Топ 10 книги од „Литература.мк“ за идните првачиња

Веруваме дека со нетрпение многумина го очекуваат први септември, а највозбудени сигурно се идните првачиња и нивните најблиски. Како ќе помине првиот училиштен ден, кај кои учителки и во кое одделение ќе биде, дали ќе запознае нови другарчиња? Дали ќе може брзо да се привикне, дали брзо ќе ги совлада сите лекции и задачи?… Ова се дел од многуте прашања и дилеми што ги мачат не само родителите туку и децата. Првите училишни денови остануваат засекогаш во сеќавањето. Тие се пресврт и значен момент во растењето на секо дете, кога забрзано почнува да созрева. Сѐ со цел полесно надминување на тремата од првиот училиштен ден, побрзо запознавање со предизвиците и побрзо приспособување, препорачливо е да се разговара со децата и да им се одговори на сите нивни прашања. Дел од одговорите можат да се сретнат во стручната литература, но дел и во книгите за деца. На неусилен, спонтан и забавен начин, преку интересни личности и ситуациите во кои се наоѓаат, полесно ќе се надмине неизвесноста и побрзо ќе се прифати новата ситуација. Ви претставуваме топ 10 книги, кои се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ кои се соодветни за идните првачиња. Книгите се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на www.literatura.mk.

Во книжарниците „Литература.мк“ во тек е акцијата „Назад во училиште“, со попусти до 50 отсто на училишните материјали, како и подароци за купени одредени производи од богатата понуда. Дел од изданијата вклучени во листата подолу се дел од оваа кампања. Разгледајте го целиот каталог на следниот линк:

Click to access Nazad_vo_uciliste_WEB.pdf

1. „Исидора Мун оди на училиште“ од Хариет Мункастер

Мајка ѝ е самовила, татко ѝ е вампир, а Исидора е по малку од двете. Нејзино најверно другарче е Розовото зајаче, кое оживеало со помош на магија. Ја обожава ноќта, обожава лилјаци и го обожава нејзиното црно балетско фустанче, но исто така го обожава и сонцето, нејзиното волшебно стапче и Розовото зајаче. Исидора живее во свет помеѓу магијата и реалноста. Оди во „обично“ училиште и се дружи со деца без магични моќи. Секојдневно учи нови нешта и заминува во многу авантури. Кога доаѓа време Исидора да тргне на училиште, таа не е сигурна каде припаѓа – во училиштето за самовили или во училиштето за вампири?

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13126

2. „Другарска азбука“ од Снежана Петрова-Џамбазова

Книгата „Другарска азбука“ од Снежана Петрова-Џамбазова, со илустрации од Ивана Јовановска, ќе ве внесе во светот на буквите, на пишувањето, на запознавањето со кирилицата. Во оваа интересна книга за деца, на забавен и на шаренолик начин преку римувани строфи ќе дознаете повеќе за другарството, за заемните игри, понекогаш и за работните задачи на момчиња и девојчиња чиишто имиња почнуваат со иста буква.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13532

3. „Игра со именки“ и „Игра со глаголи“ од Оливија Георгиевска

Сликовниците што се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, преку разиграните стихови на Георгиевска и шарените илустрации на Јовановска го откриваат игривиот свет на именките и на глаголите. Овие книги се наменети за децата, но и за нивните родители и за наставниците. Од нив родителите можат да им читаат на децата пред спиење, а на наставниците ќе им олесни/помогне за време на училишните часови. Овие изданија ќе им помогнат и на нашите деца во дијаспората, да го одржат контактот со македонскиот јазик и граматиката. Во „Игра со именки“ авторката вели: „Именка е сè околу нас, сè што има име, секој предмет, од молив до ракета, сите нешта во нашите соби, сите растенија, овошјето и животните, храната – солена и слатка, сите играчки, па дури и самите ние сме направени од безброј именки – нашето тело е именка цело“. Во освртот кон „Игра со глаголи“ се вели: „Глаголот се однесува на секој збор што покажува нешто што се движи и брза, многу често и оној збор што е како мало дете кое не умее да мирува. Така, на пример – ако пишуваш, значи ја движиш раката, па зборот ПИШУВА ќе биде глагол. Но, исто така, и да седиш и да мислиш, па и да лежиш и да сонуваш – значи дека ти правиш нешто. Е, токму тоа правење нешто е самиот глагол“.

Книгите се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/ListBooksByAuthor.aspx?aut=8699

4. „Матеј и Луна поаѓаат на училиште“ од Билјана С. Црвенковска

Денеска е први септември, првиот училиштен ден! Првачињата Матеј и Луна, полни со возбуда, ги дочекува учителката Маја, а тука се и новите другарчиња. Децата ги чекаат многу згоди и незгоди, учење, цртање, броење, читање и пишување, но и многу забава и дружење. Прочитај ја приказната и решавај многу загатки во оваа сликовница со активности: цртање, боење, пишување, броење, сметање и уште многу забава!

