Кои изданија за деца беа најбарани во „Литература.мк“ во јули?

Летниот распуст е исполнет со безгрижна игра, уживање во слободното време и одлични книги. Некои деца преферираат забавни изданија со активности, други се посветени на задолжителните лектири, а трети читаат книги по свој избор. Што читавте вие во јули? Какви книги избравте за на одмор? Доколку сѐ уште не сте одлучиле што ќе читате во последните недели од летото, ви претставуваме инспиративна листата со топ 10 книги за деца од „Литература.мк“. Во јули најмногу се бараа интерактивни книги за предучилишна возраст, серијалот „Исидора Мун“, наслови од едицијата „Лесно читливи лектири“, како и интерактивните прирачници за справување со емоции кај најмладите. Книгите во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се достапни во сите книжарници „Литература.мк“, како и онлајн на www.literatura.mk.

1. „Животните од Африка“ и „Животните од Австралија“

Најбараните изданија за деца во „Литература.мк“ за јули беа „Животните од Австралија“ и „Животните од Африка“. Станува збор за нова едиција со интерактивни пиши-бриши вежбанки со маркер. Овие едноставни и забавни активности, подредени по тежина, ќе им помогнат на децата од предучилишна возраст да ја вежбаат раката, да се навикнат на приборот за пишување и да стекнат самодоверба во првите чекори во цртањето и пишувањето, преку: почетно пишување на разни видови линии; слободно пишување линии; развивање на фините моторички вештини на мускулите на рацете и прстите; можност вежбата да се повтори повеќепати и детето да се коригира самостојно. Оваа вежбанка е реупотреблива. На нејзините страници може да се пишува со маркер за бела табла (пиши-бриши), а се брише со марамче, обична ткаенина или сунѓер. На тој начин децата можат да се навраќаат на активностите повторно и повторно, што им овозможува градење на самодовербата, но и долготрајна забава.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://bit.ly/3wZeHH4

2. „Мирко Немирко“ од Ване Костуранов и Ана Ѓокиќ

Ова ново возбудливо издание за деца од авторката Ана Ѓокиќ и илустраторот Ване Костуранов е приказна за едно мало, палаво дете-облак. Мирко, како и сите деца, постојано сака да си игра. Патува по небото во потрага по забава. Сакајќи да се шегува со луѓето, наидува на нивното негодување што го збунува. Со дождовните капки со кои се обидува да ги развесели и да ги насмее луѓето, всушност, ги брка од себе и ги затвора во домовите. Се обидува еднаш, уште еднаш… а потоа, тажен, исчезнува. Зад себе остава еден збор што продолжува да патува низ светот, без престан. Тоа е зборот Немирко, симпатичниот прекар на палавото облаче Мирко.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14612

3. „Исидора Мун оди на одмор“ и „Исидора Мун настапува на шоу“

Мајка ѝ е самовила, татко ѝ е вампир, а Исидора е по малку од двете. Нејзино најверно другарче е Розовото зајаче, кое оживеало со помош на магија. Исидора живее во свет помеѓу магијата и реалноста. Оди во „обично“ училиште и се дружи со деца без магични моќи. Секојдневно учи нови нешта и заминува во многу авантури, придружувана од Розовото зајаче. Во книгата „Исидора Мун оди на одмор“ Исидора освојува неверојатен одмор за целото семејство, подготвена е за сонце, море и песок! Но, ќе треба да се фати за работа кога таа и нејзината другарка, сирената Марина, ќе најдат желче во неволја. Дали Исидора може да му помогне на желчето да се врати дома? Во „Исидора Мун настапува на шоу“ се наближува вампирскиот бал и Исидора со нетрпение го чека! Има само еден проблем: треба да се натпреварува на шоу на таленти со другите вампирски деца. Талентите на Исидора не се многу вампирски, што ако публиката ѝ се смее? Шоуто мора да продолжи, но дали Исидора ќе биде доволно храбра за да настапи? „Исидора Мун“ од Хариет Мункастер е еден од најчитаните и најпопуларни серијали за деца, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Досега на македонски јазик се објавени 11 книги.

