Саем на книга 2021: „Кинески мозаик“ од Виктор Урумов е првата илустрирана енциклопедија за Кина на македонски јазик

На 8 септември (среда), со почеток во 19 часот, на штандот на „Арс Ламина“, во рамките на Саемот на книгата 2021, ќе биде промовирана книгата „Кинески мозаик“ од проф. Виктор Урумов. Станува збор за првата илустрирана енциклопедија за Кина на македонски јазик, во издание на „Арс Ламина – публикации“.

„Кинески мозаик“ е мала книга за голема земја, за нејзиното минато и за тоа што е денес Кина, за најголемиот вкупен придонес во светското културно наследство, за Би Шенг и Матео Ричи, за Опиумските војни и Боксерското востание, за леишу енциклопедиите и нобеловката Ту, за династиите Танг и Минг, за сликарството и поезијата, за го и цуџу, за најголемиот радиотелескоп и најголемата мрежа од брзи возови, за нешта што не сме ги учеле на училиште.

Книгата содржи воведен дел во кој се претставени природните услови на Кина, нејзиното население, минатото и кратка информација за современоста. Главната содржина е претставена во облик на енциклопедиски речник. Во него се појавуваат 375 одредници што можат да се поделат на неколку области: географија, историја, личности, знаменитости, култура и достигнувања. Опфатени се сите ентитети на Кина со нивните главни градови, други значајни места, сите династии и нивните највидни претставници. Споменати се, одделно или во рамките на провинциите, сите места издвоени како светско културно и/или природно наследство, како и дел од светското нематеријално културно наследство со чијашто бројност Кина е на првото место на светот.

Проф. д-р Виктор Урумов е роден во 1946 година во Белград. Дипломирал (1969) на Московскиот државен универзитет. Магистрирал (1971) и докторирал (1973) на Универзитетот во Манчестер со тема за статистичката механика на полиелектролитните раствори. Објавувал трудови за точно решливите Изингови модели, универзалните константи кај еднодимензионалните пресликувања, образованието по физика и нејзината популаризација. Држел настава (главно од теориската физика и применетата математика) на универзитетите во Скопје, Битола, Приштина, Гејнсвил (Флорида), Си-ди-бел-Абес и Оран во Алжир. Освоил прва, односно втора награда на југословенскиот натпревар по математика и на Меѓународната олимпијада по математика (1964). Бил редовен професор по физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Од 1983 до 1985 година бил декан на Факултетот за физика. Бил член на Извршниот комитет на Европското друштво на физичари (2006). Меѓу другото, има објавено учебник Математичка физика, како и Лексикон по физика, кој е во издание на „Арс Ламина“.

Под слоганот „Овде книгата греит душата“, како паралела на познатиот стих од антологиската „Т’га за југ“ од Константин Миладинов, издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе се претстави на Саемот на книгата 2021, кој ќе се одржува од 8 до 14 септември, во близина на Аква паркот, кај „А1 Арена“ – СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје. На заедничкиот штанд со книжарниците „Литература.мк“ ќе има специјални саемски попусти до 80 отсто, како и подароци за секоја реализирана сметка. Попустите ќе важат и за онлајн-нарачките преку www.literatura.mk, за времетраење на саемот. „Арс Ламина – публикации“, со своите импринти („Арс Ламина“, „Арс Либрис“, „Либи“, „Попули“ и „Скрипти“), традиционално ќе понуди повеќе од 300 нови наслови, промоции на 12 книги од домашни автори, но и од гости од регионот, како и работилници за најмладите и средби со авторите.

На првиот саемски ден (8 септември), покрај промоцијата на книгата „Кинески мозаик“ од проф. Урумов, ќе биде промовиран и романот „Веќе не сум истиот“ од Војо Цветановски, со почеток во 18 часот, на главната бина.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, онлајн преку www.literatura.mk, како и на штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ за време на Саемот на книгата 2021.

Каталозите со сите нови изданија и попусти можете да ги погледнете на линковите подолу.

Каталог со книги за возрасни 👉 https://bit.ly/38GEt9s

Каталог со книги за деца 👉 https://bit.ly/3tl7eSk

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.