Дејвид Атенборо: „Животот на нашата планета“ е моето сведочење, но и мојата визија за иднината

Земјата ја делиме со другите животни и со растенијата – најсовршениот замислив систем за одржување на животот, конструиран милијарди години. Стабилноста на планетата почна да се губи паралелно со намалувањето на разновидноста на живиот свет – овие две нешта се меѓусебно поврзани. Затоа, за да ја обновиме стабилноста на планетата, мораме да го обновиме биодиверзитетот, токму она што го уништуваме сега. Тоа е единствениот излез од кризата што ја предизвикавме самите. Мораме да ја вратиме дивината во светот. Ова е пораката што најпознатиот британски автор на природонаучни филмови, сер Дејвид Атенборо, ни ја испраќа преку својата книга „Животот на нашата планета“, која неодамна излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Дејвид Атенборо речиси седум децении има богата кариера како природонаучник и телевизиски презентер. Патувал во најоддалечените краеви на светот, каде што одблизу снимал диви животни во нивните природни живеалишта.

– Имам 94 години. Имав извонреден живот. Дури сега сфаќам колку извонреден. Како младич, додека шетав мислев дека ја гледам дивината, дека го искусувам негибнатиот свет на природата – но, тоа беше илузија. Трагедијата на нашето време се случуваше насекаде околу нас, едвај забележливо од ден за ден – исчезнувањето на дивината, намалувањето на нејзиниот биодиверзитет. Бев сведок на ова намалување. Животот на нашата планета е моето сведочење, но и мојата визија за иднината. Тоа е приказна за тоа како ја направивме нашата најголема грешка и како, доколку дејствуваме веднаш, можеме да ја исправиме. Имаме уште само една, последна шанса да го создадеме нашиот совршен дом и да го обновиме волшебниот свет што сме го наследиле – вели сер Дејвид Атенборо.

Во книгата тој зборува за својата кариера како презентер, филмски продуцент и историчар на природата, но и за изумирањето на дивините и зголемувањето на јаглеродни емисии во истиот период. Атенборо предупредува на последиците од антропогените климатски промени и намалувањето на биодиверзитетот со кои ќе се соочиме во блиска иднина, но истовремено и предлага конкретни промени во нашиот општествен и стопански живот со кои би можеле да ја спречиме претстојната катастрофа. Со тоа, овој вљубеник во природата се фокусира на убавината на планетата на која живееме, но и нуди чекори со кои ќе го зачуваме нашиот дом.

Атенборо е познат и како автор и презентер на документарниот серијал „Живот“ (Life), што го работел заедно со Би-би-си и претставува детален поглед на животинскиот и растителниот свет на Земјата. Тој е единствениот човек кој има добиено награди БАФТА за емисии во црно-бела техника, во колор, во ХД, 3Д и 4K. Додека неговата работа на почетокот повеќе е фокусирана на природниот свет, неговите понатамошни активности се насочени кон поддршка на теми врзани со зачувување на природата. Во 1985 година ја добива високата титула „сер“, а документарниот филм и книгата „Живот на нашата планета“, објавени во 2020 година, се негово сведоштво за неговиот живот и за иднината.

Книгата, која беше една од најпродаваните на неодамна одржаниот Саем на книгата, е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн, преку www.literatura.mk.

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14714

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.