Топ 10 најчитани книги од „Литература.мк“ во јули

Нови интернационални бестселери, романи по коишто се снимени серии, крими-класиците од Агата Кристи, култните дела на Милан Кундера и наслови од домашни автори се на листата со најчитани книги во јули 2021 година. Ова лето љубителите на книжевната белетристика се одлучија за романси, трилери, драми, детективски приказни и друго. Ви ја претставуваме топ 10 листата со најбараните книги од областа на фикцијата за возрасни, што се достапни во книжарниците на „Литература.мк“, како и онлајн на www.literatura.mk.

Што читате вие ова лето? Дали преферирате изданија во повеќе продолженија, романи што се читаат во еден здив или можеби најкратките раскази во светот?

1. „Париската библиотека“ од Џенет Скеслин Чарлс

Годината е 1939-та, а местото е Париз. На младата, убава и амбициозна парижанка Одил Суше сè ѝ оди од рака: ја добива својата работа од соништата во Американската библиотека во Париз и почнува љубовна врска со згодниот и либерален полицаец Пол, кој ја сака и ги поддржува нејзините соништа и амбиции. Но, Германија секавично напредува во војната, а Париз е под опсада и преполн со нацистички војници. Сè што на Одил ѝ е мило, вклучувајќи ја и Американската библиотека, може да исчезне секој момент. Годината е 1983-та, а местото е малото гратче Фројд во Монтана. На тинејџерката Лили ништо не ѝ оди од рака. Непопуларна е на училиште, не може да го освои момчето кое го посакува, а мајка ѝ одеднаш тешко се разболува. Но, тука е нејзината софистицирана и образована сосетка со странско потекло со која полека се зближува. Таа со нејзиниот ум и со нејзиното однесување отскокнува од здодевното секојдневие на малиот град, а нејзиниот живот и минатото се обвиткани со мистерија и тајни. Лили не знае колку тие тајни засекогаш ќе ѝ го сменат животот.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14544

2. „Дамски гамбит“ од Волтер Тевис

Осумгодишното сираче Бет Хармон е тивко и повлечено девојче со невпечатлива појава. Така е сè додека не ја изигра првата партија шах. Нејзините сетила се изоструваат, размислува појасно и првпат во животот чувствува дека има контрола. На 16-годишна возраст, таа веќе се натпреварува на Отвореното првенство на САД. Но, како што ги усовршува вештините на шахот и зачекорува на патот на успехот, нејзината изолација станува сè позастрашувачка, а помислата за бегство сè попримамлива. По овој роман е базирана истоимената мегапопуларна ТВ-серија на „Нетфликс“.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14527

3. „Рандеву“ од Луиз Џенсен

Нешто лошо ѝ се случи на Алисон Тејлор. Нејзината саботна вечер почна нормално. Поради разделбата со сопругот, пријателите ја убедуваат да излезе на рандеву со друг човек. Таа е подготвена, нервозна и возбудена. Спремна е да направи чекор кон нејзината нова иднина. До недела наутро, животот на Али е непрепознатлив. Се буди знаејќи дека нешто не е во ред. Дома е, сама, повредена и не се сеќава што ѝ се случило. Уште полошо, кога ќе се погледне во огледалото, таа не го препознава ликот кој гледа во неа. Не може да ги препознае ниту роднините ниту пријателите. И не може да ја препознае личноста која се обидува да ја уништи…

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14623

4. „Слана/Јазол“ од Душко Трифуновски

Во оваа книга по првпат на едно место можете да ги пронајдете двете драми на Душко Трифуновски – „Слана“ и „Јазол“ – инаку веќе автор на романот „За два дена рече ’Да‘“. Станува збор за две драми што творат совршена целина и треба да се читаат како два дела на една иста приказна. Во „Слана“ (веќе еднаш објавена во 2015 година) се запознаваме со брачните партнери Злате и Стојна и нивните деца, Виктор, Маја, Кристина и Марија. На речиси натуралистички начин, Трифуновски ни го покажува нивното тешко и траорно постоење, во економска и општествена стварноста на (никогаш споменатата, но очигледно присутната) современа Македонија. Како што ги снемува парите, така со нив исчезнуваат и вредностите на стариот систем во кој владее зборот на таткото, а младите се желни за своето место под сонцето. Во „Јазол“, пак, натуралистичкото перо на Трифуновски е надополнето со елементи на фантастика и примеси на надреалното. По тешките случувања во „Слана“, духовите на мртвите доаѓаат да ги мачат и да ги опседнуваат живите, кои сè уште се борат за егзистенција во тешкиот и суров современ свет. Покрај развојот (или падот) на семејството на Злате, во овие две драми можеме да го видиме и развојот во стилот на младиот автор, кој бестрашно се впушта во нови писателски искушенија.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14494