Книгите за Исидора Мун се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://bit.ly/3snaVa0

4. Психолошки прирачници за деца од Христина Стефановска

Четирите психолошки прирачници од Христина Стефановска: „Кога Мешко се лути“, „Кога Ушко се плаши“, „Кога Сончка е среќна“ и „Кога Летко е тажен“, се меѓу најбараните изданија за деца. Низ лесни, едукативни и интерактивни приказни и активности, Стефановска ги насочува децата да се посветат на своите емоции и да работат на нивното прифаќање и трансформирање во нешто позитивно и корисно. Преку однесувањето и манифестирањето на емоциите на четирите лика – лутото еже Мешко, плашливото зајаче Ушко, тажното славејче Летко и среќната срничка Сончка, и преку придружните активности по секоја приказна, децата ќе научат да ги препознаваат и да ги разликуваат емоциите кај себе и кај другите луѓе, ќе стекнат увид во причинителите на емоциите, ќе откријат конструктивни начини за справување со емоциите и ќе создадат навика за корисно структурирање на слободното време.

Книгите се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/ListBooksByAuthor.aspx?aut=9009

5. „Басни“ од Езоп

Басната е еден вид кратка поучна приказна во која главните ликови најчесто се животните или природните појави. Преку нив се прикажуваат разни меѓучовечки односи, различни судбини на луѓето, се исмеваат нивните слабости или се возвишуваат нивните добрини. Се смета дека првите басни ги создал Езоп пред многу векови. Оваа книга претставува избор од неговите најпопуларни басни. Станува збор за лектирно издание, дел од едицијата „Лесно читливи лектири“, во која се употребени фонтови за дислексија.

Книгата, која е дел од едицијата „Лесно читливи лектири“, е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13569

6. „Петар Пан“ од Џејмс Метју Бари

Петар Пан е палаво момче кое одбива да порасне. Барајќи ја својата сенка, тој слетува во домот на Дарлингови. Се спријателува со Венди, Џон и Мајкл и ги учи да летаат (со помош на самовилска прашина). Тој и Ѕвончица ги носат децата во земјата Недојдија, каде што среќаваат Индијанци, изгубени момчиња, пирати и лошиот капетан Кука…

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13540

7. „Пајажината на Шарлот“ од Елвин Брукс Вајт

Чудесно прасе. Скромно. Блескаво. Ова се зборовите во пајажината на Шарлот, високо во аголот на шталата на Цукерман. Пајажината на Шарлот зборува за нејзините чувства кон прасенцето Вилбур, кое најмногу од сè сака да има пријател. „Пајажината на Шарлот“ зборува и за љубовта кон Вилбур на девојчето Ферн, која му го спасува животот кога се раѓа како кржле во леглото прасиња. Овој роман е нежна приказна за пријателството, љубовта, животот и смртта, кој ќе продолжи да ги освојува срцата на идните генерации деца.

Книгата, која е дел од едицијата „Лесно читливи лектири“, е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13632

8. „Робинсон Крусо“ од Даниел Дефо

Морнарот Робинсон Крусо завршува на пуст остров како единствен преживеан по катастрофалниот бродолом. Оставен на милост и немилост на суровата природа и на самотијата, тој го пронаоѓа патот до културата и цивилизацијата. Учи занаети, гради куќа, обработува земјиште и припитомува животни, но сè уште е сам. Сето тоа се менува кога ќе го спаси Петко од човекојадците и заедно ќе го планираат враќањето дома…

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13620

9. „Дневникот на Ана Франк“

„Дневникот на Ана Франк“ е исповед на едно еврејско девојче за време на Втората светска војна. За својот тринаесетти роденден Ана добива дневник, во кој на 14.06.1942 година ги запишува првите реченици. Но, набрзо семејството мора да избега и да се скрие во тајното засолниште во Амстердам, во кое ќе помине повеќе од две години криејќи се од нацистите. Во засолништето им се придружува и семејството Ван Дан, а подоцна и забарот Дусел. Таа во дневникот ги забележува животот, настаните и проблемите во засолништето, прикажувајќи ги и особините на неговите станари, што доаѓаат до израз при живеење во таквите околности. Ова е потресна приказна за трагично завршеното детство, приказна што низ призмата на невиното еврејско девојче ги отсликува ужасите на нацистичкиот режим за време на Втората светска војна.

Книгата, која е дел од едицијата „Лесно читливи лектири“, е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13497

10. „Збунети години“ од Велко Неделковски, илустрации на Здравко Гиров

Борче е осмоодделенец кој постојано ги задева и ги засмева девојчињата во училиштето. Симпатија му е Виолетка и преку Димитар, скромен седмоодделенец и нејзин соученик, ѝ праќа љубовни писма. Во неа е вљубен и Димитар, кој всушност ги пишува писмата во име на Борче. Различни во поглед на социјалниот статус, но и во однос на карактерот, сензибилитетот и физичкиот изглед, овие две момчиња ќе се обидат да го освојат девојчето со плетенки, црвени образи и со симпатична насмевка.

Книгата, која е дел од едицијата „Лесно читливи лектири“, е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13498

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.