Како изгледаат писателите? – Средба на авторите на „Црната птица“ и „Јас сум Акико“ со учениците од ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ од Скопје

Како една книга од писателот стигнува до рацете на читателите? Каков е процесот на пишување книга, сценарио за филм и театарска претстава? Како изгледаат писателите? Дали сите се стари или има и млади… и дали сите имаат очила? Ова беа само дел од прашањата што учениците од шесто и осмо одделение при ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ од Скопје им ги поставија на српските автори Александра Јовановиќ и Стефан Тиќми. Тие гостуваа во Скопје, во рамките на Саемот на книгата, на која ги промовираа своите книги за деца „Црната птица“ (Александра Јовановиќ) и „Јас сум Акико“ (Стефан Тиќми) – двете во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Работилницата се одржа во дворот на основното училиште ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ во опуштена атмосфера. Одговорна наставничка беше Елизабета Камческа, а модератор на настанот Марија Богоеска од „Арс Ламина“.

Учениците уште на почетокот беа воодушевени од тоа што пред себе гледаат навистина млади автори, на кои, освен основните прашања: како станале писатели колку време им било потребно да ги напишат книгите „Црната птица“ и „Јас сум Акико“, се обидоа и на самите автори да им објаснат како тие замислуваат дека се создава една книга.

Младите љубители на пишаниот збор се воодушевија од фактот дека книгата „Јас сум Акико“е настаната за само седум дена и дека е отпечатена во над 22.000 примероци. Но, и дека харизматичната авторка Александра Јовановиќ (1996) е најмладата добитничка досега на престижната наградата на „Политикин забавник“ за најдобра книга за деца и млади напишана на српски јазик за 2020 година.

Во рамките на оваа литературна работилница се читаа извадоци од книгите „Црната птица“ и „Јас сум Акико“. Средбата заврши со ветување дека ќе има следна дружба, по повод објавувањето некоја следна книга од авторите… или, пак, можеби на дело од некој/а иден/на писател/ка од училишните клупи.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.