насловено „An Annoying Autobiographical Pause“. Кинг прави компарација на успешната техника на вујко му за пронаоѓање вода под земја со користење на две гранчиња од јаболкница со ненадејната идеја што тој сака да прави за да заработува. Додека раскревале на таванот со неговиот постар брат, Кинг пронашол книга на Х. Ф. Ловкрафт, збирка раскази што припаѓала на неговиот татко. Илустрацијата на корицата од чудовиште кое се крие под надгробен камен во вдлабнатината на пештера што изгледа како пеколот била, како што пишува, „моментот во мојот живот кога пронаоѓањето вода ненадејно потона… што се однесуваше до мене, бев на вистинскиот пат“.

Кинг покажал интерес за страшните приказни, читајќи хорор-стрипови, како „Tales from the Cryp“. Почнал да пишува како ученик во весникот што неговиот брат го издавал со мимеографска машина, а подоцна почнал да продава стории на неговите пријатели засновани на филмови што ги имал изгледано (иако откако бил откриен од наставниците, бил присилен да им ги врати парите). Во 1965 година ја објавил својата прва приказна, самостојно.

Во 1974 година го објавил својот прв роман, „Кери“, со кој се наметна како сериозен автор на хорор-приказни. На почетокот идејата за тинејџерка со натприродни моќи му се видела многу детска, па малку недостигало да се откаже од завршување на делото. Но, неговата сопруга Табита го охрабрила да го објави романот… Самиот вели дека со тоа му го спасила животот, а книжевноста доби едно ремек-дело. Морничавата приказна за тинејџерката Кери Вајт за брзо време била продадена во милион копии. Оваа книга сѐ уште важи за една од најтензичните дела на Кинг. На основа на книгата снимени се и адаптации за на големото платно, од кои најпознат е истоимениот филм од 1976 година, во режија на Брајан де Палма, со Сиси Спејсек во главната улога. Следуваа уште неколку филмски и ТВ-верзии, како и претстава на Бродвеј.

По успехот на „Кери“, од неговото перо излегоа некои од најзначајните хорор-книги на денешницата: „Судбината на Салем“, „Сјаење“, „Мрачната кула“, „Гробишта за миленици“, „Тоа“, „Зелената Милја“ и многу други.

„Арс Ламина“ е најголем издавач на делата на Кинг на македонски јазик. Досега, под својот импринт „Арс Либрис“ ги има објавено култните „Доктор Сон“, серијалот „Зелената Милја“ („Двете мртви девојчиња“, „Глувчето на Милјата“, „Дланките на Кофи“, „Ужасната смрт на Едуар Делакроа“, „Патување во ноќта“, „Кофи на Милјата“), „Сјаење“ (која има две изданија), „Кери“, „Тркачот“ и најновата, „Колку покрваво“.

Го одбележуваме роденденот на Стивен Кинг со пет негови книги, кои се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлaјн преку www.literatura.mk.

1. „Кери“

Кери Вајт не е обична девојка. Таа има дар. Може да поместува предмети со нејзиниот ум. Вратите се заклучуваат. Светилките паѓаат. Поканата од Томи Рос на матурската вечер за Кери е исполнување на сонот – прв чекор кон влез во средношколското друштво. Сѐ додека неочекуваната суровост не го претвори нејзиниот дар во оружје на хорор и деструкција кои никој никогаш нема да ги заборави.

Книгата е достапна за онлајн-нарачка на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13580

2. „Колку покрваво“

„Колку покрваво“ еисклучителна колекција од четири нови раскази – „Телефонот на господин Хариган“, „Животот на Чак“, „Колку покрваво“ и „Стаорец“ – секој од нив носејќи го читателот на интригантни и застрашувачки места. Расказот е форма на која Стивен Кинг во неговата неверојатна кариера постојано ѝ се враќа, од нив многу преточени во култни филмови, како „Тело“ („Биди покрај мене“) и „Рита Хејворт и бегството од Шошенк“ („Бегството од Шошенк“). Како и неговите претходни збирки раскази, „Колку покрваво“ е колекција од уникатна куса фикција од автор кој со децении суверено владее на тронот на жанрот хорор.

Книгата е достапна за онлајн-нарачка на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14543

3. „Сјаење“ (второ издание)

„Сјаење“ претставува олицетворение на современиот хорор-роман и дава прониклив увид во едно растурено семејство, во мрачните ходници на душата и во човековата слабост. Талентот на Стивен Кинг не бил поблескав во ниту една книга. Џек Торенс, неговата жена Венди и синот Дени се вселуваат во хотелот „Видиковец“, бидејќи Џек ја добива работата на чувар во зимскиот период. Неколку месеци отсечени од цивилизација, Џек се обидува да се избори со алкохолизмот и со нападите на бес додека ја пишува новата театарска претстава. Но, силите на темнината што престојуваат во хотелот „Видиковец“ – кој има долга историја на насилства – сакаат да го земат Дени заради неговите силни прекогнитивни способности и да се послужат со слабостите на Џек за да го зграпчат момчето…

Хорор-романот „Сјаење“ првпат е објавен во 1977 година. Во 1980 година, според романот, снимен е и филм, во режија на Стенли Кјубрик, а со Џек Николсон во главната улога. Овој филм се вбројува меѓу најдобрите на сите времиња. Подоцна, во 1997 година, адаптиран е и во телевизиска мини-серија.

Книгата е достапна за онлајн-нарачка на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14479

4. „Доктор Сон“

Книгата е продолжение на безвременскиот бестселер „Сјаење“. Хотелот „Видиковец“ беше местото каде што неговата момчешка дарба за „сјаење“ ја отвори вратата кон пеколот. Ден Торенс денес е возрасен човек, но духовите од „Видиковец“ – и алкохолизмот и насилството наследени од татко му – го влечеа со години. Сега, помогнат од заедницата на Анонимните алкохоличари во Њу Хемпшир, Ден им го ублажува умирањето на лицата во еден дом за стари и изнемоштени лица, каде што го нарекуваат „Доктор Сон“.

Книгата е достапна за онлајн-нарачка на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=11687

5. „Тркачот“

Бен Ричардс нема работа и нема среќа. Неговата осумнаесетмесечна ќерка е болна и ниту Бен ниту неговата сопруга не можат да си дозволат лекар. За човек од сиромашната страна на градот без пари и надеж, постои само едно нешто што може да го направи: да стане натпреварувач во една од Игрите на Мрежата, шоуа во кои можеш да заработиш повеќе пари отколку што некогаш си сонувал – или да умреш. Бен станува дел од најгледаното шоу и е на пат да стане плен на масите…

Книгата е достапна за онлајн-нарачка на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13617

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.