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13255

5. „За секоја буква приказна“ од Владо Димовски

Приказнарот напишал 31 приказна – за секоја буква од македонската азбука по една. Во секоја приказна има многууу зборови што почнуваат на буквата за која ни раскажува приказнарот. Читајќи за авантурите на едно чудо необични јунаци, ние всушност учиме да ги препознаваме буквите и да ги изговараме правилно. Оваа сликовница може да се користи како дополнување (еден вид вежбанка) на книгата „Изградување на изговорот, говорот и јазикот кај децата и возрасните“ од Јордан Јорданоски и Владо Димовски, но и независно во фазата на описменување на децата.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14359

6. Психолошки книги за деца од Христина Стефановска

„Кога Мешко се лути“, „Кога Ушко се плаши“, „Кога Сончка е среќна“ и „Кога Летко е тажен“ се четири психолошки прирачници за деца од авторката и психолог Христина Стефановска. Низ лесни, едукативни и интерактивни приказни и активности, Стефановска ги насочува децата да се посветат на своите емоции и да работат на нивното прифаќање и трансформирање во нешто позитивно и корисно. Преку однесувањето и манифестирањето на емоциите на четирите лика – лутото еже Мешко, плашливото зајаче Ушко, тажното славејче Летко и среќната срничка Сончка, и преку придружните активности по секоја приказна, децата ќе научат да ги препознаваат и да ги разликуваат емоциите кај себе и кај другите луѓе, ќе стекнат увид во причинителите на емоциите, ќе откријат конструктивни начини за справување со емоциите и ќе создадат навика за корисно структурирање на слободното време.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/ListBooksByAuthor.aspx?aut=9009

7. „Девојче и мече“ од Ване Костуранов

Едно девојче и едно мече ни ги отвораат вратите од нивниот свет, кој е исто толку обичен, колку што е необичен. Поминувајќи го сето време заедно, тие откриваа многу нови работи. Открија дека колку побрзо го возат велосипедот, толку посилно ветрот им ја дува косата. Се искачуваа на највисоките ридови, обидувајќи се да ги допрат сончевите зраци. Уживаа во есента, играјќи си криенка со сонцето. Сѐ правеа заедно, додека еден ден девојчето не тргне во училиште… „Девојче и мече“ е една од најнаградуваните книги. Таа е првата книга од Македонија што се нашла на престижната книжевна листа „Вајт рејвенс“ (The White Ravens). За време на Саемот на книгата во Скопје во 2019 година, на доделувањето на годинашните награди од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), сликовницата ја освои првата награда за најдобро ликовно-графички уредено издание. Покрај македонското издание книгата доби и српско, корејско, турско, и наскоро објава на германски јазик.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13485

8. „Тито и Дино“ од Јана Мишо

Илустрираната книга за деца „Тито и Дино“ е првата македонска сликовница целосно изработена со специјален фонт за дислексија. Во делото од авторката Јана Мишо, што е збогатено со илустрации на Оливер Коларевски, е користен кирилскиот фонт DyslexicFZF, кој е специјално изработен од Здружението за дислексија „Ајнштајн“ и Филозофскиот факултет во Скопје со цел да им се олесни читањето на лицата со дислексија. Станува збор за приказна за едно необичното пријателство помеѓу диносаурусот Тито и детето Дино, кои делат заедничка пасија – љубовта кон програмирањето. Сликовницата отвора и повеќе актуелни прашања, како соочување со врсничкото насилство во училиштата, прифаќање на различните деца и вклопување на децата кои другите не ги разбираат. Еден ден, се случи нешто што Тито не можеше ни да го замисли. Додека одеше кон училиштето, пред него нешто заблеска, многу чудно и многу силно. Личеше на гром, но беше толку блиску до него! Постепено, светлината доби две тркала, шипка и волан. Тито зачудено гледаше како се создаваат дланки на воланот, па раце, па рамена, па глава, па тело, па нозе и, на крајот, пред него стоеше – дете на тротинет!

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14517

9. „Облачињата кои не сакаа да плачат“ од Билјана С. Црвенковска

Книгата за деца „Облачињата кои не сакаа да плачат“ од авторката Билјана С. Црвенковска и илустрации од Марта Поп Антоска раскажува поучна приказна за веселите облачиња. Тие биле толку среќни и разиграни, што немале причина да заплачат. Кога ги прекорил директорот на училиштето за облачиња, тие не можеле да разберат зошто треба да плачат? Нивното неплачење им донело тага на другите. Солзите на облачињата се всушност дождовните капки, што им се потребни на растенијата, животните и луѓето. Дознајте што ќе се случи откако облачињата ќе видат дека сите се тажни.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13441

10. „Тука сме“ од Оливер Џеферс

Исклучително слатка, со нежен хумор и остроумност, „Тука сме“ претставува сликовница-упатство за живеење на планетата Земја. Авторот Оливер Џеферс ја создаде специјално за неговиот син, но со универзален тон што им се обраќа и ги опфаќа сите деца на светот и нивните родители. Независно од тоа дали станува збор за сложен приказ на земјиштето на нашата планета (нерамно, шпицесто, влажно) или за длабок поглед кон нашето место во вселената (која е огромна) или за водич за целото човештво (не залажувајте се, сите сме луѓе), мудроста и духовитоста на Оливер Џеферс, во комбинација со вредносниот систем на добрината и толеранцијата, ја прават оваа книга задолжително четиво за сите родители и деца.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14124

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.