5. „Мистериозниот случај во Стајлс“ од Агата Кристи

Дејството на овој роман се одвива во Англија за време на Првата светска војна на имотот Стајлс Корт, каде што живеат повеќе членови од семејството на Емили Инглторп. Таа го има наследено имотот од нејзиниот прв сопруг, покојниот господин Кавендиш. Едно утро Емили ја наоѓаат мртва, со голема веројатност дека била отруена, што само по себе веднаш станува мистерија. Се работи за очигледно убиство, но со оглед на тоа што нејзината соба е заклучена однатре, не се знае кој успеал да го стори злосторството. За Херкул Поаро мотивот за убиството на Емили Инглторп е нејзиното богатство, а осомничени се речиси сите од домаќинството: нејзиниот млад сопруг Алфред Инглторп, посиноците Џон и Лоренс Кавендиш, како и Мери, сопругата на Џон, Синтија, штитеничката на Емили, и Евелин, нејзината верна придружничка. Романот „Мистериозниот случај во Стајлс“, објавен во 1920 година, е првиот роман на Агата Кристи во кој се среќава ликот на Херкул Поаро, каде што тој на брилијантен начин ќе успее да поведе истрага и да го реши ова убиство.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14481

6. „Тој почна сè“ од Саманта Даунинг

Бет, Порша и Еди Морган не биле заедно со години. И тоа поради многу добри причини – ќе дојдеме до нив подоцна. Но, кога нивниот богат дедо ќе почине и ќе остави порака непосредно пред тоа, сестрите, братот и нивните партнери мораат да одат на заедничко патување низ целата држава за да ја исполнат неговата последна желба – и уште поважно – да си го обезбедат својот дел од наследството. Но, времето поминато со фамилијата може да биде тешко. Тоа важи за сите. Уште е потешко кога сите чуваат тајни и се обидуваат да заборават едно сеќавање – исчезната личност, чин на одмазда, човек со црн камионет кој не престанува да го следи вашиот автомобил – особено кога најмалку еден од вас е убиец и има тело во багажникот. Само да споменеме неколку причини. Но, парите се силен мотив. Тоа важи за сите.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14624

7. „Реквием за американскиот сон“ од Ноам Чомски

Во оваа книга, Чомски зборува за неолиберализмот, анализирајќи ја концентрацијата на богатство и моќ во САД во последните 40 години. Авторот храбро пишува за промените во односите на општествените сили и како тие примени доведуваат до пропаѓање на таканаречената „средна класа“, изразено со зголемувањето на разликата меѓу богатите и сиромашните. Во тој процес, Чомски препознава „десет принципи“ според кои се раководат моќниците и благодарение на коишто приграбуваат досега невиден степен на општествена контрола, што неминовно доведува до поткопување на темелите на демократијата. Ноам Чомски е познат американски лингвист, филозоф, историчар и политички активист. Во академските кругови е познат како „таткото на современата лингвистика“, но на пошироката публика ѝ е познат како остар критичар на современото американско општество и светот воопшто. Автор е на повеќе од 150 книги, меѓу кои и бестселерот „Кој владее со светот?“

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14625

8. „Неподносливата леснотија на постоењето“ од Милан Кундера

Во „Неподносливата леснотија на постоењето“, Милан Кундера ја раскажува приказната за една млада жена вљубена во маж, кој е растргнат помеѓу неговата љубов кон неа и неговата невоздржлива желба и по други жени, преплетена со приказната за една од неговите љубовници и нејзиниот понизно верен љубовник. Овој извонреден роман меѓусебно сопоставува географски оддалечени места, понудува брилијантни и неверојатно интересни огледи и увиди и се карактеризира со вистинско богатство и оригиналност во поглед на стилот на пишувањето, со што за многумина го заслужува и пиететот најдобро и најпретставително дело на Кундера како романописец.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14522

9. „Arsène Lupin versus Herlok Sholmes“ од Морис Леблан

Креацијата на Леблан, крадецот и џентлмен Арсен Лупен, е сè што би очекувале од француски аристократ – духовит, шармантен, брилијантен, итар… а можеби и најголемиот крадец на светот. Во оваа класична приказна, Лупен се соочува со единствениот човек кој може да го спречи… не помалку од големиот британски џентлмен-детектив Херлок Шолмс! Кој ќе излезе како победник?

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14562

10. „Најкратките раскази на светот“ – Бранка Бугариска

Вилијам Фокнер рекол дека романсиерот е неуспешен автор на кратки раскази, а дека авторот на кратки раскази е неуспешен поет. Ернест Хемингвеј, создавајќи ја својата позната приказна од шест збора, „На продажба. Бебешки чевличиња. Никогаш носени.“, ја комбинира поезијата и драмата во една кратка форма, чијашто популарност расте, иако сè уште останува тешка за достигнување. Оваа приказна на Хемингвеј со децении служеше како поттик, ставајќи ја на тест способноста на писателите да создаваат свои кратки ремек-дела со секакви видови на инспиративни и духовити резултати, произведувајќи вистински мали драми што се голтаат во еден здив. Сега, оваа веќе добро позната идеја добива нов живот и на социјалните мрежи, каде што корисниците објавуваат сопствени кратки дела онлајн за да ја покажат својата креативност и концизност. Овие кратки приказни составени од само неколку (најчесто токму шест) збора не можат да се сместат во еден жанр, па дури ни во еден стил, а нивните единствени сличности се во тоа што строго се придржуваат на задолжителното ограничување на зборовите. Некои анегдоти се смешни, други се интроспективни, а трети се навистина трогателни.

Во ова мало издание ви пренесуваме дел од најоригиналните најкратки раскази на светот.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13278

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.