Саем на книга 2021: Разговор со Дејан Тиаго Станковиќ – авторот на книгата „Замалек“

На 11 септември (сабота), во 19 часот, на главната бина ќе биде претставена книгата „Замалек“ од Дејан Тиаго Станковиќ. Книгата на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“.

Разговорот со авторот ќе го  води уредничката Татјана Димовска-Атанасова од „Арс Ламина“, а ќе гостува и Илина Јакимовска, која беше задолжена за преводот на книгата.

Во срцето на Каиро, на островот среде Нил, со децении постоела антикварница преполна со најразновидно богатство како пештерата на Али-баба. Продавницата, најпозната во тој дел на светот, ја воделе Коста, познат египтолог, и неговата поќерка Арна, сè додека к’сметот, поради некои мистериозни гревови на Коста, не решил поинаку. Оваа приказна, во која се мешаат овоземскиот и задгробниот живот, не можела да се случи на никое друго место, освен во Каиро, па тој пустински мегалополис, неговата тивка махала Замалек, луѓето, обичаите и жештината на градот се еднакви важни јунаци во романот исто како и антикварот Коста и раскажувачката Арна, прашината што постојано паѓа и Нил, кој тече како животот.

Дејан Тиаго Станковиќ е роден во Белград во 1965 година, каде што живеел до дипломирањето на факултетот по архитектура, со која потоа никогаш не се занимавал. По завршувањето на школувањето, од љубопитност и желба да го запознае светот, се преселил во странство. За својот животен пат тој вели:

– Се преселив во странство, каде што немав намера да останам долго, но се случи околностите да бидат поинакви. До 1995 година живеев во Лондон, од каде што, наместо да се вратам дома во Белград, се преселив во Португалија. Живеам во Лисабон, добив нивно државјанство и ме гледаат како свој. Писателскиот занает го научив од најдобрите, преведувајќи книжевни дела. Со текот на годините објавив не баш голем број преводи, но само на најзначајните писатели, како од португалски на српски, така и од српски на португалски. Бев пионер во таа работа, па можев да избирам. Особено сум горд на преводите на Сарамаго, Иво Андриќ и Драгослав Михајловиќ. Со објавување на сопствени дела почнав доцна во животот, дури во своите четириесетти, кога бев сигурен дека имам што да кажам. Ја објавив книгата раскази „Од каде што бев, веќе не сум“ и романот „Есторил“, кој е преведен на големите светски јазици и награден во Србија и во Велика Британија, а во Португалија, на што сум многу горд, стана училишна лектира. „Замалек“, мојот втор роман, плод е на моите повеќемесечни престои во Каиро во текот на четири години, на она што го доживеав таму и приказните што ги чув таму – истакнува авторот.

Романот „Замалек“ е достапен во сите книжарници на „Литература.мк“, онлајн преку http://www.literatura.mk, како и на штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ за време на Саемот на книгата 2021.

Ве чекаме на Саемот на книгата со одличен избор на нови изданија, интересни промоции и големи попусти.

Каталозите со сите нови изданија и попусти можете да ги погледнете на линковите подолу.

Каталог со книги за возрасни 👉 https://bit.ly/38GEt9s

Каталог со книги за деца 👉 https://bit.ly/3tl7eSk

Се читаме на саем!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.