„Умствени вежби, гениј“ – нов серијал со логички игри за сите деца, родители и наставници

Новиот интерактивен книжевен серијал „Умствени вежби, гениј“ за деца и за возрасни од авторите Карло Карцан и Соња Скалко излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во него се четири книги со умствени вежби: „Размислувај како гениј“, „Размислувај како Шерлок Холмс“, „Размислувај како Леонардо да Винчи“ и „Размислувај како Алберт Ајнштајн“. Книгите се добра вежба за мозокот за секоја возраст, а во нивната основа е дека се учи преку игра.

„Размислувај како гениј“ помага да се подобри меморијата и концентрацијата, да се активираат логичките процеси на учење, да се развива имагинацијата и креативноста.

На половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, „Размислувај како Шерлок Холмс“ е патување низ раскажување, активности и игри со кои ќе откриете како да го вежбате својот ум за набљудување, логика, концентрација и селективна меморија, следејќи ги трагите на најгенијалниот детектив на сите времиња.

Со „Размислувај како Алберт Ајнштајн“ ќе откриете како да го вежбате умот за истражување, логика, научен метод, страст и мотивација, следејќи ги трагите на најголемиот научник на сите времиња.

Преку „Размислувај како Леонардо да Винчи“ ќе дознаете како да го вежбате вашиот ум за љубопитност, креативност, техника и перфекција, следејќи ги трагите на најсложениот генијалец на сите времиња.

Овие книги се наменети за сите родители, наставници и воспитувачи кои сакаат да користат привлечен и игрив пристап за едуцирање на децата. Пристапот во книгите е лабораториски и разигран, ориентиран за учење преку неформална структура и овозможува:

– Да го вежбате вашиот мозок и да се подобрите со едноставни и разиграни вежби;

– Да создадете контекст во кој ќе учите полесно;

– Самовреднување на вашите таленти и вежби за вашиот ум;

– Зголемување на меморијата што се засилува со разиграни вежби;

– Подобрување на концентрацијата и зголемување на самодовербата.

На крајот на секоја книга и има решенија на игрите и на загатките за проверка, споредба и повратни информации за сработеното.

Книгите веќе се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн, преку www.literatura.mk.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.